Ама додека почнеш е тешко, после сами ти идат мислитеИ добро си викаш ќе пишам за сите, со надеж да не те натепа некој ако не им се свиѓа пишаното
@buba4e89 леле овде какви елки има, како е накитено, за мерак. Јас си купив елка нова, со дм ќе ќитиме викендов. Си нарачав еден куп лампиони, некои во форма на мачиња. Па што,сакам мачки, а гледам ме номинираат за најмачкарка. Боже Господе и шо им значи тоа?! Ама само да треснат нешто. Ама ај ќе си поќутам сега, идат празници. Инаку должна не им останувам Јас нема да готвам, дм е задолжен за тоа. Да не ми скокнете одма, готвам и ја, ама ете си делиме обврски. Немам ја балкански тип на дечко што чека се од жената, рамноправни сме. Си купив многу убава сукња, ташна и ќе си се дотерам. Ќе славиме овде во еден ресторан, абе ќе биде најубаво. Ќе ставам слики во Модни. Е таму има некои феминки што немаат многу врска од мода, а знаат се да коментираат, демек они најубаво се облакаат. Овде не е иста модата, така да, супер сум. (Бубаче, се надевам не се лутиш
@nextredstyle дечки членката не речњ дека вашите елки се грди, она си кажа дека многу и е убава елката. Читајте малку, не само да пишувате. Ја не ставам слика од мојата елка. Докупив јас некој лампион од пазар, ќе ја досредам и сијалички земав. Си купив 3 чизкејк од Кам, да имам за Нова година. Ги испофалив овде, почнаа да купуваат па си викам дај да си купам резерва, да не ми ги искупат ситеВечера за Новата ќе правам мевце печено, руска салата и може и шопска. И наравно лук on the top Аа блузата ми е земена од Рамстор, имаше некои намаленија, видете дали се уште на попуст. @mal.ecka дечки абе тие мафините со миксер ги матите? А јајцата со вилушка или миксер? Извинете, ама стварно не знам па да не утнам. Флауер, абе цезар салатата како беше? Порачав едми фустани за девојкиве и за мене, да биде во исто за Нова година. Они стигнаа, наместо сатенски они со материјал ко завеса. Ама ако, на невидено не се купува Ај ќе идеме, ќе се сликаме таму со моите и ќе ги соблечам во тренерчиња.
Сакав да пишам пижами, ама ај викам Нова година е Не се секирај, и кај мене не се нешто многу воодушевени. Мене ми е убава битно
Оваа малечкава @mal.ecka тргнала да собира гласови и титулата на @flower30 да и ја земе "форумџика на годината" Ах бре од еден пост без ритам и рима славен не се станува.Си сака природна дарба,смисла за хумор да имаш. Ај седи си таму во 40ката и пишувај си за малите,во какви пози за Нова Година ќе ги сликаш. @flower30 Ги мразам и Нова Година и Новогодишните празници. Да неможи човек на раат фуги да си чисти,да си зачисте,запере. Па место разно разни сретства за чистење,морам новогодишни пакетчиња,украси да купувам. Залудно потрошени пари Туку се молам главната награда за "Форимџика на годината"да биде хемиски средства и да победам јас Тоа ќе ми биде најубавата Нова Година до сега.
@NarCis@ значи битно е љубов да има. Дали станбен, дали хипотекарен не е битно. Е сега битно е маж ти, дали е преЦедател, научник, он ако мора да работи у метропола, ќе има жртви. Мора да седиш во голем град, да бидеш дама. Епа така е, да, ќе си се жртвуваш. Све за љубав. @vitamina видете сега, ај да бидеме реални. Некако вие мислите ние од странство дека само вода пиеме. Ние и Кока Кола и Аперол, се пиеме. Еее ја каква Нутела јадам сега, во МК ја нема. Значи не е ни тука нешто многу добро, ама па вие се чекате на готово. Ја, се сама. Маж не ми е рамен. @ALISA0000 ( се вмешува) Така е Витаминче, и ја се сама, 2000 кв двор ги копам ко од шала, наводнувам, ѕидам, возам. Шо ќе чекам, друг ли да ми изпере, изчисти, да ме извози кај треба. Се јас сама. @vitamina ама така е, мора да се помачиш. Ја сега, да ми речеш, оди сама и пешки до Алпите, по сред ноќ ќе одам. Не го знам точно патот, ама ќе прашам. Јазик знам перфектно. @Cka па и ја знам јазик де, знам германски, француски, српски, знам и велешкиВие ама сте се научиле, само цвилите. Јас и школо и работа и куќа, се во исто време па не се жалам. И се сами со мм. Еее овие 2 раце