@mal.ecka јас не сум гласала. Немам време деновиве, бројам пакетчиња. Значи до сега 25 имаме, штиклирам уште колку. Мислам ќе заокружиме на 39 годинава. Моиве деца не јадат чоколади, ама тука сум јас за тоа. За ручек полнети пиперки, телешка чорба, салата. Да ги заспијам па ќе ве дружам, карајте се сега повеќе да има што да читам. Ауу извинете јас само за децата и куќата пишував. Ќе гласам јас, ама на крај, ако имам време. Мислам ќе најдам време, само да смислам за кој. @Dream-Girl ја си се почестив една палета шминки, моливче и козметика за лице. Се сум положила , се. Цар сум. Сега седнав да ве исчитам, многу нервози, лицемерие. Дајте малку повесели содржини. Ако така, можам и ја сега цела Анатомија да ви ја раскажам, па да видите нервози што се. Јас си гласав за потивките, и има таму и за попаметните сум гласала. Ставени се феминките и тоа е. Наредна година друг избор по други критериуми. @nextredstyle Дримке не е така. Нема никаков квалитет оваа година, мислам на одредени членки де. Не може така. И не е зошто јас сакам да сум модератор, туку мора да има правила. Не може ко на пазар. Вака во Рамстор е некогаш кога пазарувам, хаос. Значи овде мора да се знае. Еве @friendy напиша правила, само јас мислам и треба да е неосудуван членот, да приложи лична карта да нема Бугарско државјанство и кога готви повеќе лукче да става(добро де, не мора последново ај)
Нешто беше вака Се карале две деца и едново го викнало поголемиот брат да го одбрани. И братот доаѓа и вика што е работава, па вика ме тепаше детево. И поголемиот брат вика ај да видам како. И другово дете му мава шамар. И братот вика леле де да видам пак, детево пак му мава шамар на братчево. И пак леле не ми се верува де удри да видам пак дали смееш?! И малово вика - доста бате не ме брани веќе
Хахха леле и ја сум по парните броеви, непарните за неубаво се @Bridget Знам знам те пушко кад си пиштољ била
@fana дечки а мене ќе ме пуштат ли да гласам овде, дека уште сум со битолска лична карта?! Оти сакам да гласам на крај, да видам овие кокониве ( се фаносав со зборов) до кај ќе одат. Таман ја да завршам цела работа, да средам епруветите, само да не утнам нешто и седнувам пред компјутер и да гласам. Да си земам пуканки за крај, а?! QUOTE="mal.ecka, post: 5933361, member: 29386"]Обратно е[/QUOTE] Лелле да бе, грешка. Сори.
@vitamina Фана можеш да гласаш, ако не си од Скопје. Еве јас од странство , па гласав. Не е проблем никаков. Сигурно прават така дека кога ќе дојдеме од странство да им донесеме Нутела, квалитетен прашок, омекнувач, пршута, затоа попуштаат. Ама ако, ќе донесам се, не сум скржава. Уствари може и замена, ја на нив ова они на мене крем бананки, бурек, газоза и смоки. Ама ти од Битола не знам шо да им донесеш?! А гласовите си се башка. Ова нека биде како размена на стоки. Мислам не на такви стоки, да не се навредите, туку на производи мислев. Ама сега не знам кога ќе доаѓаме, уствари ја со пасошот можам секогаш и секаде, ама ќе видиме. Ај ќе одам да докитам дома, само уште вецето не ми е накитено Ама купив и за таму, држач за тоалет во форма на Дедо Мраз И едни сијалички, ама дека вода има малку струја фаќа, па ќе ги тргнам тие
И ќе ти донесам, третина пита кашкавал, една пршута, по кило макарони и шпагети, еден аперол и фереро рошер ти само продолжи вака. Ама сакам на гости да ти дојдам сори нот сори од вирусов
Може бе, ама само со негативен ПРЦтест не постар од 48 часа Се плашам од овој вирус, бегам ко ѓавол од темјан. А сакам вакви гости Плус па и поклони За мене ако може прашок, омекнувач и универзално средатво за чистење Инаку, сакам да ми дојдеш на гости стварно
Денот на завршување на изборите Се вклучуваме во живо од изборниот штаб на кандидатката со најмногу гласови. Моментално, а и во текот не целиот изборен процес, има највеќе гласови. Водителката :Гопоѓата Вајлд ќе се вклучи онлајн, заради пандемијата. *Госпоѓо Вајлд повелете @WildMk Вајлд : Не морате да ми персирате, овде сме сите како семејство. Почитувани друшки, почитуван народе. Полека но сигурно извојуваме победа. На овој форум му треба промена Му треба некој кој ќе се залага за еднаквост, кај кој нема предрасуди, кој не прифаќа НЕ. Заедно ќе ја смениме политиката на форумот. Прво, ќе ја искорениме дискриминацијата, бидејќи никогаш машки член не добива шанса за победа.