Сте имале некој промена на бојата на кожата после примена вакцина, на рамото/ позади рамото? Беше црвенко, сега како црнко, не знам како да објаснам, како да не добро да е туширано местото, а è. @Alishan30 ќе те тагнам за мислење ако може Иако доктор ми рече дека не е ништо страшно, мојот параноик ес мисли на најлошо
Лично јас немав таква промена, а почнав со работа и сите вакцинирани не ми пријавија вакво нешто. Можно е да се погодило случајно со вакцината. Следи, доколку не поминува и дерматолог да те види Јас пројавив неколку модрици по нозе на 10ти ден од вакцина, испитав се, се е во ред. Потоа сватив дека бебе знае да ме рита и осетливо веднаш реагирам. параметрите беа во ред, не ми е од вакцината. И тебе да не ти е твоево, нешто вакво?
Не е на мене, на мајка ми е Сосем случајно забележавме, ништо друго плус нема. Ма да јас мислам дека и претходно и' се правела таква кожата, само што сега сме ментално испрани и на најлошо мислам Утре ќе оди на матичен, се надевам дека не е ништо сериозно
Јас имав црвенило ама проследено и со јадеж. Ме чешаше и се црвенееше едно 5-6 дена. Дури и беше топло на местото. Со ациди борици ќе се повлечеше и пак се појавуваше. Јас си го препишав на моја преосетливост од игли. Претходно од клексани исто ми се правеа, дури и џигер темни стануваа убодите.
Недела и пол помина откако се ревакцинираа баба ми и дедо ми со Синофарм, чекав да помине барем недела дена за да пишам. Баба ми повторно немаше никаква реакција, а дедо ми повторно како и првиот пат, имаше треска, но овој пат и потреба од лек за истата. И тоа беше тоа кај нив, ништо повеќе. Пред недела дена се ревакцинираа мајка ми и татко ми, а и многу познаници што се над 45. Татко ми немаше ништо освен зголемена поспаност, и тој и мајка ми го преспаа цел ден после ревакцината. Мајка ми, за разлика од првиот пат кога имаше и локална болка во раката и вжештеност на местото на боцкање, сега немаше ниту болка, ниту вжештеност, ниту пак воопшто ја здоболило боцкањето, иако од местото на боцкање имаше доста крв. После 3 дена од ревакцината, нагло доби мачнина во желудникот и лошење, малаксаност нормално, кое затоа што не гледаме никаков друг тригер буквално, веројатно е предизвикано од ревакцината. И тоа е тоа со нив, сега се сите добро и заштитени Во однос на познаниците од Македонија, најголем дел немаа ништо, над 45. Една познаничка овој пат многу ја болело боцкањето, а и потоа раката, но ништо друго. Голем дел од нив исто така биле многу поспани, па ете само тоа Сите се боцнати со Синофарм. Спојлер: :) __________________________________________ Даље, малку за странски познаници кои се вакцинираа пред 10-тина дена. Повозрасни познаници, вакцинирани со Модерна и Фајзер, 70+. Ревакцинирани. Лицето со Модерна немаше никакви реакции ниту од првата, ниту од втората доза, додека пак од Фајзер имаше огромна болка во раката и црвени "флеки" по нозете, кои за среќа испадна дека не биле ништо сериозно Други 2 познаници, околу 50, со прва доза на Фајзер, 10 дена не можеа да станат од кревет после примање на вакцината, со сите можни несакани ефекти. Правеа и тест за Ковид, негативни се. Сега се подобри, но генерално тешко ја поднесоа вакцината Додека пак, уште една познаничка, околу 45, нема никаква реакција од прва доза Фајзер, се вакцинираше пред неколку дена. И тоа е тоа, вакцинирајте се
@Ahoy Јас 42 мајка ми 66 со Фајзер прва доза, 2 дена слаба малаксаност, малку болка во раката 2 дена, и морници што траеа 1 час. Толку. Во сабота ќе се ревакцинирам. Други што знам ревакцина со Фајзер никакви или минимални реакции.
Да, да, чудно ми беше зошто толку тешко ја поднесоа вакцината. Сега како што читам од лицава што се вакцинираат во Србија исто има така тешко што ја поднесуваат, но секако тоа минува Со лесно на ревакцина!
