Не е за браво. Не отишол по своја воља туку од страв дека од септември нема да може да се врати на работа. Директорката ги товарила во комбе сите на вакцина а таа не се вакцинирала оти "имала" антитела, дури 20 на број.
Сигурно директорката ги натоварила. И да е така, треба да си ги знае човековите права. Никој не може да те натера на вакцина! Ни работодавецот. Нема ни да имаат право во блиска иднина да условуваат работа со тоа Може се плашиш да кажеш дека татко ти има мозок за разлика од тебе, па се вакцинирал. А ова со очите ми е баш као: Се вакцинирав денес, отидов во Веро на каса, касиерката ми се намршти, после излегов надвор почна да грми, па заборавив паркинг да платам… до вакцината ли е???
Муабетов со присилување за вакцина, ми е ист ко со ставањето дрога во пијачки. Дај кажете во кои фирми присилно ги тераат на вакцина, од кај мене на работа пола колеги уште чекаат термин. Исто и дрога ако знаете кај ставаат кажете
Присилното вакцинирање во фирма оди вака: Во феб.: 2/20 вработени сакаат да се вакцинираат. Во март: 3/20 Во април: 5/20 Во мај: 14/20 Ден пред вакцина никој не сака да се вакцинира, следниот ден 20/20 одат доброволно на вакцина. Од искуство де
Втора доза Фајзер, првите два дена болка во раката (помала од првата доза) и ден после боцкањето многу ме болеа мускулите низ цело тело и половината. Еден парацетамол го среди тоа. Друго ништо немав од реакции, би рекла полесно поминав со втората доза, ни замор не осетив овој пат.
Никој не може присилно да го натера да се вакцинира, човекот сакал да се заштити сепак знаеме каков може да е исходот од заразата. Несакани ефекти од вакцината кај некој се поизразени, кај некој ништо, се зависи до организмот.
Три дена по примена прва доза Модерна. Освен локална болка во раката,никакви други реакции. Ке пишам впечатоци и по примањето на 2ра доза.
И јас имав болки во половина и од прва и од втора доза. Еве две недели после втора доза јас сум супер. И циклус нормален си имав, и се. На здравје да ти е. Викендов планирам да правам антитела тест.
Да си пишам и јас. Вториот цилус по вакцинирање си се врати во нормала. И по времетраење и по обилност.
После 52 ч од првата доза со фајзер добив urticarija од овошје. Дали би ми дозволиле за втора доза да примам од фајзер ???
Да зошто не би ти дозволиле. Не знам како е едното со другото поврзано. Ако имаш алергика реакција од вакцината таа се појавува одма. Не после каснато овошје по повеќе од два дена. Ова што си го добила може да е реакција од некој пестицид со кој е прскано овошјето или си развила алергија на тој тип на овошје.
Прележан Ковид есенскиот бран (лесно) испитани антитела после 5 месеци, немав. Фајзер прва доза после 7+ месеци, болка во раката 2 дена, замелушеност 1 ден. Фајзер втора доза болка во раката 1 ден и поспаност 1 ден.
Татко ми вакциниран со прва доза АЗ, температура до 38.5, малаксаност, болки во раката. Два дена му траеше. Мајка ми вакцинирана со Фајзер, малаксаност, температура до 37.5, болки во цело тело, поспаност, главоболка, притисокот и беше покачен, исто два дена само. Велат се чувствувале исто како кога беа заразени. Сите што чекате термин да си дочекате што побрзо.