Фајзер прва доза. Реков не идам денес на форум, ќе сумирам се по некои 2, 3 дена, ама кај може човек вас да не ве прочита, па да помине без стресови? Засега не ми е ништо. Минимална болка имам во раката која почна 2 часа по вакцина. И тоа само ако не ми е во движење некое време, па болката е само кога ќе ја кренам/придвижам и после ништо веќе не осеќам, ко да не сум вакцинирана. Ако ми е и утре вака, од трет ден веќе нема ни да чекам нус појави, ќе ги нема. Озбилно чекам. Мајка ми е со две дози Фајзер, никакви реакции, освен болка во раката и тоа доста послаба по втора доза. Мм е со Џонсон, болка во раката од прв ден, периодична/издржлива главоболка и умор на вториот ден. Од третиот ко нов. И тоа.
И не може да знаат дали и после колку време ќе развијат срцева слабост како последица, за жал. Сакам да кажам и те како не е за занемарување ова што излезе за мРНА вакцините. ЦДЦ као допрва ќе истражува, ќе видиме што ќе донесат заклучок.
Не знам за миокардит ама како последица на Ковид има се повеќе инфаркти и кардиоваскуларни проблеми кај помлада популација. Ова го кажаа и кај нас, во ГОБ 8 септември имало толку случаи што ќе се отвара трета амбуланта за кардио.. https://novatv.mk/post-kovid-alarm-sekoj-vtor-patsient-razviva-tahikardija-tspo-prelezhan-kovid-19/ https://www.mayoclinic.org/diseases...th/coronavirus-long-term-effects/art-20490351
Леле,исто и јас. Овде читам температури,омалаксаност,главоболки,болки.... Јас немав ништо од ковидот,ниту примав нешто.Кога ќе прочитам овде или кога ќе слушнам лично,поаѓајќи од моето искуство,се чудам зошто си приредуваат вакви работи луѓево.Знам дека имаше и многу потешки случаи од нашиве,ама имаше и исто луѓе без симптоми што поминаа ,а се вакцинираа од пусти страв.
Мајка ми втора доза фајзер во понеделникот,освен модрица на раката друго буквално ништо.. другиве околу мене со фајзер со еден куп реакции.
Постои цензура во медиумите и социјалните мрежи за мРНА вакцините. На оваа тема многу контраверзно видео од основачот на мрна технологијата. Dr. Malone Треба отворено да се разговара и за можните последици,не да се цензурира и молчи. Завршено е и првото истражување после обудкција на починат после вакцинација,спајк протеини се најдени во сите органи,не се задржале мускуларно. А добија одобрение за вакцинирање бидејки тврдеа дека ке останат мускуларно. Некој треба да одговара. Теретот на докажување на сигурност е на производителот. Тој дел беше прескочен, Се додека не ги знаеме последиците од вакцинирање со мРна вакцини,ова ке биде safety експеримент на голем примерок. Од друга страна оние кои не се вакцинирани ниту прележани ке се резервоар за зараза. Но,бидејки имаме можност да се вакцинираме со кинески традиционални вакцини,тоа треба да го искористиме.
А и лек ќе има. Не дека досега немаше, ама не беа профитабилни, затоа овој е супер https://www.cnbc.com/2021/06/16/reg...ave-lives-in-hospitalized-covid-patients.html Ај баш да го споредам колку е ефикасен во споредба со тие безвезните ефтини и ,,небезбедни,, лекови.
Ова ќе го ставам тука, кој сака нешто плус да прочита во врска со случаите со миокардитис. https://www.tctmd.com/news/papers-p...tm_medium=email&utm_campaign=Newsletter061721
@Ahoy ти бараше врска меѓу ковид и миокардитис, ај сега исчитај го ова. https://www.tctmd.com/news/cmr-boosts-detection-myocarditis-college-athletes-after-covid-19 Не ми е ни мене исчитано за да имам заклучок, сепак земи предвид дека таргет групата е многу лимитирана за генерални заклучоци. Абе цело време баби и жаби се споредуваат, i wander why
Да во главно е од mRNA вакцините и обично е кај млади. Ретки случаи, но сепак добро е да се знае и да се реагира на време со соодветна терапија. А не кај нас изгубениве доктори да креваат раменици како изгубени случаи(премногу сум револтирана од докториве, не ме прашувајте зошто), со оглед на тоа дека младите сега ги вакцинираат со фајзер моментално кај нас. Претпазливост треба да постои.
