Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Реакции од вакцината против ковид

Дискусија во 'Коронавирус' започната од ph.orhideja, 29 април 2021.

  1. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    18.959
    Допаѓања:
    179.633
    Malmed.gov.mk ?
     
    На WildMk му/ѝ се допаѓа ова.
  2. ForeverYoung

    ForeverYoung Популарен член

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    655
    Допаѓања:
    1.956
    Страшно за негативните реакции после фајзер.. :( Се вакцинирав со прва доза фајзер и веќе страв ми е за вторава доза. После првата доза имав само малку болка во раката при допир/движење на рака и омалкасаност. Се одлучив за фајзер заради тоа што е призната во европа па најмногу за да немам проблем при движење...инаку би ја одбрала кинеската.
     
  3. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    17.284
    Допаѓања:
    113.769
    Пол:
    Женски
    Јас сум со Фајзер комплет вакцинирана. Никакви сериозни реакции немав. Знам за луѓе од Синофарм имаа реакции. Тоа е. Затоа велам кој се плаши нека не се вакцинира.

    4. What are the side effects of the Pfizer-BioNTech COVID-19 Vaccine?
    There is a remote chance that the Pfizer-BioNTech COVID-19 Vaccine could cause a severe allergic reaction. A severe allergic reaction would usually occur within a few minutes to one hour after getting a dose of the Pfizer-BioNTech COVID-19 Vaccine. For this reason, your vaccination provider may ask you to stay at the place where you received your vaccine for monitoring after vaccination. Signs of a severe allergic reaction can include1:

    • Difficulty breathing
    • Swelling of your face and throat
    • A fast heartbeat
    • A bad rash all over your body
    • Dizziness and weakness
    Side effects that have been reported with the Pfizer-BioNTech COVID-19 Vaccine include1:

    • Severe allergic reactions
    • Non-severe allergic reactions such as rash, itching, hives, or swelling of the face
    • Injection site pain
    • Tiredness
    • Headache
    • Muscle pain
    • Chills
    • Joint pain
    • Fever
    • Injection site swelling
    • Injection site redness
    • Nausea
    • Feeling unwell
    • Swollen lymph nodes (lymphadenopathy)
    • Diarrhea
    • Vomiting
    • Arm pain
    Ова е од официјалната страна за Фајзер.
     
    Последна измена: 17 јуни 2021
    На WildMk му/ѝ се допаѓа ова.
  4. ForeverYoung

    ForeverYoung Популарен член

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    655
    Допаѓања:
    1.956
    Се надевам дека не сум во право, ама според луѓето што ги знам и се вакцинираа, а и од форумот исто така добив впечаток дека со кинеските имаат многу малку негативни ефекти додека со фајзер сериозни, и такви реакции на организмот не ќе да се на арно. Секако дека поголем дел од луѓето нема да имаат сериозни негативни ефекти (се надевам и долгорочно) ама бројот на луѓе што имаат сериозни последици не ми изгледа за потценување. Лесно е да кажеш нека не се вакцинираат тие што се плашат, ама можеби и членкиве што репортираат тахикардии, алергии итн не се плашеле па сега за жал поминуваат низ ова. А и нели не е поентата да не се вакцинираат луѓево, нели сакаме да се ослободиме од вирусот... Со лесно на сите (fingers)
     
    Последна измена: 17 јуни 2021
    На tinka-mace, Billy Idol, mareane и 3 други им се допаѓа ова.
  5. Guns N` Roses

    Guns N` Roses Популарен член

    Се зачлени на:
    25 август 2017
    Пораки:
    3.702
    Допаѓања:
    16.278
    Пол:
    Женски
    И да се плашиш и да не се плашиш не го менува фактот дека може да ти се јават несакани реакции, сите се вакцинираме од што мораме, не од што сакаме.
     
    На Okica му/ѝ се допаѓа ова.
  6. AneSk

    AneSk Популарен член

    Се зачлени на:
    5 мај 2010
    Пораки:
    428
    Допаѓања:
    1.187
    Пол:
    Женски
    Мајка ми се вакцинираше со фајзер и двете дози ги прими а она има 3 операции правено плус со притисокот проблеми и терапија ни еден симптом на нус појави не покажа дури и раката не ја болеше.
    Мм се вакцинираше исто заедно со фајзер освен раката што го болеше друго ништо.
    Јас лично сум за вакцинирање бевме пријавени и тука кај нас, и преку фирма се пријавивме и јас инсистирав да се вакцинираме затоа и отидовме до Ниш само за Фајзер.
    Јас не се сомневам во вакцината само едноставно си ја кажав маката што ја добив и што реакција имам од вакцината ( ако се ова што ми се случува е од вакцината)
     
    На WildMk му/ѝ се допаѓа ова.
  7. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    17.284
    Допаѓања:
    113.769
    Пол:
    Женски
    А мислиш јас лесно ја поминав втората доза? Од саботата денес дури се осеќам подобро. Болки низ цело тело, глава матна, brain fog, болка во кичма.. Раката мање више не се замарам. Ама тоа се симптоми на ковид. Тоа го чувствувале луѓето со ковид!! Поентата на вакцината е да примиме прочистена верзија на заразата која ќе развие доволно одбранбен механизам, за и да се разболиме да го поминеме со лрсни симптоми а не да се плашиме секој момент дека ќе умреме.
     
  8. Ahoy

    Ahoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јануари 2020
    Пораки:
    9.502
    Допаѓања:
    39.116
    Пол:
    Машки
    Сериозните несакани реакции се исклучително ретки, како од АЗ, ЏЏ, Спутник, така и од Фајзер и Модерна. Не треба тоа да ве плаши за да се вакцинирате, сите нус појави минуваат за неколку дена. И посериозните кои за жал ете ретко се појавуваат, се третираат и главно минуваат без фатални последици.

