Хахаххахахаха лелееее Флауер со 57 хахахах од кај мајка ми значи у кафана. Ајде, почна предновогодишно расположење А маживе кучиња шетаат у парк, ако си ти нормална мајке ми
Доаѓа Вајлд @WildMk , ја остава маж и со кола и застанува на средина помеѓу кафаната и ланџ барот. И гледа преку стакло , аа вика ќе влезам кај младите , интересно е. Овие од 40ка ги немаше да ме одбранат кога ме банираа, не одам кај нив. И поседува малку, разговараат со повеќето за глобално затоплување, им кажува да бидат мудри да си живеат како сакаат. Интересно и е, ама ја копка нешто, седи ко на боцки и се врти , гледа жално накај кафаната . Таму распеани, гушнати , па и келнерите играат со нив. Пушта една солза, вика не бре, не можам, ебаго, ќе одам .Кокошки едни се, ама ги сакам бре. И станува и трк накај кафаната. После им кажа дека еден од келнерите и бил закажан за тројка, го познала, ама дека пандемија и не отидеПа тоа беше пресудно да им "прости" и да им се придружи. После малце се скара со @Peco, дека Пеце кажуваше "мрсни вицови " за жени со сискиИ му објасна она за непочитта кон жените, феминизам и се остало на ...изам И Бубче вика ,ее ма Вајлд не се карајте, иде Нова Година, се е весело , се ебело, сичкото хубавоИ вади на сите по 300гр ориз и по една тегла слатко од смокви, запакувани како новогодишни подароци. Вајлд и вика - имаш среќа дека Нова Година, инаку ќе те пријавев за мито и корупција. Ама ај , денес нема, дели таму шо имаш. Јас нејќам, моето дај го на некој друг. Може на ова згодното келнерче По некое време, пејачот вика " се моли сопственикот на Голф 5, регистрација KU 5564 ST да ја премести колата, го блокира влезот за достава на храна. Ви благодариме " Стеки станува , вика "еее како б'ш с'к кад кажував за куќу". И @Kris80 вика "Стеки да идам ја, и ја имам голф". Вика " Крис, немој да се љутиш, ама кола, маж и жена не се дават на други, ќе иду ја ". Ама срце си шо се понуди А @PUPICA од страна вика " Стеки да беше точак, ја и Бошка ќе идевме да го преместимеАма сега ни ја ни она не сме во возно стање, може и точакот ќе го утнеме
Пејачот најави мала пауза, седнаа сите да замезат и да си помуабетат. @Cosmi , боже овие па во кафаната накитиле за сите пари ( и превртува со очи). Елка и дедо мраз уште на таван што не ставиле. Леле колку ми е overrated оваа нова година, веќе аман. Ама ај да ме бидам гринч па давам дома по малку да китат. Ја за тоа време искачам во двор, да не се полнам нервоза. Ама.оние комшиине ме дотепуваат. Циа не им е рамна, море Интерпол. Се сакаат да знаат, знаат повеќе за нас од нас самите. Еднаш ми влезе гулаб дома и ја се исплашив и спискав од страв, оф оф му викам на маж ми, вади го. И оваа комшикава утредента ми вика, комшике бре, млада си ти, не се давај. Повеќе тренинг и ќе биде добро . Не е страшно ништо, напротив убаво .И ми намигнува. Ја па си викам гулаб дома е убаво само за супа, за ништо друго. Ама не ја разбрав од прва. Боже ме сачувај и саклони. @LejlaD леле Косми , и ја имам дома едни такви ко твоите комшии. Па кога ми ја видоа тетоважата , па драми како така нивната снаа стара била па такви егзибиции. Па одма прашаа кога си дојдов дома зошто имам залепена рака, дали ќе смета тоа во готвењето ?! Да не ми била скршена И ја на шала, уствари од мака викам да, и свекрва вика , аа ништо де другата ти е здрава, со таа ќе сукаш зелник. Абе ме изедоа. Ја во себе си викам, арна е таа рака да држи и џин/тоник и цигарче во исто време И другарките на маса, под мустаќ се смеат и и викаат Лејлич нареден пат тури од тоа рицинусот во зајрето, има да го памтат зелникот долго време. И се смеат сите, а Лејла таква мила, вика ако ако зафркаваат се со бабава вие, ама ја мака си имам... Ас @KateKane и вика Лејлич ти само среди да ти бидам снаа, кога ќе дојдам има војнички режим да им воведам Со свирче сабајле во 8ч ќе бидам, има и елка да перат и завеси да пеглата и оро да играат. Чекај, још мало