Ќе го споделам моето искуство иако и претходно имам пишано, ќе сумирам. Вакцинирана со фајзер во петокот сабајлето во 8 и 45. Си дојдов дома, еден час по примената вакцина, чуствував забрзан пулс, болки во рамото од невакцинираната страна, грбот, постепно и на целото тело. Внатрешните органи како да ми гореа, желудник, цревата се ми беше пореметено, болки во бубрезите. Стегање точно под градите како обрач и отежнато дишење. Спиев до пладне. Како одминуваше времето симптомите се намалуваа, до вечер тоа чувство како стегање под градите и отежнато дишење се повече. Втора ден, блага болка во раката каде што ме вакцинираа и здрвеност. Во текот на денот повремено чувство на студ, вечерта како да немав циркулација во рацете и во нозете, не можев да спијам воопшто, ми се здрвуваа и ми трнеа. Трет ден, се чувствував подобро, нозете сеуште ги чувствував чудно, растреперено, од време на време како здрвени од колената до стапалата, како во грч, исто како долго време да сум трчала. Повремено незначителни болки во телото. Вечерта цела ноќ не спиена поради срцебиење и неможев да земам потполно воздух. Четврт ден, срцебиењето продолжи до сабајлето, не можев да отидам во тоалет поради тоа што немав воздух, немав сила да се движам, до пладне останав дома и не станав од кревет. Петта ден, повремено забрзан пулс и отежнато дишењето ама траеше кратко, нозете исто ги чуствував како згрчени. Шести ден денес, многу подобро се чувствувам, конечно, само нозете сеуште така ги чувстувам, другото сум во ред се е смирено. Во текот на овие шест дена, немав темература, ми беше намален апетитот, чувстував гадење повремено, целото тело ми беше како потресено. Тешко ја поднесов вакцината. Не споделувам за да кревам паника, чисто информативно, затоа што сите што ги знам освен покачена температура и болка во раката, немаа други симптоми.
Вакцинирана со Синофарм. Од 1 доза-болка во рака, поспаност, омалаксаност, необично чувство на студ, бучава во главата и два дена како забавена снимка бев. Од втора доза- болка во рака 2 дена. Бучавата во главата од 1 доза постојано се појавува и искрено почна да ми пречи. Притисок нормален. Дали има некој со слично искуство?
Вакцинирана со фајзер 1 доза голема болка во раката неможев да ја кренам дури, болки во грбот, главоболка ми тежеа очите некако температура 37.1 траеше еден ден само. 2 доза помалку ме болеше раката од првиот пат, треска цела ноќ температура 37,болки ужасни по цело тело, тензија покачена многу 150/95, вчера сабајле примив 2 доза уште сум со болки и омалаксаност. Се надевам дека утре ќе бидам добра.
Жал ми е што овака тешко си ја поднела вакцината. Се надевам ревакцинацијата ќе ја поднесеш без никакви проблеми. Се намалува чувството на трнење во нозете? Знам и јас слични случаи со такви симптоми од Фајзер. Се надевам и тоа ќе помине за брзо.
Искрено и јас се надевам дека ревакцинацијата полесно ќе ја поминам. Да ми помина трнењето и згрченоста на мускулите, сега сум во ред .
Жал ми е што лошо си поминала. Јас после Спутник втората доза имав еден ден јако срцебиење, ама ништо ништо друго. Можно е да си имала благи симптоми на миокардитис, ама и тоа поминува. Сега со нови сили по втора доза. Може и да немаш ништо после втората доза.
Втора доза Фајзер примена вчера. Вчера само како омалаксана бев а денес едвај од кревет станав. Буквално како камион да ме прегазил. Уште вчера имав болки во грбот, денес се поинтезивни, главата ме боли, цела рака исто.
Пиј многу многу вода, петлова супа, и ќе помогне колку толку. И одмор колку што можеш повеќе. Наздравје вакцина!
Несакани реакции и бурни реакции има после втората доза на Фајзер. Од Астра после првата,но поблаги. Од мое семејство сите што беа вакцинирани со Фајзер после втора доза не можеа од кревет цела недела да станат со болки. Од Астра многу поблаги,дури кј лица 80+ Модерната исто два члена од семејството многу тешко ја поминаа. Со синофарм ништо,освен блага болка во рака. @Guns N` Roses Консултирај се дали да примиш втора доза.
@Cosmi моите со Фајзер полесно ја поминаа втората доза од првата. Нема правила кој како ќе помине. Знам и за лице со Синофарм со температури и слично после втора доза. Она што е најбитно е дека се тоа трае неколку дена и потоа поминува. И барем знаеш од што е. Лаганица тие неколку дена и толку.
Ако правите муабет за миокардитис, не е лошо да си види кардиолог девојката @Guns N` Roses . Не велам дека нешто е или не е, не се решаваат вакви работи со делење мислења на форум, најпаметно е физички преглед кај доктор.