Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Реакции од вакцината против ковид

Дискусија во 'Коронавирус' започната од ph.orhideja, 29 април 2021.

  1. bicycle

    bicycle Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2019
    Пораки:
    5.021
    Допаѓања:
    41.426
    Пол:
    Женски
    Опушти се, си заслужила.
     
  2. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    17.277
    Допаѓања:
    113.715
    Пол:
    Женски
    Ако е за утеха и јас иста бев со Фајзер. 2 дена преспав. А со втората доза бев те иммам сила те ме легнува.. Ќе помине. Тие се тие ефекти. Јас имав плус и главоболка и болки во препоните од лимфата.
     
    На Mnik му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    10.979
    Допаѓања:
    133.582
    Мене ми е 3 ден, ама денеска замолив маж да носи дете кај баба, да поспијам оти умирам. Вчера готвев ручек вечера шетање низ село, успивање, не знаев кај се наоѓам, а на работа ко за инат 100 предмети
     
    На Mnik и WildMk им се допаѓа ова.
  4. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.256
    Оти не зеде слободен ден бе?
     
  5. Harper

    Harper Популарен член

    Се зачлени на:
    11 април 2018
    Пораки:
    645
    Допаѓања:
    7.602
    Пол:
    Женски
    Исто и јас. Обично сум ранобуден човек, сега оваа недела алармот не го слушам и станувањето од кревет ми е измачување. На работа на стол можам да заспијам, ни кафе ништо не помага.

    Понеделникот се вакцинирав, Синовак.
     
    На Mnik му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    10.979
    Допаѓања:
    133.582
    Немам толку денови одмор за да користам за спиење :)))
     
    На WildMk му/ѝ се допаѓа ова.
  7. VDT2906

    VDT2906 Популарен член

    Се зачлени на:
    4 август 2017
    Пораки:
    4.307
    Допаѓања:
    19.643
    Пол:
    Женски
    Мене почна вчера после неколку саати да ме боли како притисок како некој силно да ме удрил по раката, имам и црвенило на боцнатото. Ме буткаше за спиење ама око не можев да затворам, дали од жештиниве. Денес помалце ме боли раката и малце како омалаксано се чуствувам. Маж втора доза Фајзер не го болеше раката воопшто само му се спиеше.
     
  8. Sexybaby86

    Sexybaby86 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 март 2012
    Пораки:
    4.997
    Допаѓања:
    96.215
    Пол:
    Женски
    Вчера сабајле втора доза Фајзер, синоќа цела ноќ треска и тт. Болката во раката знам дека е нормална, тоа и со двете го имав. Сабајле кога станав имав 38.5 и силна главоболка. Со парацетамол падна на 37.5. Сега цело време ме држи толку, ми се спие ужасно, глава ми паѓа. А морам да работам (од дома сум секако).

    Имаме испланирано продолжен викенд со мм и децава, попладне треба да тргаме. Се спремно и испланирано, ама не знам што да правам. Матичната ми е на одмор.

    Колку ве држела оваа омалаксаност и тт, кога да очекувам подобрување?
     
  9. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    18.943
    Допаѓања:
    81.253
    Пол:
    Женски
    Мене после секоја од двете дози (истата вакцина ја примив) премногу ми се спиеше. Станувам од спиење (а сум спиела 12 саати, што никогаш ниту ми одговара ниту правам во нормални услови) и пак ми паѓа главата и ми се спие. Ме држеше ова неколку дена.

    Втората доза не ме утепа толку, имав скроз мала температура вториот ден и не пиев ништо, помина сама од себе. Е само многу повеќе ме болеше плешката и раката кај мускулот. Спиев по 14 саати. И пак ми се спие ко да не сум спиела со денови. |(
     
  10. dunika

    dunika Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 март 2012
    Пораки:
    3.764
    Допаѓања:
    93.618
    Пол:
    Женски
    12-16 часа од прилика.Бев ко воз да ме згазил.Првпат треска имав во животот.Проблем плус ми беше што морав утрото рано да станам,малава ме бараше,па и се цицаше.
    Од што се осеќав уморно ми дојде нагон за повраќење дур ја пресоблакав,среќа м.м беше дома.
    Приквечерината магично исчезна се..чудно