Фактот што ова упорно се повторува напамет иако фактите а и истражувањата велат дека сеуште нема доволно докази дека вакцината спречува трансмиција/ширење зараза ќе си земам за легитимно право да напишам и дојдам до заклучок дека се работи за пропаганда и ништо повеќе.И самата пиша дека има цензурира-ова треба да е доволен аларм за понатамошна слепа доверба(кога цензура била потребна таму кај што се делува регуларно и во корист на вистината?)но од некоја причина(пак читај пропаганда) не е,ако и понатаму слепо се верува на вакви "авторитети" тогаш сте стварно безнадежни случаи со коишто не може да се рационализира и џабе е да се троши време и енергија во дискусија за барање на вистината поткрепено од наука и некои од вас ќе морате стварно со глава во ѕид(голем дел за жал беспотребно пошто и не се згрозени категории а ќе развијат нус појави и веќе се дешава поради вакцинација од пусти страв .И да нус-појавите не се појавуваат само на неколку дена/недели и после зелено светло и се е ок тек последиците ќе се покажуваат по неколку години ама и тогаш ќе биде приказна па не сум сигурна дали е до вакцината како и сега кога се спомнуваат нус појави денови после вакцинација(меѓу кои и фатални)и така во круг на апсурди.Не, не сакам да ширам паника ама неможеме да ќутиме и жмуриме на факти и вистина само да не им го срушиме безбедносното меурче на оние кои што сакаат да веруваат во бајки и само она што им одговара на уфце.И да можам да поставувам тука тврдњи на проф.медицински лица,вирусолози,имунолози нобеловци кои одат во корист на ова што го пишувам ама се ќе се земе под резерва и како анти-вакс пропаганда(во паралелниот универзум на бајките кој што царува моментално) така да ќе ми простите што не би да трошам енергија и време за џабе.
Како сте тргнале со постовиве ние што примивме Фајзер да си купиме гробно место.. А кинескиве колку се ефикасни ќе видиме... Кина ништо не објавува. Така да продолжете само..
Моментално ова е 4та фаза од клиничкото испитување на вакцините врз населението. Тек за неколку години ќе видиме која вакцина какви се несакани рекации предивикува и пост компликации од истите. Истото се однесува и за прележаните од ковид.
Ако е така ајде сите да испоумреме. Да не се вакцинира народ, да играме руски рулет. Цел свет се вакцинира, САД, ЕУ, Австралија и тоа Фајзер, Модерна и АЗ, ама кај нас биле најголемите експерти за мРНА вакцина која види чудо не е нова технологија, се работи на неа и се користи од 1990те години. Значи аман веќе, темава бетар од оние антиваксериве стана.
Значи не сме антиваксери, туку претпазливи. Знаеш дека сум прв за вакцинација, со било која. Ама дека треба претпазливост со мРНК, треба. Колку и да се испитувани, се тоа било под контролирани услови, клинички, сега за прв пат се пуштени за широка употреба низ целиот свет, за сите луѓе, не само за волонтери
Ти барем треба да си поупатен што е мРНА вакцина. Јас што сум лаик па повеќе верувам во однос на ковид.
Јас да сум на место на вас вакцинираните немаше да ја читам темава. Сте минале на ред, минало време од тогаш, ете ти баш таа ја сакаше и имаше 100% доверба во таа, не гледам поента да се замарате дополнително, секако враќање нема, сте поминале и сѐ било ок. Џабе се замарате и убедувате. Од разни причини разна вакцина си преферираат луѓето. Избор ако сака некој, освен Србија друга земја нема што тоа го нуди. Така што, не гледам поента на упорното убедување на другите.