да знаат да зборат. Ама навечер кога ќе седнеме со мм салатичка и ракиичка, топло ни иде на душата. Не од ракијата, туку од среќата што сами сме створиле. Јас патував 2 години во друга држава да завршам магистерски,, у сред ноќ во автобус. Ни страв ни ништо. Е да бе мажите па ако го можат тоа ете гледам рогови им никнаа. Ама и јас од љубов се омажив. Си го сакам мм многу, освен кога ме нервира. Ама тогаш па он бега од мене. Оди по леб во Црниче тогаш @mal.ecka јас не знам, мислам можам да работам, ама сега не знам. А сум работела. Ама сега дома. Пиперчиња, модри домати, тиквички, си печам си работам. Јас 2 деца чувам, исто ко сама да ги чувам. Мм се знае да работи, ама нејќе. Ме нервира, ама ај да си ќутам. @flower30 леле Малечка трај, ист е и мм. Абе мрза е станат. А го бива, се разбира од се. Ама нејќе и ме нервира многу. Леле ми иде, очи да му извадам. Странство?! Не. Кај можам ја таму Таму ни грав јадат, ни селско месо. Па треба наново да учам да готвам, па деца, па нов стан да чистам. Јок, не. А не се живее овде. Од една плата не, ама странство не. Ја да ви кажам мм што работи сите ќе речете вауАма не кажувам, да не ме познаете, па после не можам раат да се испукувам за фамилијава шо ме замара. Инаку, кредит имаме и ние. Не сум ни ја буржоазија. @Cosmi луѓе, вас ако не ви се работи, тоа е друг проблем. Не сега приказни да пишувате. Значи лесно е. Фаќаш авион, одиш во државава "добар ден, добар ден. Ми треба двособен стан, кола и 2 плати унапред". Они викат повелете. Ти викаш фала и толку. Не сега, Бриџа пишува глупости, паштета и леб јадела дрн дрн. Овие ја што ги знам само кавијар јадат. Не знаат ни паштета ни месен нарезак шо е. @Idedemja значи ви кажав, ама нејќете да ме сфатите. Значи не ме читате ич. Ти па Флауер ми скокаш постови скроз. Значи исто е секаде, само треба да учиш и да работиш. Ја сум многу учена, на баба ми сум, она учителка била и ја затоа толку учена. И ја се сама створив. И мм де. Сега за куцики се сама заработувам. И таа бундичката што му ја купив. Исто. Само треба да работите. И да ви речат нешто, борете се, значи не може никој место вас. И читајте. Ја колку книги имам прочитано. Мм вика каква жена земав, начитанаИ од гордост ми купи едно пакетче од Матица, полно книги. @Bubce38 значи ја сега нејќам да работам, оти ми се може. Ја бе можам и ѕидар да бидам, и камионџија и се. Се сум работела. Машка жена. Во странство не одам. Љубовсито си сака тука. Ја го слушам за тоа. Ама не се плашам од работа. Па ја пред некоја година цело лозје сама го набрав, спремав. Е татЕ вареше ракија. Не се мешам таму. Ја по слаткото сум @mal.
Друштво, ќе пробаме да отвориме 7-ца во друг град, не ветувам, ама ќе се потрудиме. (Го пишувам постот дур рибам мијалник со Фрош)
@NarCis@ Значи, дајте да се изјасните вие од помалите градови, сакате ли 7ца. Дали да оставам ракавиците и средството и да пишувам петиција, мм само да стави печат и да ви средам. Е сега немој да се жалите, скапо било. Мислам, не може па се да е погодено. @WildMk значи Нарцис полека, одма се караш, не ми се дери. Пишав дека може нема да има секој за сендвич. Не мом веќе да се објаснувам. А некој ако има пари, негови се. Дали од маж и дал од швалер, шо не боли патиката нас?! За нив напрајте еден сендвич, нека се вика "спонзоруша сендвич" Кога ќе одам во Битола ќе го пробам. За другите, еден посен сендвич, само компир и лепче. И таман за сите. И не кажувајте вие кој што да јаде
Знаев абе знаев дека ќе ми го разубавиш денот. Со солзи се смеам и се стегам маливе да не ги разбудам Те обожавам
Леле, де дојдете чувајте ми децата, да се допишам станаа. П. С. Иде членка од други теми(не ми текнува на никот). Леле овие 40ка шо секта ќе беа. Значи нов левел секта. Се они знаат, се они пишуваат. Таа една не знам која беше, небитна, втора година пишува тука во темата, а оние другарките и аплаудираат, јее, јака сиБожем, како само они да се на форумот. Па и не смееш да кажеш нешто, одма идат сите, ти рипаат да ја бранат Секташки едни