Моме цветелина детелина. Ме погоди. А, Мицe не во секој профил туку во секој живот ќе го сакам и бранам. Секси мен
@theowndemon како MajkaNaPesiVeliche: Јас како мајка на две прекрасни суштества дојдов да ви кажам дека вакви термини како НаЈмАјКа не постојат. Немам деца за мачката и кучето зборам. Инаку не значи дека сите родители се добри, еве јас не сум добар родител на мачево и кучево, зошто тргнав храна да им купам ама видов нови алкохолни маркери што ми ги слика другарка ми и ги купив. Така да нема најмајки, ама не значи ни дека сите родители се добри. Продолжете да дискутирате од мене толку. Одам сега фалафелот да го сликам. Може и ќе отворам некоја тема подоцна за влијанието на психолошкиот профил на родителот врз тоа каков родител ќе е детето, може и таму наминете ќе продолжиме. @KateKane како MicesLover Добро еве јас без грам иронија и сарказам да ве прашам, дали навистина не сфаќате што пишуваат членкиве пред вас. Еве јас на најдобар можен начин да пробам да ви објаснам: (објаснува на најфин можен начин). (пишува уште нешто смирено за на крај да ескалира во А овој гревов гревосан му посакувам да цркне на најболен можен начин, бубашваби очите да му ги јадат!!! Пренервозна сум луѓе значи, не трпам ич вакви работи, одам да барам мемиња со Мице да се смирам. Плус Локо Локо ќе си ја пуштам да се расположам.
И ние те сакаме тебе КаФано Нашата љубов кон тебе е вечна како приказната за влез на Македонија во ЕУ
@KateKane ај да пробам, иако таа тема не ми е многу читана во 40ка @Rebecca_R аууу не ми зборете за администрација. Ви кажав нели за таа исфрустрирана шалтеруша што не ми заврши работа. Леле уште сум нервозна кога ќе помислам. Ама ако, carma is a bitch. Пред некое време одам во бурекџилница ( да да јадам и јас бурек aко ви пишувам банана и кафе за доручек). И таму еден мирис, еден тазе бурек, мераци. И стојам и кога гледам зад мене таа мрсната шалтеруша . Збори на моб и вика" еве да си купам бурек со месо, лиги ми течат, на диета бев , само на слика го гледав. Па денес ќе се гостам со еден бурек. Мириса овде во пекарата, лиги ми течат". И доаѓам на ред и вика дечкото уште 2 четвртини и нема веќе .И за инат ги купив и двете Она мене ми качи притисок тогаш , ја неа сега @referentka безработници се сите. Јас работам и за другите. Се нервирам. Кога можеш да раскажуваш рецепти за погача по телефон , ќе можеш и да си средиш документите, а не ја сите да работам. Ама пустото па убаво е кога ќе ти дадат 50 дена одмор, па ти 30 си во ГрчкаШто да правам, зависник сум од одмори. А тоа па оговарање па во канцеларија, ме убива еј. Си оговарам и ја, ама не по канцеларииЕдна колешка ко подвижна енциклопедија е (ама за оговарање). Комшиката швалер имала, на одмор само пипер и маргарин јадела...дрн, дрн. Ме пуни негативниа енергија, па после Рефо дома го крка од мене. @Milkiway ја брзо завршувам работа по администрации. Си носам една торбичка од Стокомак со по неколку 100грамски кафенца и некое благо, наполитанки, чоколадни бонбони. Стигам пред шалтер и онака лагано лизгам по шалтер 100гр кафе и паѓа во раце и викам "здраво Цеце те поздрави, рече кај тебе да дојдам ". Е сеа некогаш не успева, па вика не познавам никоја Цеце, па ја леле извини грешка е, па почнувам со тажна фаца дека пак треба да дојдам . И на крај ќе се смилува и ќе ми заврши работа. И пред одење и подавам и една кутија крем банани дека ми завршила работа И све 5. @WildMk е од тоа не не бива. И после ја кога сакам се да е регуларно, не можам од таквите ко вас. Мито и корупција пријавувам ! А не да и подавам кафе и благо. Зашто плеснала газ таму, зема плата од наши пари ?!Не . Инаку јас по администрации не одам, тоа мм. Ја повеќе онлајн што се може. Туку кога сме на темава, знаете некоја да работи во Мин.