Баба ми и дедо ми 83 и 84 со АЗ. Пред речиси еден месец. Баба ми болка во раката, 2 дена. Дедо ми ништо. Чекаат ревакцина. Братучед ми со Спутник, чека ревакцина. Немаше реакции.
Мое искуство (38 години, без хронични заболувања) - вакцинирана со Спутник, после првата доза апсолутно никакви реакции, а по ревакцината болка во раката 3-4 дена, омалаксаност и тт 37.5 првиот ден.
па искрено и вакцината е непредвидлива. Многу починале по примањето кај некои дале последици. Блиски луѓе што ги знам брзо по примањето биле позитивни на ковид и јас искрено веќе не знам кој пат да го фатам
Kade toa pocinale a tie sto bile pozitivni e oti se opustile a gotovo imame vakcina I zastitetni sme, ne mislejki deka treba vreme za da se stvorat antitela.
Марчи златна, нема потреба од вакви коментари, најсериозно. Има луѓе од овде кои се вакцинирале, очекуваат вакцина или нивните бблиски се вакцинирале, вакви глупости не се потребни. Немој да сееш паника и страв. Ти го разбирам стравот ама нема потреба од вакви негативи.
Брат ми се вакцинираше и прележа ковид, фала Богу без компликации. Поради вакцината. Јас не слушнав ни прочитав некој да починал од вакцината, ама од ковид да. Понепредвидлив е вирусот. Искрено, порадо ризикувам со вакцина отколку со болеста. Ако веќе имам избор. Не мора да се вакцинираш, доброволно е.
Вакцинирана со Спутник,завчера со втора доза.Реакции скоро никакви.После првата доза само болка во раката,после вторава доза првата ден мала незначителна омалаксаност неколку часа...
тие што се вакцинирале или очекуваат вакцина и се цврсти на тој став да се вакцинираат сигурно знаат повеќе од мене. Јас само кажав тоа што знам и мое мислење но не и искуство. Што значи дека може не сум во право
Ме интересира нешто, вие што сте прележале ковид и што не ви се вратил мирисот и вкусот, дали откако ја примивте вакцината ви се врати?
Вакцината воопшто нема дејство за тоа. Клетките ( рецепторите за вкус и мирис) ќе се регенерираат самите, кај некои порано кај некои подоцна
Дедо ми се вакцинираше со Астра, пред околу две недели, немаше никаква реакција, 77 год, со атеросклероза и со терапија за срце е, сега ќе чека ревакцина и засега е супер. Баба ми се вакцинираше пред 5 дена, 75 год со Астра исто немаше реакција, добра е, инаку е со дијабет, хипотероидизам и некоја болест на мозокот која моментално ја испитува. Супер се и де надевам ќе биде исто и со ревакцината и ќе си створат антитела.
Вакцинираните со втора доза дали добивте или ќе даваат дополнително некој друг документ освен тоа ливчето?
Јас вчера откако објавив на фб дека сум се вакцинирала, добив порака од еден загрижен другар, како братучед му почнал да моча крв после вакцинирањето и многумина околу него добиле тегоби(какви, непознато). Ѝ го кажувам ова на другарка, медицинско лице што работи во Америка, која се вакцинираше и си ги вакцинираше и децата, се изнасмеа и рече дека типот што мочал крв да отишол да си провери урина. @marchi-cool пиле, ништо лично против тебе, ама мислењата кои не ни се базирани на медицински факти мислам дека треба да си ги задржиме за себе. И јас лично сметам дека вакцините не се доволно тестирани, а сепак се вакцинирав. Зошто? Затоа што работам со лица кои се во ризична група, повеќето од нив имаат примено вакцини, ама не сите. Оние што примиле вакцини немаат никакви негативни ефекти, ама имаат оние што прележале ковид. Освен тоа, има големи шанси да закачам ковид на работа(затоа што може да се случи да имаме пациент кој има ковид) и сметам дека последиците од болеста, како на мене, така и на мојата фамилија, би биле поголеми. Вакцината сеуште е опционална(за оние кои можат да ја примат), да оставиме секој да си одлучи за сопственото здравје.