    Обично 12-24 ч трае ваквата реакција,мислам до вечер ко нова ке си.Оди си на викенд и одмарај колку можеш,пази си го организмот недела две:hug:
     
    На mal.ecka и Sexybaby86 им се допаѓа ова.
  11. SuperGirl24

    SuperGirl24 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 март 2012
    Пораки:
    2.463
    Допаѓања:
    48.545
    Пол:
    Женски
    И јас вчера 2 доза Фајзер.
    Божем ништо не ми беше, денес сум ко ваљак со земја да ме смазнил. Тт ме боли секое кофче у телово, омалаксана и поспана. Утре идеме на одмор до пола сум спакувана се надевам ќе помине да се средиме ко луѓе до вечер.
     
    На mal.ecka, Sexybaby86 и Orthophill им се допаѓа ова.
  12. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.256
    Боледување не би ти дале?
    Не е спиење, ионака мораш да одмараш после вакцина, то од доктор е кажано, не е бес.
     
  13. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    10.979
    Допаѓања:
    133.582
    Е да бе, па да ми скинат 30% плата :) не сум болна, уморна сум, изнемоштена. Боледување по повод вакцина нема. Др треба да лаже со друга шифра за да боледувам. Затоа, не комплицирам и да молам. Денови по вакцина на само у државно.
     
    На mal.ecka му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Anabelle.Amorette

    Anabelle.Amorette Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 декември 2013
    Пораки:
    3.075
    Допаѓања:
    44.180
    Пол:
    Женски
    Целосно пелцована, чипирана, како сакате речете, ми се смири психата. :D
    И замислете, успеав да додржам и да не се онесвестам, кога почувствував зуење во ушите им кажав, почнав да мрдам со нозете да локам вода, ме прснаа малце и не паднав за среќа. Ова е голем успех за мене, не ми се смејте.

    Инаку стандард, болка в рака, некако вторава повеќе ја почувствував, дури и како да заврте некако внатре со иглата, ептен језиво и чудно, којзнае како ме боцна, а и поголема трага ми се познава. Деновиве ионака бев поспана, малаксана веројатно од времево, а од пред боцкањето имав и главоболка + прв ден циклус, така што изнемоштеноста не можам да ја препишам на вторава доза.
     
    На Luminary, mal.ecka, Lianna Anna и 2 други им се допаѓа ова.
  15. Someonespecial

    Someonespecial Free-minded aesthete

    Се зачлени на:
    17 ноември 2012
    Пораки:
    13.106
    Допаѓања:
    163.637
    Пол:
    Женски
    Леле и јас со истава мака бев, на првата доза 2-3 минути по боцкањето ми се слоши, со зуење во уши и стемнување пред очи, па ме легнаа со кренати нозе и ми даваа алкохол да мириснам... не ми се случува првпат по доктори и посебно кога станува збор за игли, ама колку стрес - толку и брука ми е секогаш. :tmi: Вчера на ревакцина им кажав таму на персоналот за тоа пред да ме боцнат и ме седнаа на кревет неколку минути по боцкањето, ми дадоа уште одма превентивно памукче со алкохол и вода да пијам, па океј поминав.
    Среќа не ми се нашла некоја будала да снима првиов пат, оти дури и такво нешто видов пред некое време на твитер - видео од рандом жена што ѝ се слошило во Борис Трајковски постирано од антиваксер... :headbang:

    Инаку по првата доза само болка во раката имав еден ден, сега исто така ама малце посилна (денес веќе ми поминува), плус поспаност, а рано сабајле као од оние fever dreams при настинка ми се чинеше дека имав со будење испотена ама откако станав немам температура, се надевам толку ќе е...
     
    На Lella, Lianna Anna и Anabelle.Amorette им се допаѓа ова.
  16. monibejbi

    monibejbi Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јуни 2010
    Пораки:
    1.913
    Допаѓања:
    2.141
    Дечки дали имавте некои реакции од Фајзерот за ревакцибна:
    Јас вчера ја примив освен некоја блага болка во рамото друго не приметив:).
     
