@mal.ecka јас не сакам странство да одам. Мислам таму да сум сама без моите не. Да не можам внучка да ја видам, не сакам. Ќе ми фалат многу. За работа ја и овде ќе работам, само да се решам А до некаде да ви кажам и свеќи ќе ми фали. Да да, она ми е мотиватор за се, ми го мотивира инаетот Пред некое време вика правела најубави манџи. Викам и ја знам да правам. Е не, не сум и била достојна. Па земав прашав на форумот, тука 300 рецепти најдов. И ја не знам веќе што ставивварев, мешав, правев и на крај испадна конечно. Е сега сама си ја јадев, ама најубава беше А таму да идам ќе нема кој "поттик" да ми дава и ќе треба секој втор ден да печам пиперки и модри домати со лукче @flower30 не не, ја ако кукам, мене овде ми е убаво. Прво далеку е многу, не ми се оди. А и читам таму ако си болен чекаш по 3 - 4 саати на Брза помош. Па ја до тогаш ќе заборавам што ми било. Па ќе ми речат лечи се со свеж воздух. Па ако е така, ќе треба мм да ми направи една куќичка на некое дрво (ама подебело некое) и таму да си живеам. А и читам немале квалитетен зеленчук. Па како ќе готвам и ќе правам најубави јадења?! На крај ќе треба да порачуваме, па после ќе разберат по Македонија таму роднините па ќе речат " леле оваа отиде таму и одма дама стана, не мириса веќе на запршки, лигла". Па ќе треба и за тоа да плачам. Арно ми е тука @Bubce38 ја сега уживам. Странство може да дојде у обзир ако сака Бубето кога ќе порасне да идеме сите заедно да му најдеме некоја мома за женење. Ја и Бубо ќе одиме таму, ќе си седиме заедно со Бубето. Ја ќе чувам внуци. Сега ако одиме ќе треба и мама да ја водам, а она има и други внуци за чување. И фризерката ќе треба да ја водам, оти Бриџа вика таму скап е фризерајот, а на моето одење на фризер еднаш неделно, ќе треба да банкротираме. А и тука, на секое качување горе татЕ ќе фрли на Бубето по некоја 100ка ( не денари, евра). Е сега малку ме заболеа нозете од одење горе доле, ама па тие 5 креветчиња мора да се исплатат. Леле тек па и женско кога ќе родам, мајкоо кој е како мене. И не иде ни да работам, кога Бубо работе по 50-60 саати неделно. Скоро 20 саати повеќе, таман он и за мене изработува. И таман си е. Ако снемам, ќе продадам лозјето на татЕ и ќе си имаме Се ми е испланирано, само ја да кулирам. Љубовсито рече ти Бубче аи моја кралица и живеј како таква
@flower30 Цвете и да знаеш дека ме болат нозете од идење горе доле Престанав да се "фалам" али сеуште им готвам. Иако за нас појќе готово земаме. Ама тоа оти маж е лигавеш и прибирлив. И не јаде ручек зготвен вчера/завчера Далеку сум од краЉица ама ај Нека трепка
Боже мили, јас и лутење Плус, ништо Не измисли Тоа со кралица ми дојде малку смешно Он Не ме тера да му готвам ама баш никогаш. Едноставно Не јаде ако не му се ареса и ќе си седи гладен. А јас се нервирам и не можам така да го оставам
Иако периодов е за никаде, мизерија на сите страни, ама бар да пробаме овде да се насмееме (ако не смета ). Уствари, ако не сметам ја, оти испадна ко моја да е темава Јас да пробам, па ако можете пишувајте и вие. Тема : Правење залихи заради корона, немири и поскапување. @Mantub абе не правам залихи, кај да ги чувам?! А и искрено седнавме со маж ми и решивме да си инвестираме во една нивичка, таман иде пролет/лето. Ќе поставиме шатор, од оние за на плажа, цврстите. И ќе си земам лаптоп, јака претплата и тоа е. Ќе си садиме, ќе си јадеме.И така ја вегетаријанец сум. Е сега може само една тоалетна плус и нешто од аптека. Ама што од аптека кога ја не можам да пијам лекови. Еднаш пробав, абе ми се заглави таблетата и стои. Ми идеше да речам на маж ми земај со прст бутај да пропадне у грлоОн 300 идеи доби Море ја би требало да земам залихи од храната за мачки, ние никаде без нив не одиме. @Dream-Girl бев до книжара прееска, си изнакупив маркери и тефтери, тоа ми е приоритет на мене. Да си завршам јас факултетот, па после лесно ќе биде. Уствари признавам, си порачав од Али експрес, едно 10 пара обетки, нараквици. Епа паднав во искушение, се намалиле и греота ќе беше да не порачам. Е сега сите на брашно прават