@emkaemka ја таман викам ќе накитам мала елка дома , а во двор имаме една елка природна голема, па таа да ја лицнамкога свеки земала, исекла тоа гранките, ко џукела ја направилаЛеле се изнервирав. И сега пак ќе мора да одам до Џамбо, па со мали да се убедуваме што да купиме. Он сака од тие пластичните диносауруси за на елка. Ама му викам, не бе мајкин дај да ја направиме по фенси Ама се согласи под услов дома да сме чувале прасенцеУште тоа немаме дома. Ама ако де, ќе си го шетам на сабајле со куцики. Туку не знам што мезенце да направам. Не можам да влезам во кујна. Мм поправа нешто таму демек и земал чешмата ја ставил наопаку И сега имаме фонтана во кујнаСега кој ќе го чека да ја премести Да одам да си правам едно кафе и да мислам што за мезе.
Ај јас за @emkaemka - детскава бидна, не ми е по ќеиф ама добро е битно е при крај. Бебе (дечко од 4години иначе) расте и се побрлив е. Шетавме по планини, во природа, собиравме буби, бебе страв нема. Во градинка иде, ама не му е интересно ама иде супер е. Идам да барам поклони за Нова Година. Ова е краток пост од мене, обично долги пишувам.
@Tajnaotrovna овие со цениве ептен забегале. Маскиве ги покачиле, зејтинов па сега и елките и лампионите. Ние со синко ќе ќитиме викендов. Не купувам други лампиони, тоа што имам, тоа е. За тие пари подобро ќе одиме на Велешко, ќе јадеме таму. Ќе стаам бензин за 1000ка, оти си возам ја, секаде си возам. Е на враќање ако ми заврне снег, ќе се враќаме со такси уште на снег не сум возела. Туку, сега со каков мерак ќе спремам за Нова година, во новата кујна. А кога ќе размислам подобро може и да не спремам ништо, да не си ја валкам, ќе си порачам пастрамајлии и некое винце и таман ќе биде. @Annath сите салонки купуваат за новата година, јас патики и тренерки. Ама јас почнав секој викенд да си одам на пивце со мм, па за мене секој викенд испаѓа дека е Нова година. За елка не сум се изјаснила, ама со децава китиме. Додуша повеќе они, јас главен надзор сум. За вечњрта не апремам многу, јаа и на диета сум, ќе јадам едно варено јајце и 3 марули. Ќе повежбам, па ќе мезиме нешто диетално со мм. За ручек утредента свеки ќе направи сарми, мевце печено, јас оние мафините цел форум што ги прави и ќе поминеме и свечен ручек.
@Feminka22 видете дечки, ова тело не е од сега. Значи ја си вежбам редовно. Секој ден тегови, бицепс, трицепс. Еве видете, последната слика од сега е. Е сега дома сите јадат помалку и подебели се, јас не. Ама и ја не јадам без контрола Еве сега за Нова година, нема да трчам пола руска да ја изедам или 5 парчиња месо , туку културно ќе си јадам. И ќе си бидам пак со екстра тело Елка, ќе си ќитам, ама со сестра ми. Гледав и овде слики накитени. Ама не мора да се карате сите, аите си ги бранат своите елки. Мојата кога ќе ја наќитам ќе ставам слика. Кај ќе одам вечерта не знам. Другарка ми ме откачи сега за со дечко, па ќе видам, може и дома со пивце или винце и серии. (извини ако сум утнала скроз, ама нова си ми мене, не знам баш многу за тебе)
Сѐ погоди ( буквално денес ме одјеба другарка за да иде со дечко негде) и да изгледа дома ќе седам Руска не јадам Сестра немам Ама сѐ друго погоди за вежбањето и дека не е од сега оваа авионска писта И јадам малку без контрола некогаш.Ама џанк фуд не месо. Супер сии
@Celltica ја да ви кажам се мислам да и спомнам на @Frosty! да и речеме на Флауер (@flower30) да ни направи некое вечериче и да ни прати по карго. Значи ние две смњ и верни обожаватели. Значи мислам лиги ми течат кога и ги гледам јадењата. А она па си вика си готви со мерак, па поголем мерак од спремање за нова година и некој што сака да си јаде, нема Таман тој дел ќе ми е среден, ја да си се посветам на декорирање дома и да си се средам и јас. Мислам во кафана не ми се оди, ја јес да сум вакцинирана ама кој ќе ги слуша оние "сезнајковци" како ќе умреме од вакцини, како па сме драмеле тука на форумот, а си шетаме по кафани, абе ЛУ ДИ ЛО
@emkaemka Бебе мое ја наките елката.Се е летечо на неа.Буби,муви,оси и различни форми на летечи инсекти. За врв ставил една пластична змија која гордо гледа во таванот. Некако кич ми е ама се за бебе мое,љуби га мајка За нова година ќе си бидеме дома со мм и бебе. Одбрав една лилава нијанса за моите виткани коси па и долна облека во џиш црвена боја со мразици,секси ќе бидам Тоа одкако бебе ќе заспие. За пред тоа меркам еден фустан ќе видам дали ќе успеам да најдам с величина. Месо и компир ќе биде на мени за на брзина,не планирам цел ден да готвам,јер треба со бебе мое по ридови да шетаме да собериме инсекти да има мали со што да се занимава вечерта. Ич не ме бидува ама ете така ми дојде да чкртнам.
Читајќи го постов, сфаќам кај погрешов кај Емка Емке во право беше Ама да знаеш дека те читам и долги и кратки постови. Ваљда дека брзав. Ај да оправам дете, па ќе се вратам со тебе пак