    На Lianna Anna му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Anabelle.Amorette

    Anabelle.Amorette Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 декември 2013
    Пораки:
    3.075
    Допаѓања:
    44.180
    Пол:
    Женски
    Остај, за иглата, нуспојавите од вакцината, апсолутно ич не се ни мислев. Ама тоа со онесвестувањето ми беше в памет оти ми е срам, а секогаш се наоѓа по некој паметен да се потсмева или гневно да вели „абе ај што ти е“.
    Слично и денес, од докторката...Да не сум се плашела од игли, тоа мора да се случи и не е страшно, психички мора да се спремиш оти еден ден требало од моево тело да излезе најубавото нешто на светот.
    Капа им симнувам на тие што раѓаат, особено природно, значи која храброст и сила е тоа не можам ни да си замислам ни да опишам. На бокс на лице место би умрела од страв од секој и сешто околу мене.

    Ама мајку му бе не можеш да минимизираш нечиј проблем споредувајќи го со друг. Не можам нечија болка или страв секогаш со породување да го споредувам особено кога ова се случува кај женски.
    Сакаме ли ние да имаме фобија од игли?
    Уште од кола не бев слезена нозе ми се сечеа искрено, иако денес ете успеав, издржав, само стварно многу е лошо да чуеш вакви работи, обесхрабрува уште толку.

    Забегав малку, ама изреволтирана сум.
    Инаку засега ми е добро искрено, пак нешто како притисок чувствувам во главата, но не знам дали е оти уште од утрово си имав проблем со тоа или можеби се интензивира од дозата. Болка в рака стандард, друго супер.
     
    На Lianna Anna, Guns N` Roses, noteforself и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  18. Leviosa2503

    Leviosa2503 Популарен член

    Се зачлени на:
    29 август 2018
    Пораки:
    461
    Допаѓања:
    1.229
    Пол:
    Женски
    Вчера примив втора доза фајзер. До синоќа само раката малку ме болеше, ама ноќеска се разбудив со тресење, не знам дали беше грозница или дека со отворен прозор спиев па ладно, ама едвај се смирив у секој случај. Исто раката ненормална болка. Се разбудив сабајле бев ок, само раката ме болеше едвај се облеков за на работа.
    До кај пладне ништо не ми беше, ама после почна една омалаксаност и главоболка и потења, сигурно имав температура. Се напив парацетамол и се смири малце.
    После накај дома почна да ме фаќа пак, и еве сум од тогаш ко претепана, ми се спие ко никад, омалаксана сум, сите можни мускули ме болат, едвај одам и најверојатно имам температура. Едвај држев очи отворени до сега ама не се мачам веќе ќе си легнам... Се надевам нема пак вечерва да се разбудам исто :worried:
    Како што со години не сум била болна и омалаксана вака, ептен ме утепа ова :(
     
    На srekice му/ѝ се допаѓа ова.
  19. srekice

    srekice Популарен член

    Се зачлени на:
    2 ноември 2013
    Пораки:
    4.104
    Допаѓања:
    10.415
    Пол:
    Женски
    Ние вчера примивме втора доза Фајзер. Маж ми исти симптоми како ти што наброја. Синоќа земаше ќебе да се покрие, го дрмаше грозница. Двајцата сме со херпеси на уста. Мене раката само ме боли, и вечерва ми потече како жлезда под пазува, во рака кај што сум боцната. И ужасно ме боли.
     
  20. Shugarspice

    Shugarspice Популарен член

    Се зачлени на:
    6 април 2017
    Пораки:
    161
    Допаѓања:
    1.953
    Пол:
    Женски
    И јас втора доза Фајзер сабајлево,раката за разлика од првото боцкање почна да ме боли 3-4 саати по боцкањето.Ама толку многу ме боли,не можам да ја кренам раката,а и од кревет да станам.Исто така за разлика од првата,со оваа ми се повраќа и главата ми зуе од што ме боли:sweat: