На цвета по една свеќа за здравје треба да и палиме оти ваква преубава психотерапија ретко дека ќе.најдеме на друго место
Многу ме расположва темава. Не ме бива за вака пишување, иначи и јас би. Ама сакам ако има и други ко Цветево, да се уклучат и да биде тековна тема, а не само еднаш годишно. Мене ми треба терапија секој ден
А и ја бива чоек. Мислам дека можи комотно драма да напиши. Цвето, можи и не треба да го трошиш талентот само на форумов, земи искористи не нас како ликови и седни една драма напиши. Дијалозите се лудница Буквално
@WildMk @mareane трајте, ќе мислам другите дека ве манијачам па се знам за вас Ви реков, "Мемоарите на 40ка" и ќе ви пратам на сите по една книга потпишана лично од менеСо посвета
И јас мислам дека е ова талент. Ја да се утепам не можам 2 реченици вакви да сврзам. Може да биде нашата Кери Бредшо и да пишува колумни инспирирани од форумов...
Ањњњњ! Ќе се осеќам почестено Млада госпоѓо И глеј помрсна напрај ја... да ми пасова поќе Зошто да не! Материјал има, секој ден да пиши по една колумна
@WildMk нормално, прво јас ќе пишам. Во Новата година посакувам да го нема ова лај.ото од Ковид и да живееме без страв. После посакувам да може да го исплатиме кредитО, да штеди мм појќе и да може да шетаме појќе. И на крај, посакувам во Новата да надокнадам за двете изгубени години и да мавнам секој втор ден по една тура се@с со некои нови момци. Значи не мом појќе да издржам, мора да си ги проширам видиците (if you knоw what i mean @referentka во Новата година посакувам повеќе чварки и кајмак, и мезенца безброј Посакувам да ми се живи и здрави децата, да ме слушаат повеќе. Посакувам повеќе специјални моменти со Рефо и нормално да шетаме повеќе. @flower30 јас во Новата година ќе си посакам помалку апчиња да пијам, да не ме нервираат домашнивеДецава да ми бидат живи и здрави и помирни. И посакувам да измислат, за ефтини пари, машинче за чистење фуги на батерии, да измислат едно универзално екстра добро средство за чистење на се во домот @mal.ecka Новава година нека ни донесе среќа безброј, маливе да ми спијат повеќе, јас да можам да одмарам раатИсто во Новата посакувам помалку да се гледам со свекрва ми, а повеќе со моите. И исто, да си купам еден пекач за зеленчук на 6 спрата и побрзо да си печам ручек @Mantub јас во оваа година ќе си посакам повеќе шетање и дружење, повеќе галење со мачорот. Повеќе прочитани книги, помалку дофрлања од дотични госпоѓи И исто, Миле ми текна, посакувам да измислат некој екстра ултра безжичен шок систем и секој кој ќе си го удри детето да го здрма струјаТоа ќе му биде нешто ко карма @Alishan30 Новава нека ни донесе помалку болни, помалку дежурства и повеќе поводи за славење. Да имам малку повеќе време да си посветам на аранжирање и декорации за секој повод. И може да си посакам и еден понов џип @Bridget смешни сте со желбите, ама ај Јас си посакувам здравје, љубов и да престане Короната да можам да си дојдам во Македонија да си ги направам забите и да си направам нова фризура. Ама не шатирана оти тоа е демоде, од пред 20 години, нешто поново сакам малку @mareane Во 2022 година посакувам децава да ми завршат школо /факултет, да си најдат работа и помалку да ме нервираат И посакувам помали сметки за струја и посакувам оној мајсторот за клима да го фати стомак оти не излажа за климата и сега ни троши ко луда. Не ми замерајте, испив една чаша црвено вино, па и чварки јадев троа. @NarCis@ во оваа година што сите ја чекаме посакувам помалку да ме боли уво, а повеќе да си ја пеам "ма боли ме уво за све" Да ги намалат средствата на Фрош и да го донесат и кај нас екстра женствениот парфем на Фрош, новитет, кој се вика "Ла фем де Фрош" Едвај чекам
@Idedemja во Новата година посакувам куцики да ми биде уште подобар и поинтересен. Посакувам да ми се исполни најголемата желба. Исто посакувам да ги намалат цените на авионскиот превоз да можам да го прошетам светот цела година. Исто посакувам сите непрочитани книги да си ги купам и цвеќенца за да го красат мојот дома. Посакувам да јадам помалку салата, а повеќе еклери @WORRIED.BT се знае што ќе посакам Нова работа. Некоја полесна за умот, со нормално работно време, а ако може не се жалам може и подалеку од Македонија. Си посакувам повеќе шопинг, маникир, педикир. @LejlaD освен нели што си посакувам една најголема желба да палам патиките и преку океанот да идам. Посакувам да сме сите живи и здрави, да има мир во светот и во секој дом. Посакувам да се греам на струја оваа година оти ме пукнаа дрвата, и оти секој месец ко оџачар сум И повеќе слободно време за на тераса @Bozica1980 јас во новава ќе си посакам ѕверка да биде малку покул и помалку да се понаша ко тинејџер. Исто, неколку килца помалку и да си возам со точакот слободно кога сакам и каде сакам. И исто, летово да одиме со @EuHenIa пак заедно на одмор, оти се многу кул луѓе. @Kris80 оваа година посакувам да биде посреќна од претходната и побериќетна. Да го убедувам мм повеќе да шетаме накај градот, а не цело време во викендичка. И помалку идења накај Скопје оти ме изморува градот. @Milobebence ви поаакувам пево на сите само убавини да си имате. Јас си посакувам една најголема желба, па после да го проширам бизнисот. Би сакала и уште есно другарче на Симба и Симба помалку да ми го гриза креветот. И да биде потопло нареднава година оти смрзнав Имам уште ама мора да оудам, пишувајќи седнав во пигеешно такси) @M&M во Новавс година помалку сррес на рсботс. Децава дс играат пољеќе, да можсм даа јадсм чипд кога ќњ посаксм и повеќе дс шетаме накај комшиите.
@buba4e89 во оваа година што иде, сакам подобро да бидеПрво, посакувам некои членки од овде да ми се мафнат од глава, оти само ми реплицираат без врска. Повеќе шминки, козметика и шетање. Да ги пробам сите видови на кафе од Старбакс и да бидам најтипка на форумов @Feminka22 во оваа година посакувам да си најдам другарка што е како мене, да биде кул и да не ме откачува за некој дечко. Посакувам уште еден блок стомачни и помалку да читам глупости за вакцините.