за финансии, чекам еден документ 5 месеци веќе. Да видиме нешто да се заврши побрзо?! Ама кафе не давам , одма да си кажам. @KateKane тибам тоа неспособните амеби т'ибам. Значи не ги можам еј. Една, почна да ми се дере пред некое време, ми дале погрешен документ од фирмава и прво и објаснувам со убаво. А она не бе, вика ли вика. А мене глава ме боли, вечерта бев излезена ,па дека препичка направена бев , ме частеа коктели . Ми бунеше главата сабајлето. И она вика, а мене уши ми зујат. Леле кога викнав - ти ли мори компироглава една ќе ми се дереш ? Зашто си тука ти, да работиш и да кажеш со убаво. Па почнав со ред, мајки шајки. Викам сеа викам телевизија. Па оп ,се смени , се исплаши. Па девојче, не сакав така, па извини. Викам ,за тебе сум госпоѓице, не девојче И среди за 5 минути се. Си одлепршав накај дома у зен стање
@Bubce38 ја брзо завршувам по државни институции. Ама си давам , што да лажам. Оној оризот што ми го даде една Феминка, си го поделив во ќеси од по 4-5 кила. И треба идам да убрзаат постапка за пасош и ја вади оризот и една тегла слатко, викам еве да се почестите. Ама ме позна една, аа вика ти на докторот си жена, не давај. Ја викам не, земи , ем да пробаш какво слатко сум направила. И така со еден удар ,две муви. Ем завршив работа, ем пола град ќе знае Буби каква домаќинка е А па колку патлиџан имам дадено, тате само за мене сади @flower30 ја повеќе имам дешавки по болници. Дека нели ја се нешто сум болна, се ме боли. И еднаш одам со упат и чекам 10 минути, доаѓам на ред, вика не сте за тука, одете право па лево. И ја трчам натака и стигам на шалтер и вика девојката , госпоѓо вие шо мака имате ?не гледате дека ова Психијатрија е ?!Вие за кардиологија сте. Викам полека, со тажен глас, па ми рекоа така. Вика па ти проста ли си , читај. И ја си почнав да плачам од мака. Вика не ми цимоли тука, оди право па лево и ќе стигнеш на кардиологија. И после пулс 100ка . Па таму си се пожали на докторката. А она една фина , вика ти многу осетлива си, плачеш за се, не треба така.... А за по административни работи мм го праќам. Не можам на секое да плачам. После дома ми текнува што требаше да кажам a,ама касно е
@mareane оо ја колку дешавки има по овие државните институции, ама нема што да правам. Едино да ја мажам ќерка ми за Белгијаи да идам со неа. Абе ем мал град ,се знаеме , ама јок. Кога ќе седнат на тие столиците таму, мислиш кралицата Елизабета стануваат. Се да ги моли човек. Прее бев за мајка ми да вадам документ од Фондот, 5 пати ме препратија во 4 различни соби. Не знаат да се снајдат. А ваму знаат да ми ѕвонат да ставам повисока оцена на крај на полугодие. Една па блиска, ми го крена притисокот. Ја цело лето сум имала распуст, а она морала да р'мба а иста плата сме земале. Леле сакав да и се пушта ,да и кажа ама ај си реков седи Маре, утре па треба неа да ја молиш. Лесно ви е вас во големиот град, имате повеќе можности. Овде ништо. Ај доста беше, да одам да се спремам, со мојов ќе одиме на село да набереме по некоја краставица за уз ракијата @Milobebence ја сега маж ми го пратив во банка да ми среди едни документи за работа. Он па не се разбрал таму со вработената и вика оди ти. И сабајлето се успав, едвај успеав да се исчешлам. Тргнав да одам ми се пуштија 3 кучиња по улицата, се утепав бегајќи. Почна да врне малку, тоа косата ми стана ко тапирана И стигам едвај таму, ко од ратиште излезена,одам на шалтер, давам документи . И ми вика ама му кажав на маж ти кои документи, лошо ти пренел. Сакав да го убијам да беше пред мене. Ама ај на другиот шалтер демек да идам,ако можела таа да ми заврши работа И дека врнеше, тоа лизгав под, тргнувам и кога се испружив на плочките , ко да се фрлив ласта во мореПа станаа тетките од шалтер, иде обезбедување , ме креваат, ја викам добра сум, добра. А пола коса мокра залепена на лице. И викам ај ќе се вратам со новите документи. И ми вика едната, девојче жити се, дојди ќе средам јас, не мора да се враќаш. И така, со малку изгребан образ и колено завршив работа екстра брзо