залихи, јас на обеткиДобро де и кафе си купив @andrejko82 Дримке, не се секирај, не си сама. Јас си изнакупив еден тон гардероба деновиве. Ама па онаа мојата шефица, само ме гледа попреку ако не сум дотерана. Па кошулата не била добра, па не била марка, не сум била претставителна, па не требало чевли со ниска штикла. Аууу аман од неа. Ако не дај боже има потреба од доброволци за одбрана на Украина, ја прва ќе се пријавам. Подобро против Путин ќе се борам, отколку со шефицата моја @duffi same here Цел ден на интернет сум со апликациите, само кликам Во кошничкаАма па мора некој и да биде убаво облечен Да се разбереме, имам и јас по нешто дупло ама не толку многу. Подобро витка и дотерана отколку поправена @WildMk за се ова ние сме си криви. Јас кога ви викав да се собереме да протестираме, вие одма ме напаѓате. Не сум знаела кај живеам, паметот само во с@кс ми бил дрн дрн. А ќе протестирав и во сред пик. Мислам онлајн ќе беше, ама ќе беше многу сликовито Со скандирања, со се. Залихи ја не правам. Тоа маж ми и ќерка ми кога ќе отидат во продавница, купуваат. Ќе изнакупат они за јадење се. Ја може залихи на кондоми да направам. Оти завршува пандемијата па ќе сакаат да се олабават сите, па може да си организирам еден два состаноци И не мом да ги разберам овие со тоалетната. Кај ја складирате бе луѓе?! @Bubce38 Вајлд дојди кај мене, па ќе видиш кај складирамеЉубовсито мислам пола град го купи. Се имаме од залихи, тоалет и памперс највеќе. Кога ќе се помочуваме од страв бар да бидеме средени И купил некои купони од Боко и од Фук Так од Дојран. Сега ќе имале попусти па за редовни муштерии давале купони со попуст. Богами за нас ќе треба еден дел од акциите во ресторанот да ни отстапат колку сме им редовни Ми купил и залихи на батерии. Му викам шо ќе ти се, неам вибратор ја. Вика не бе Бубче, за даљинското ти се, да не снемаш нема да можеш да менуваш програми да гледаш Задруга. @flower30 ја читам вчера тука залихи правите и цела во узбуна. Ѕвонам на маж викам вечер у Кам. И одиме ја барам сјај за садови, Арф, Циф, сунѓерчиња, брашно. Он застанал вика чекај да видам кондомите колку се и индиските ореви. Абе му викам марш таму оди купи паштети, не ми се расфрлај тука. И на каса додека чекав го пратив по едно средство за р'ѓа. Па имало таму една жена сакала да го земе и иде маж ми нервозен и вика леле ќе се тепавме. Викам па што не попуштиВика ааа да не ти купев, па ќе беше нервозна немаше со што да чистиш фуги па после душа ќе ми вадеше со четка за заби да чистам @Kris80 си направив залихи и јас. Ама на фустаниИ да ви кажам супер ми е. Ја ако почнам залихи да правам ем куќа ем викендица, кај ќе ми биде крајот. Ама мм за се го бива па он од ништо нешто прави. Ќе му текне некој изум и за тоалетна, речарџбл Море, арно ме потсетивте да одам да си докупам некое цвеќњнце да си уредам дворот. @EuHenIa како ми е скиснато веќе, ништо не купувам. Уствари Кам ми е блиску, и ќе одам сега и од плата ќе купам само 3 леба и еден чипс за дома. Ќе си купам и еден џин, тоник може и некое винце. Па со другарка ми Божица ќе си лабавиме. Епа еднаш се живееЌе купам и просо да има за папагалот и за мене(не се смејте бре, просото е здрава храна, ја нели на диета сум). И таман до лето ќе сум топ @NarCis@ Еухенче кај ти на диета со тоа алкохолот Купи си флаширана вода, хумус не чипс и џин. Уствари и ја некогаш прекршувм диета со по некоја плескавица, ама па веќе не кажувам. Од залихи, ја влошки си купивИ Фрош производи нормално Уствари дел ми се поклон дека сум им заштитно лице. Веќе секој кој ќе види Фрош на мене му текнува. Не дека сум жаба детуку дека ги рекламирам. И еве како права другачка, имате и од мене по 10% попуст на сендвичите од кај мене од сендвичара. Само не кажувајте на другарките од Морална
хаххаха леле пишувам за штиклите и ми текнува, кога ќе ме види шефицава кога ќе ми рече каде ти ваква на работа ко за на свадба си (ич не ми е шефицата по дотерување иначе) @flower30
@flower30 А, стварно отидов да си купам маркери да си имам и ме зезнаа, ги качиле пред да направам залиха.
