Nekoj hormonalen status da napravil posle vakcina? Jas pravev po 3 nedeli, super bev, osven hashimototo malku takka ujacano, so pokaceni anti tela, a tsh mirno 1. I sega u misla mi e antitelava da ne mi ripnale od vakcinava, ama toa vajda nikoj nema da mi go potvrdi
Денес примив Фајзер прва доза. 15 минути после вакцинација почна да ме боли раката, а околу 1 саат после вакцинација почна и да ми трне раката плус болката што уште трае. Моментално ме боли главата, имам тапа болка кај синусите и над нив и ми се врти..
Денес маж ми прими прва доза Синовак. ( Во минатото има доживеано пеницилински шок). Се во најдобар ред помина. Сега засега никаква реакција освен мала жештина на самото место каде што е боцнат.
Антипиреа лепенка нека стави, мене многу ми помогна. После може магнети да лепи, пошто гелот остава леплив слој, и така да им прави финти на другите На здравје нека му е
Фала. Почна да изведува веќе, пред малку ставаше магнет на местото глеј вика не паѓа, таман викам чипот на место е. У наша куќа сите со кинески чип сме, само неговата малку се разликува за некоја буква де, ситница.
И мој апдејт по 48 часа да кажам Ми ставија вакцина во вторникот, не ме болеше ама се осеќав многу омалаксана Е затоа вчера многу ме болеше раката, а омалаксана па не се осеќав Еве денеска ни рака ме боли ни омалаксана, new girl, who dis?
Ме чипираа и мене денес. Синовак, прва доза, засега сум супер иако очекувам умор подоцна во текот на денот оти од сите што беа вакцинирани со Синовак слушнав вакви нуспојави. Само боли раката кај местото, како и секогаш по промена вакцина. Игле минијатурно, 5 секунди работа, но по боцкањето некаде околу пола минута се онесвестив и потоа имав гадење и повраќање. Самата постапка не беше страшна воопшто. Имам фобија од игли, мислев ќе издржам ама стравот ме победи и овојпат. Освен примање вакцина во легната положба со покренати нозе има ли друг начин да се спречи ова? Ми стави сестрата памук со алкохол под нос за да вдишам, ми поткренаа нозе, ама ова откако изгубив свест и почнав да се враќам полека. Заминувам малку оф топик ама преку глава ми е оти чувствувам срам и ствара стрес на луѓето околу.
Битно минало, не е срамота, ако ти е некаква утеха јас се онесвестив пред цел аудиториум еднаш Исто од страв На здравје И денес ли дава да се бира вакцина бтв?
Денес вакцинирана со Фајзер, со маж ми и засега никакви реакции. Минимална болка во рака. Се надевам така и ќе остане
@Anabelle.Amorette за ревакцината не си ја мачи душата, напиј си се нешто за смирување и ќе пројдеш супер. Мене мојов доктор ме знае каква сум, уште кога се "пофалив" дека добив термин ми рече обавезно да се напијам нешто пред да отидам и послушав. Супер поминав таму, не ме фати паника и за ревакцина иста шема ќе терам. Тоа е. И јас се одлучив за Синовак. Таман кренав раце од терминот, бевме решени да одиме до Србија викендов ама минатата недела добивме порака и завршивме работа неделава. Првата вечер ме болеше само плешката и многу лошо спиев, температура немав ама знаев дека нема да ме одмине. Следниот ден си кренав саглам температура и вкочанета ми беше раката. И покрај тоа што сè си работам со неа и ја активирам, продолжи да наболува. Немам болка-болка, туку чудна некаква нелагодност долж целата рака ама ја мрдам, си работам со неа и океј е. И мноооогу сум поспана, значи толку не ми се спиело во живот, не можам да се изнаспијам. Муж ми убеден дека втората доза ќе нè кутнела, работел Кинезот немало лабаво. И стварно, што убавко си работи. Испаривме мислам, си крчкаме. Шала на страна, со оглед на тоа колку бев испоплашена, супер пројде сè.
Денес и јас се вакцинирав, со Фајзер. Сега за сега никакви нус појави нит болка во рака нит трнење нит температура. Се надевам ќе остане вака. Здравје на крај на месец ревакцина.
Да прашам и тука.Денес бев кај матичната,ми се активирала алергијата(ми тече носот,кашлам и кивам)а имам термин за вакцина.Дали некој примил вакцина а е под терапија за сезонска алергија?
И јас вчера со фајзер исто минимално раката скоро ич . Се смеам дека со физиолошки ме вакцинирале Амааа се се плашам за ревакцина дека ќе ми се наплати
Вчерa се вакцинирав со фајзер. Најпрво почнав да чувствувам дека ми е тешко кога ја движам раката, а најголема болка имав пред спиење, околу 12 часа после вакцинацијата. Денес чувствувам болка, ама сѐ најнормално си функционирам. Исто така преуморно се чувствував цел ден и спиев 10 часа, што не се случило не знам од кога и малку сум ко hangover цел ден.