@Dust боже каква нова година какви бакрачи. Тука ладно, мраз, пандемија. Немам намера ни да спремам ни да одам. Овој мојов се договорил со "мама", да идеме кај неа, она се најубаво спремала. Ама ќе видам, ако ме изнервира нека оди сам. Ќе има повеќе киндер јајца за мене Елка лани купив, огромна, па со бројки па со лампиони. Сега ваљда ќе ја накитам. Можам де. Кога можам 600 тегли да прередам и 5 канти сирење да качам на спрат, па зар за една елка е проблем. Имам и други обврски, така да ќе почека новата година. Ама може ќе ме има по телевизии - Скопјанка го развива бизнисот, стопанството во Берово Значи сите ме знаат овде бе, на тв, на радио, на фб. Само овој мојов вика е де и он работел па не се фалел Добро, ако седењето пред компјутер е за фалење ок. Морав така да му кажам, инаку си работи он @Kate Rina 93 си сакам нова година јас. Мм купил голема елка, иде од работа среќен и вика евњ кити. Ааа мало морген, тоа ти, ја не можам. И еве го уште реди лампиони и мрчиА малава му растура, па се вртат во круг Не одиме ни ние никаде, ама некоја вечера ќе направам, може ако заспие малава порано, да се видиме со ммАко не ме зафркне и отиде 3та на работа
Ааа срам да ти е Чекај да ми текне за кој да пишам. И моите ги зема баба сега, демек да чистамЌе ме тепаат со правосмукалката по глава
@Cosmi значи луѓе, џабе ви е вакцината пак ќе се заразите во кафана за нова година. Значи еве хрватски научници се пишуваат, читајте. И Бриџит, не се контрам, еве ти научни трудови. Што повеќе, значи. Ние дома ќе бидеме. Ви кажав и лани, елка нејќам да китам. Ама еве децава сакаат, па нека си китат во соба. Јас со свекрва се договорив, ќе спремаме заедно мезе, ние сме си многу фини една со друга. Освен ако не ми кажува што да правам, тогаш и викам ај глеј си работа @NarCis@ знали ме пукна глава. Денес на час наместо нешто таму да им објаснам ја им викам Косинус е законМе гледаат, мислат математика предавам по грешка, а ја за спрејот за нос зборам. За нова година, прво бев сега во ДМ, изнакупив секакви средства на Фрош (ви ги фалев тука, памтите нели). И ми се јавија од ДМ и ми викаат имаш ваучер од 500 денари од нас заради добра реклама. И прво ќе си исчистам, па ќе се спремам. Нешто руска, мевце, кифли. Ја пак на диета, ама никој нема да знае за еден ден Украсив елка, децава земаа да ја прередуваат, до нова година може 2 елки ќе направат
@Bridget леле божем само во Македонија да е Нова година. Се спремаат они за во кафана, а пандемијата уште трае. Ама битно мора во кафана, со "Жена од султана" да се прослави. Абе ај Па и тоа спремање софри, леле. И шо после, вечерта наместо да е дотерана, домаќинката смрди на сарми и грав. Па кружи околу гостите цело време. Не бре брате, овде сум госпоѓа. Си нарачувам кетеринг или си правам канапеи (тие се тие малите сендвичи, не знаете вие нема такви у Мкд), некој татар сос, бифтек и тоа. Мезиш како госпоѓа. Елката ми е 2,5 метра. Да, тука големи куќи има, средени и мора такви раскошни елки. Не ко овие на Рефа и Алиса. Па уште си даваат комплименти многу им биле убави елките, пих. И Косми, не ми се расфрлај со линкови. Тоа стари линкови се, а ти знаеме дека си антиваксер. Ај чао @Bubce38 Бриџ, ај па ти сега не се расфрлај многу. Па и ние тука секој втор ден у Боко јадеме па не се правиме важни. Де не биди лоша. @Bridget Бубче де молим те. Ти имаш од тие вреќите ориз и грав што ти ги праќаат, маж ти доктор па можеш. Да те видам инаку дали во Боко ќе јадеш или дома ќе правиш секој ден ориз и риба или како што викаат овие модерниве домаќинки суши и ризото
@flower30 Каква елка од 2 ипол метра, си кажав дека окубана ми е и само од напред украсена Не се слагам со пишаново, не сум сноб, I object !! Инаку, смешно