Па јас една на минување видов, имаат акции сега, намаленија. Види на фб на нивниот профил или на страната на нет.
@Someonespecial ја кити елката и ги едуцира луѓето за тоа колку е битно да има еднаквост во светот. @John Snow бара лампиони што личат на цицки. @Doozy кити елка и се прашува како и се случуваат на неа некои коинциденции, воедно се надева дека ќе ја накити без Марфи да и се вмеша и да и се заебе нешто @Mishela кити елка, работи од дома и си купува работи, ги става во кутија под истата и си се теши дека иако е дома, барем добар skin care да има @Celltica уште бара лампион што личи на женски полов орган за да го стави на банер на фемина @Nausicaa кити елка, лап топчето тука во близина и ем прати серија, ем кити елка, ем оправа неписмени на фемина. Жена мултипрактик.
@Bubce38 за инает на колешкиве на љубовчево оваа година купивме елка до таван висока и од што сум пресреќна љубовчево ми купува по едно пакетче .Затоа што е умен ќе му здробам една салатка и ќе му бапнам едно узо сака он,а ќе заборавев и тате ќе ми дадел пари за пакетче....но да беше жива мајче од неа една зелена ќе окркав @JuLleE исчистив,накитив елката ги дезинфицирав лампионите кучево ги лиже да не фати корона уште таа ми фали ,пак да ја прележувам , а феќе страм ми е да се тестирам на мене еден тон тестови потрошија @referentka конечно решивме со Рефо и Рефче да одиме во нашата друга дома и што да ви кажам мајка љубоморна она дома ќе седи Рефка ќе шета...ми се може ,а и нешто ситно ќе подзготвам гладни да не седиме @CameliaMiller како би го одлежала денов под кебенце со кафенце и мажево ,но решив ќе месам ...абе само да се позапнам и има да се изучам за сите пари,а ноктиве ...упс имам миксер за тесто заборавив @flower30 зготвив,исчистив,месев ,и сега седнувам абе не сум нормална знам...но немам учител да ме учи сите по нула да ги множам што ме нервираат ќе најдам време треба @Alishan30 значи бебево ме полуди само мене ли не ми спие ,а госпоѓицата со таткое ко бајче ...ужива да ме нервираа,а баш сакав да одморам свекрвица ќе идеше да украсува сакав свежа да бидам @LadyC значи жени со тројца мажи не се излегува на крај неможам да ги до нахранам ...што апетит ќе имаа,а не му давам ништо за апетит што отвара @LejlaD ја средив куќава усвари зградава сета во црвено ја накитив ,маж напреку ме погледа ,но ми е гајле палам патиките и одам да му испазарам на стариве се надевам ќе му погодам ,ако не рикверц и назад @Peco само уште да најдам една Баба Мразица и онака се надевам да го фатам последниот воз за картичкава за туризам Продолжува
@Ahoy се мисли дали секоја сезона ќе се става лампионот или само оваа година @DAngel од поштовање спрема симболиката на лампионот, за догодина планира цела елка така да е накитена @Biljarkata проверува како настанала традицијата за китење елки и споделува во темава со референца Заклучува дека само треба трагата на парите да се следи и сфаќа дека китењето елка е уствари комерцијален момент
@theowndemon кити елка а во меѓувреме праќа честитки, во рерна става тортиљи да се потпечат и се расправа со Пес. @pdb123 кити елка и дава препораки за skincare. А на врвот на елката и стои логото од Paula's Choice. @Amellie13 кити елка исклучително само со ѕвезди и месечина. @Anabelle.Amorette кити елка со новите налакирани нокти и чаша розе вино до неа. @sweet-cherry има елка од книги и планира искачање во парк за да направи слики. @Ketchup помага во китење на елка така што набљудува и го пие целиот алкохол. @Ugly Duckling кити елка, постира слики во модни критики и си наоѓа замерка за секоја комбинација. @f.girl кити елка...веќе по втор пат, а можеби ќе има и трет пат не се знае. @Ambitious кити елка ама веќе во глава си има испланирано обврски за следните месец дена.