    Во пракса и она што го гледам околу мене, јасно може да се заклучи дека вакцинираните со Синофарм далеку полесно ги минуваат обете дози, што е и разбирливо за платформата на која таа вакцина е базирана. Сејф енд стеди си гради имунитет, кој е ефикасен без сомнение, исто како и на другите вакцини.

    Да имав можност да се вакцинирам во Март, Април, и да требаше да бирам, ќе се вакцинирав првенствено со Фајзер или Спутник (и АЗ ако беше одобрена, или Модерна ако беше достапна) поради тоа што од нив практично веднаш се добива имунитет. А сега, со вака ниска инциденца, пре би избрал Кинеска вакцина, независно дали Синовак или Синофарм. Ова ако можев да бирам, што нема потреба, па со која и да имам прилика веднаш ми се чипирал.
     
    На Dust, JoyJoy, natasam и 6 други им се допаѓа ова.
  9. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.256
    И мене ми беше страв да се вакцинирам... нови вакцини, секакви муабети се шират.
    Навивав да биде со фајзер, иако е нов метод и ете, таа ми се погоди.

    Ни јас, ни маж ми, немавме некои значителни нус-појави после двете дози.
    Втората беше 'потешка', во смисла се отепавме од спиење.
    Ама тоа и не е нешто што е загрижувачки
    'Како смо се надали, добро смо се удали'
     
    На Dust, nena2010 и Ahoy им се допаѓа ова.
  10. mKdevojce

    mKdevojce Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    2.165
    Допаѓања:
    15.455
    Јас мноогу полесно го поминав вирусот во споредба со реакциите и нус појавите што ги читам тука. Ниту тахикардии, ниту трески, ниту малаксаност, зашематеност и болки. Читајќи тука а и од искуствата во околината можам да кажам дека сум имала "среќа" да стекнам природен имунитет.
     
    На renata77 му/ѝ се допаѓа ова.
  11. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    17.284
    Допаѓања:
    113.769
    Пол:
    Женски
    Си имала среќа да го поминеш со лесни симптоми. Јас сите што ги знам беа мнооогу потешки од тебе.
     
    На WildMk, ane.bella и Ahoy им се допаѓа ова.
  12. Autumn Love

    Autumn Love Популарен член

    Се зачлени на:
    3 декември 2020
    Пораки:
    1.976
    Допаѓања:
    5.316
    Па и не би рекла дека миокардит може да помине без фатална последица.

    Он топик: кај мене во фамилија имам вакцинирани со Синофарм (најголем дел), Фајзер и Спутник.
    Освен болка во рака (кај помладите), други несакани реакции никој не пројави фала Богу.
     
    На Ahoy и nena2010 им се допаѓа ова.
  13. Ahoy

    Ahoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јануари 2020
    Пораки:
    9.502
    Допаѓања:
    39.116
    Пол:
    Машки
    Знам дека миокардит е сериозна состојба, но колку што читав, не биле толку тешки форми на миокардит и најголем дел од пациентите се опоравувале за кратко време, за среќа :)

    И ако не се лажам уште не е докажано дека Фајзер предизвикува миокардит, а ниту бројките се поголеми во однос на невакцинираното население (10-20 случаи на миокардитис на 100 000 луѓе).
     
    На nena2010 му/ѝ се допаѓа ова.
  14. mKdevojce

    mKdevojce Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    2.165
    Допаѓања:
    15.455
    Не е докажано и никогаш нема да биде докажана поврзаност на вакцините со полесни или потешки последици. Се е ствар на случајност. :tmi:
     
  15. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    18.959
    Допаѓања:
    179.633
    1 на 3-6000 во Израел кај млади мажи.
    upload_2021-6-18_17-44-10.png
    Дури и ЦДЦ вели дека инциденцава не е баш вообичаена за оваа возраст.
    o 196 cases of suspected myocarditis after a COVID-19 vaccine were reported among young adults ages 18-24. This incidence of myocarditis is higher than expected for this age group.
     
    На JoyJoy и Ahoy им се допаѓа ова.
  16. JuLleE

    JuLleE Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    18.392
    Допаѓања:
    250.194
    Немој така жити се за светата Фајзер.
    Фајзер и ништо друго.
     
  17. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    18.959
    Допаѓања:
    179.633
    Или фајзер или шмајзер ]:) :tmi:.
     
    На Frosty!, Guns N` Roses, JuLleE и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  18. Ahoy

    Ahoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јануари 2020
    Пораки:
    9.502
    Допаѓања:
    39.116
    Пол:
    Машки
    Изгледа имам читано постара вест или вкупен просек за сите возрасти, не само 18-24 и мажи+ жени :|

    Значи во Израел е 0.02%- 0.05% :?:
     
  19. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    18.959
    Допаѓања:
    179.633
    Абе види, со недели го мозгам ова. Значи како инцинденца за цела популација и ризик од ковид воедначено е, ама како ризик од ковид во оваа возрасна група и ризик инциденца од вакцина не е баш:?:.
     
    На Ahoy му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Ahoy

    Ahoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јануари 2020
    Пораки:
    9.502
    Допаѓања:
    39.116
    Пол:
    Машки
    Има некој податок колку случаи на миокардитис има Ковид предизвикано? Оти нели најчесто се добива од вирусни инфекции. Или можда и нема, ако се јавува како пост- Ковид компликација кај тие што брзо се враќаат на вежбање и физичка активност.

    Немав размислувано до сега за ова, дали е подобар Фајзер или Ковид кај оваа група, проблеми ми преш :D
     
    На Biljarkata му/ѝ се допаѓа ова.