Девојки која вакцина е најдобра? Многу се двоумам, затоа што планираме и бебе да имаме, а сите ме разубедуваат дека влијае на плодноста.Прележав ковид пред 9месеци и имам антитела. Не знам како е правилно.
Кинеска како традиционална 6и требало да е во ред. Иако по мое лично убедување, базирано на некои имунолози, прележаниот ковид ти е доволна имунизација.
И јас прележав пред 9 месеци и имам антитела. Се додека имам, немам никаква намера да се вакцинирам. Од прележаност нема подобра вакцина.
Вчера се ревакцинирав со Синовак. Првата немав ништо освен малку болки во раката, сега со вторава побурно ми реагира организмов. Многу омалаксана сум, зашеметена и нормално со малце болки на местото. Може и дека грло ме боли деновиве, паднат ми е имунитетот па ваква реакција, а и плус жешково.
Добро, да прашам, а ви се спие многу? Јес да сум потепана, ама толку спиење - мечка не ми е рамна. Инаку после прва доза ова Синовак. Имав мала болка во раката 2 дена, а спаваќа болест веќе 4ден ми е.
Ми се спие ама на периоди. На пример сеа сум океј. Ноќеска е ми се спиеше баш. Ама има некои периоди од денот што не знам како не паѓам од што ми се спие.
Мислам стоејќи можев да заспијам. До толку поспана не сум била никогаш. Добро си викам што немав други реакции, оти Миле Паника сум понекогаш.
Јас од првата доза исто вака бев поспана многу, исто како членката мислам стоејќи ќе заспиев Исто и мајка ми се жалеше дека многу и се спие. А еве втората доза немав никакви симптоми освен блага болка во раката. Јас сум со Синовак, мајка со Синофарм
Се изнаспав, и преку ден, и ноќе. И мајка ми иста реакција имаше, она очите да не можеш да ги додржиш отворени