*да не ми се карате дека се од +/-40 пишувам, ете ќе пишам и за членови од другите теми, ама нив не ги знам доволно па ако ми се лутат вие сте криви @Ahoy јас елката ја накитив во духот на традицијата на родениот град - лампионите се во форма на јаболкиА на врвот ставив свежа јаболка и сијалички и кога уклучив ко елката во градот беше. Не знам зошто овие Каме и Лилибоз не зафркаваат за украсувањето, на срамотни работи им личелоАма ако нека не зафркаваат, ќе барат летово да дојдат на плажа кај нас, Грчиштава не ги пуштат, ама не пуштаме ни ние веќе Скопјанишча Ај само ЗДРАВЈЕ, до летото има уште време.. @theowndemon елката ми е накитена уште пред 1 недела. И нормално под елката новогодишни пакетчиња, се разбира дека се од Битолска млекара, ами како. Ќе правам и колачиња во форма на чоколадно млеко и кравчиња, ќе ги цртам со ројал ајсинг и најубава ќе ми биди. И ќе ме стават за реклама за Битолска млекара и ќе дознаат сите за Битола и нејзините производи и битолските чупиња. БИТОЛА РУЛЗ @Dream-Girl јас немам време да китам елка. Анатомија учам, еден куп маркери имам. И многу бе станав осетлива периодов. Ама си најдов другарки, колешки и зборевме дека ќе китат они елка, па ај може и јас на 30ти ќе накитам. Порано нема шанси. Ќе ја накитам со делови од костурот, таман додека читам и ќе учам. Јес, абе како ми текна. А си купив и нова палета, па таман и нашминкана ќе китам @prominent јас обавезно китам елка, уште пред Св. Никола. Значи тоа ми е најромантично нешто. Заљубена сум си и со љубовта оваа година ќе китиме заедно.. Си купив лампиони во форма на срце, ќе направам какао и колачи(во форма на срце, нормално ) и ќе накитиме и после ќе направам романтична атмосфера со сијалички, какао и ќе се гушкаме и ќе гледаме Christmas movie И еден специјален поздрав до @poenta нека ти почне годинава најубаво. Те поздравувам со едно топло чоколадо
Еднооо големо БЛАГОДАРАМ за @flower30 што ме означила на темава... не знаев дека постои Исчитав се и сега не можам устата да си ја соберам од смеење Хммм... ке дојдам и јас деновиве со моите гледишта
Смеам уште @bittersweet ола лејдис енд џентлмен. Пред гаража со кафе, цигара и фемина. Мм е со децИте, најдобар ми е, ја не ве сфаќам како молчите кога не работат низ дома вашите мажиЕлка купувме најголема, дека многу деца за сите по два реда. И ставив на врв на елката наместо ѕвезда, лампион во форма на македонско знаме. И онаа комшиката, грќинката видела преку прозор и ми ѕвони, не сум смеела така. И објаснив убаво, не бе она објаснува не може така, Македонија е грчка. И и викнав полиција, дојдоа и пишаа казна дека не е прв пат и сега дреме до прозор. Па да не бидам лоша комшика и однесов една тегла ајварМакедонски, нормално @LunaGrey јас си купив пренајубава елка со прекрасни лампиони. Ја накитивме, изнаставав слики на Инстаграм. И ми се јавуваат вработениве мои од фирма, како да ја наместеле елката во канцеларија, како требало да се редат лампионите. Леле, ќе ме умрат. Па праќаат на вибер слики, дали црвен па златен лампион или обратно. Аууу за никаде се. Ај да се спремам и да одам да им ср'жам малку, да научат малку да работат повеќе и без да ми ѕвонат на секој саат @mareane и ние накитивме елка. Овие тинејџеркиве мои се нешто се бунат. Едната сакала елката да е до прозор, другата кај нив во соба. И се објаснувам јас со нив,глава ме заболе, а мм не беше дома. И ете ти го иди и ми носи некоја елка што свети целаУште тоа ми требаше, и за неа струја да плаќам. Ај да одам да си ставам една чаша винце, да се опуштам малку додека ве читам. И не се губете вие старите членки, дајте слики од елките, да не ве бараме со Лејди и Малечка. @emiliana завршив со работа па со ќерче китевме елка. Колку се радува на елката. Ја чекам да заспие па да и ставам подарок под елката. Уствари што ќе чекам кога спие со нас, одма ќе ме осетиАј да одам да уклучам сијаличките и со чајко да уживам пред елката. Не ме мислете, капучино пиев на работа. Ајде одам @Cosmi ехе накитивме ние елка со децата за Св. Никола. Е тоа си е наша традиција, китење елка и секоја година тогаш китиме заедно. Кукис мукис не правам , јас ќе си направам ванилици и ќе си ги сликам под елката, не ко овие младиве само новитети ни внесуваат. @Mantub ама Косми кој ти брани, кити си ти, ние не ти викаме ништо. Јас кукис ќе правам и стојам на моето. А да, ви кажав де, накитив елка и јас ехее уште од кога. Ама морав да ја дислоцирам горе на плакар, дека многу убава ми е и мачорот ми ги буткаше лампионите. Или ќерка ми?! Не ви кажувам