Ќе се залагаме за правото на отворен брак! Ќе се намали корупцијата, ќе нема банирања!!!! ( Публиката - јееее) @WildMk : И од вгодина, главната награда нема да е тостер. Доста се омаловажуваат жените дека местото им е во кујната. На кој му се јаде, нека си направи, ебаго. Наредната година, главната награда ќе биде ваучер од секси шоп ВАЛИЈАНТ Да и дадеме поддршка на секоја жена, да биде задоволена, насмеана. Ви благодарам од срце, многу ве сакам Водителката : Специјално за фемина изборот од Германија ни пристигна, второпласираната и незаменлива @Bridget. Госпоѓо Бриџит, повелете. @Bridget : Поради не фер и недемократско однесувње од мојот против кандидат, јас моментално сум второпласирана Но, сеуште не е се завршено. Можеби оваа битка ќе ја изгубам, но војната продолжува. Јас имам следачи, верни на мојот лик и дело, кои се со мене до гроба. Поздрав Облаче. Јас се залагам за отвореност, транспарентност. Не можеме цел живот да се правиме светици, секоја жена треба да си го каже мислењето, без разлика на се. Јас за овие Избори, си го жртвував одморот и дојдов во мојата матична земја. Овде ќе инвестирам, овде ќе ги оставам моите тешко заработени евра. Еве ако треба и овде ќе се шатирам, иако е old fashion. Ама овде жените терат таква мода. Ако треба за Македонија и забите овде ќе ги правам. Не ми се за правење, ама ќе се жртвувам. Ако треба и порцелански заби, вештачки ќе ставам. Сега мора да одам, треба едни луѓе од Пустец да ги сместам овде. I'll be back. Auffiderzen (п. с. Знам дека не е точно пишано). Водителката : И за крај ја имаме и трето пласираната, Флуауер. Госпоѓа Цветка, како сте? Се надевав дека и вие ќе пристигнете овде во штабот. @flower30 Добровечер почитувани. Јас многу се извинувам, но поради ризикот од зараза одлучив интервјуто да биде онлајн. Знаете денес луѓето не внимаваат, се шетаат.. Водителката : Извинете госпоѓо, ќе разговараме другпат за пандемијата. Сега ве молам да се изјасните за изборот. @flower30 а да, извинете. Па искрено да ви кажам јас сум збунета многу и што се најдов во потесен круг, уствари воопшто и што бев номинирана. Значи преголема чест ми е што сум овде. Да се најдам меѓу толку квалитетни членки и членови, меѓу едни од најдобрите. Јас, како што знаете сум домаќинка, очајна домаќинка Хах,хаха се шалам да. Па добро малку и вистина е. Јас ќе се залагам да биде форумот место каде секој ќе си напише што му лежи На срце. Без филтри, без воздржувања. Да биде место каде ќе се објавуваат слики од секојдневија, оброци, да се даде една почит на сите домаќинки кои се залагаат за своите семејства, за топол дом. Секако јас не сум овде за наградата. Искрено, мислев дека нема да е тостер. Ама секако јас имам се од кујнски апарати, дека домаќинка нели. Да. Ќе упатам и голема благодарност и до членовите на 40ка. Без нивна помош немашд да бидам овде. Значи, верувајте... Водителката (ја прекинува) :се извинуваме госпоѓо, толку ни е времето, ќе се видиме на крај на изборите. @flower30 во ред, ќе се докажам тогаш. Се надевам на целосно интервју, ха ха Почитувани, ова беа трите номинирани со највеќе гласови. Се враќаме во студио.
Очекував посебно да бидам споменета во твојот говор ама нема врска Се шалам...оригинал си..ме пресмеа
Ама ова се само 3те со највеќе гласови. Има уште номинирани, па публика ќе инрервјуираме. Чекај децава гладни ќе ми останат
Почитувани, повторно се вклучуваме во живо од Фемина избор на 2021 година. Овде со нас се @NarCis@ @KateKane @Celltica. Водителката : Од неофицијални извори дознаваме дека вие кандидатки ќе коалицирате. Дека се држи во тајност вашето здружување на гласови. @NarCis@ најпрво добро вечер. Јас не би можела ни да ги демантирам ни да ги потврдам овие гласови. Сакам само да изразам благодарност до сите членови кои ме номинираа и гласаа. Најбитно е учеството, забавата и на крај секој кандидат да си ги исполни ветувањата. Јас лично во мојата кампања нудев поддршка на жените, првобитно достава до врата на секоја жена, 10 дена пред ПМС од екстра добриот чај од црвена детелина. Значи, најбитни ни се чувствата и физичката и психичка стабилност на сите. За другите мои ветувања, ќе продолжат моите колеги. Повелете. @Celltica па јас, како што кажа Нарцис, ќе се трудам да има повеќе хумор овде, да бидат сите еднакво третирани. Да се контролираат темите, да се намали антиваксерството. Се на се, сакаме само задоволни членови. @KateKane значи ние овде како номинирани сме само луѓе. И ние сме од крв и месо. Значи грешиме, се подобруваме, заедно сме со сите и како сите. Значи знам дека важам за член со експливитен говор, но ова сме ние, this is us, она што го гледате тоа го добивате. Јас ако победам ќе има посебна тема за пцовки, исфрлања фрустрации, чил муабети... Водителката : Во ред, ви благодарам многу. Студио!?! Дали се слушаме. Со повеќе детали ќе се вклучиме наскоро