@koritsaki , јас вчера се вакцинирав со Фајзер, 4-ти ден од циклус ми е, обично 6 дена ми трае. Засега нема разлика во однос на крварење во споредба со други месеци. Ми текна и мене на ова додека одев, ама па на толку чекање заради циклус уште да одложувам…. Засега се’ е во ред, се надевам така ќе остане. Се надевам добро ќе поминеш
@green.eyes фала ти , пре да закажам си викав само да не се падне ден кога имам добиено и ете се падна , баксуз невиден сум си викам добро да , не мора да значи дека нешто ќе биде , имам уплав од болки вакви доколку некое апче не ми помогне потоа морам инекции да одам да ми ставаат Ќе пишам како ќе поминам
Фајзер 2 доза денес во 10.30.. 6 часа после мала малаксаност, болка во рака немам, температура 36.2. До сега испиено 1,5 литар вода.
Можеш слободно да пиеш, јас се вакцинирав на трет ден добиено. Втората доза пред добивање ја примив и ми доцнеше еден ден. Имав болки, си пиев кафетин менструал по едно во различни денови. Ако имаш такво супер.
Два дена после прва доза Фајзер. Освен блага болка во рамо(незначителна), и вчера што бев малку малаксана (што може да ми беше повеќе од времето, отколку вакцината зошто сум метеопат) друго ништо не ми се случуваше.
24 часа од втора доза Фајзер. Освен блага болка во раката, ако држам мобилен и ако пишувам, а која поминува кога ќе ја одморам, и болка на допир на место на боцкање имав и малаксаност вчера вечерта ама ништо страшно. Друго ништо. Мајка ми исто. Јас 42 она 66.
17 часа од ревакцина со Фајзер. Болка на местото каде што ме буцнаа и малаксаност - ама тоа скоро секој ден сум малаксана, па не знам дали е од вакцината. Втор ден од менструација ми беше. Синоќа се напив бруфен заради болките од менструацијата. Маж втор ден од ревакцина со Фајзер. Малаксаност првиот ден - ама не беше спан ноќ пред тоа, па не знаеме дали е од вакцината. На здравје нека ви се на сите вакцините Навивам што повеќе од нас да се вакцинираат, за конечно да се вратиме на старата, добра, неконтролирана социјализација *Јас 43 години со хронични заболувања Мажот ми 45 години со хронични заболувања
@WildMk на здравје. Јас имам и некоја алергија, нос ми течр, кашлам, ама тоа ми беше и пред вакцината зашто носев 8 саата маска. ( Аир да не види тој што ја донесе мерката да не се работи со ротации и сега бевме 6 души во канцеларија со прозор што се отвара малку нанадвор). Така да добро е.
Не мора да значи дека нешто ќе се смени. Ако се смени може да е од вакцината и не е ништо страшно. Инаку мене ми беше променет следниот циклус, не тој во кој ја примив вакцината. Ама јас имам ПЦОС може и тоа игра улога хормоните и јајниците секако ми се хаос.
После 1ва доза Фајзер само болка во рака, неможев ни да ја кревам, два дена После 2ра, следниот ден, препотување, малаксаност, болки по цело тело, до толку што и кожата ме печеше. Пиев парацетамоли, траеше ден и пол. Температура немав, ама вриев од внатре и цела со херпеси се исфрлав
@WildMk @nena2010 @Ano на здравје нека ви е. И јас да се пријавам , 8 часа поминаа како се вакцинирав со Фајзер прва доза , освен мала болка кога ќе ја кренам раката , ништо друго немам. Ако не дај Боже нешто друго се јави ќе пишам
Нанздравје и тебе. Јас веќе сум како нова, дури ни раката не ме боли. Инаку мм вчера вакциниран со втора доза фајзер. Вчера само болка во рака. Утрово имаше блага малаксаност, го одлежа утрово и веќе и тој се осеќа добро.