На барање на @Cka, темата е дупли профили и први постови. Јас ги изменив и никовите. @Cka нов ник: @НОБ Прв пост во морална поддршка "Без благо можам, ама леееебббб.... шпагети, јуфки, тарана... " @flower30 нов ник @Avaks Прв пост во 40-ка. "Здраво на сите, нова сум, ама редовно ве читам уште пред да се зачленам. Да се претставам, јас сум Авакс и моментално чистам фуги дури ви пишувам." @fana нов ник @kafana На почеток само лајкува и на нешто смешно вика: "Се кафаносав." @Bridget Бриџа со нов профил не се враќа во ова село шо ја избркало и банирало @JuLleE нов ник @Шљивовача прв пост во некоја од темите за здравствени совети. "Здраво. Јас имам покомплексен проблем. Вчера ме пецкаа очите, не знам дали е бактерија, па малку ги премачкав капаците со домашна ракија. Прснав во нос и малку прополис за грло, ваљда нема гајле. Прашањето ми е, дали е можно ова да ми е дека вчера изедов една тегла маџун и пола кг алва?"
Ај и ја @JuLleE нов ник. @krivo je more Се подлажав јас со морето, трчи Џули ќе одиш на плажа секој ден. Ама цврц. Де пандемии, де карантини и таман се опуштив, останав трудна. Овде сите се толку опуштени. Ја откако сум овде, абе ни алкохол ни дезентал знам што е. Ќе одам ја на плажа, ама да се стегнам малкуМи фалат уствари искачанките од дома, со друштво. И не ме тепајте одма, не одев често по кафичи, само за прослави - Нова година, Стара Н. Година, па бтори втори(2.2), па 8ми Март, па 1ви Април, па Велигден. Тоа у првите 6 месеци, наредните 6 исто Тука сите си шетаат, многу кул народ се. Од морето е изгледа Па и ја станав покул, не се осеќа? @NarCis@ нов ник @frosh 7 Значи, тие што ме знаете, знаете дека странав застапник на Фрош, како хоби. И плус како хоби сум ко газдарица на 7ца И намбр уан - учителица. Не ми е мене да бидам во образование за поклоните за 8ми Март или за крај на година, ко што ме обвинува Вајлд. Си сакам да бидам таму, си ги сакам учениците. Па и на родотелски какви татковци доаѓат Ја затоа почнав со секакви креми, серуми, вежбам, на диета сум, со само 1 хамбургер на денМислам кај и да е ќе ме изберат за најкул учителицаСе шалам, не скокајте одма @flower30 нов ник @cleanning lady Па што, кога веќе и дома р'мбам а никој пари не ми дава, ми текна една бизнис идејаДобро ми текна 20 години покасно де Ама на никој не му текнало ова - ќе бидам директор на фирмата Smells like flowers Е сега ќе бидам и чистачка и директорка, ама шта ме брига, ќе има пари Фуги ќе чистам првокласноЗа се сум испраксирана. И гратис од мене еден ручек
Поминало времето за, редактирање на постот. @flower30 и само денес, за сите членови на Фемина, гратис чистење на тераси. А за "сектата 40ка" гратис манџа грав во Петок (со пушени ребра, ако не постите). @NarCis@ трај сеа, нели не земаш подароци
Уствари кажи си, може за нарддна година што ќе се мислат родителите, одма да си знастДа не дојдат децата само со оо еден зумбул П. С. Нарцис де