Трет ден по вакцинацијата со Фајзер, завчера ноќта имав болки во раката , не можев да се свртам воопшто во кревет дури се будев од што ме болеше. Исто и мм. Вчера при допир само болеше. Денес немам ништо. Ќе пишам по ревакцинацијата повторно
Колку дена трае отприлика болката од Фајзер? На мајка ми втор ден многу болка има во раката, а обично ретко се жали.
Четврт ден од втора доза со Фајзер. Болката на местото каде што е буцнато скоро исчезна, сега ме чеша. Спијам по 15 саати тотал, не знам дали е од вакцината, бидејќи и друг пат ми се случувало. Се вакцинирав на вотр ден од менструација и од наредниот ден протокот ми се намали и престана да ме боли стомакот. И маж ми исто, освен делот со менструацијата
И до кога ќе биди вака? Ај мене не ми прај разлика, ама маж пропушти работни обврски и кога е буден е нервозен и работи двеста на саат.. не смејш да му зборниш од шо е под стрес
Исто и мене. И работам и сум полузаспана. Вчера змија да ме каснеше ќе се отруеше од мене од што бев нервозна. До 1 недела траело. Така ми кажаа тие што поминале.
Вакцинирана со една доза фајзер, реакција, 10дена болки во рака. Првите два дена болката беше локализирана околу местото на боцкање, потоа ми се воспали раката под пазуви и цела лева града. Претпоставка воспалени лимфни јазли, иако немав видливи отоци. Анелгетик не помагаше, облоги не помагаа, првите денови болката беше стварно голема, не можев ни да спијам. Продолжив упорно да ја користам раката најнормално што можам, правев и вежби, со тек на време се намалуваше болката, и еве сега веќе ја нема. Мислам дека најмногу ми беше мачно што не знаев колку време ќе трае, и мислев дека си добив уште една болка за цел живот Имам многу "слаби" точки во организмот, и изненадена бев што немав реакција во тие делови. Се надевам втората доза ќе биде помилозлива
Јас ќе споделам искуство со вакцината Синофарм. Се вакциниравме со мм во петокот во Ниш, прва доза. Јас освен омалаксаност и главоболка, други реакции немав. Мм имаше температура цел ден во саботата и тоа се качуваше до 39,6. Му давав парацетамол. Во неделата веќе немаше температура, но беше омалаксан и без апетит. Се надевам дека втората доза ќе ја помине полесно.
@kravce не се плаши. И кај другарка ми така беше. Нормална реакција е. Инаку кој се плаши од реакции од вакцини нека не се ни вакцинира. Реално е да очекуваме дека ќе имаме некоја рракција, кој посилна кој појака. Не е ништо страшно.
Нас ни се спиеше многу после втората доза Спутник. Траеше околу недела дена. Ние мислевме дека ни е од патот зашто возевме до Белград, ама испадна од вакцината било. Ама првите три дена беа најлоши од аспект на поспаност. Потоа стана полесно. Само навечер порано легнувавме. Искрена да бидам кога примив вакцина мислев дека немам ништо како нус-појави, освен болка во раката во првата доза. Сега како пронаоѓам дека и други луѓе поминуваат низ исто сфаќам дека дел од работите што ми се случувале околу вакцинацијата ми биле од вакцината. Пример: малаксаност и поспаност, промени во циклус, срцебиење (ова после втора доза).
Јас да пишам упдејт за мојот случај. Бев на доктор на преглед, согласни се дека е несакана реакција од вакцината, имам пароксизмална тахикардија. Ми препишаа терапија, сега срцето ми е смирено. Ова беше на интернист. Но ќе одам деновиве на кардиолог, за детално да ме прегледаат зошто не ми направија ехо на срце, бидејќи кај нас здравството е крш.
Што ти рече докторот, ревирсибилна е? Ќе помини, така? Иначе јас имам тахикардија од тироидната и веќе пијам терапија, како тебе @nena2010
Се вакцинирав со Фајзер и од наредниот ден температура до 37,5 и тахикардија па баталив обично кафе и земав безкофеинско и избегнувам сол
Има време да ми дојде ред за вакцина ама вака чисто ме интересира искуство кај луѓе со чести тахикардии, дали може да се јават како реакција? Оти погоре ова неколку што пишале ме уплаши. Последниве две години ги држам под контрола со регулирана исхрана и физичка активност, инаку ги имам скоро 9 години Двапати сум стигнала на ургентен од јака и долготрајна тахикардија. Ваљда не би требало да реагирам премногу кога ќе се вакцинирам нели?
Верапамилчето ми е мене другарче. Си пијам од 40. Тоа не е ништо страшно. @Tan4ence штом си имаш историја со тахикардија консултирај си се со доктор, може да ти даде верапамил или непто слично за тогаш. Јас го пијам по потреба не ми е терапија.