Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Реакции од вакцината против ковид

Дискусија во 'Коронавирус' започната од ph.orhideja, 29 април 2021.

  1. naturallmess

    naturallmess Популарен член

    Се зачлени на:
    10 ноември 2018
    Пораки:
    1.035
    Допаѓања:
    3.696
    Пол:
    Женски
    Вакцина и ревакцина пред 7 дена со Фајзер , првиот пат блага болка во раката неколку часа , ревакцината и помалку од тоа ме болеше ... колку повеќе ја движев раката толку помали болки имав , други смптоми никакви .
    Мм е малку паничар исти дати се вакциниравме ама он пустиот со перница под рака спиеше , многу го болело , па ациди борици ставаше , па парацетамол пиеше , цело време мереше тт , главата како да го наболнувало ама со различен праг на толеранција на болка сме ние двајца така да различно искуство имаме :)
     
    На le.soleil му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Lianna Anna

    Lianna Anna Популарен член

    Се зачлени на:
    7 март 2017
    Пораки:
    2.521
    Допаѓања:
    19.968
    Пол:
    Женски
    Исто е и кај мене. Се боцнав вчера втора доза и се уште не ми е ништо. Уште малку ќе поминат 24 саати и се надевам дека на ова ќе остане. Болката во рака ми е минимална, многу помала од првиот пат. Те цитирам уствари за да прашам дали остана само на тоа?

    Иначе за раката, кога се боцкате, мускулатурата треба да биде целосно опуштена. Болка пак ќе има, ама ќе превенирате поголема. Јас супер поминав и првиот пат и освен болката у рака, друго немав.
     
  3. sofija014

    sofija014 Популарен член

    Се зачлени на:
    8 октомври 2013
    Пораки:
    838
    Допаѓања:
    3.854
    Дали некој после втора доза со фајзер има болки во грло? Само го осеќам воспалено, не кашлам ништо, не знам дали е од вакцината или не.
     
  4. le.soleil

    le.soleil Популарен член

    Се зачлени на:
    18 август 2011
    Пораки:
    1.537
    Допаѓања:
    5.399
    Мажите се големи бебиња. :D
     
  5. danichap

    danichap Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    16.304
    Допаѓања:
    285.352
    Примена втора доза Модерна. Првично ми го закажаа терминот за 6 недели(може 4-6) но после делтава сменија на 4.
    Маж вторник е втора доза од Бионтех, му закажаа после 3 недели од првата.
    Прват доза супер поминав, сега чекам симптоми.
    Мајка ми ноќта после втора доза Модерна ја фати треска и омалаксаност, болки во тело и рака, ќе видиме како ќе минам јас.
    Аман заман само маж лесно да мине оти кој ќе го слуша:tmi::rofl:.
     
    На Luminary, 24.07, mal.ecka и 6 други им се допаѓа ова.
  6. PaLaVa

    PaLaVa Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јануари 2011
    Пораки:
    472
    Допаѓања:
    3.705
    Пол:
    Женски
    Јас во петокот примив втора доза Фајзер.

    Со првата имав само болка на допир во раката неколку дена и никакви други потешкотии од типот температури, малаксаност. Функционирав нормално. Исто еве и после вторава доза немам никакви реакции.

    Е сега се испаничив пошто денес опипав некој оток над клучната коска како топче грашок што е болно на допир. Читам дека таму има лимфни жлезди и дека се случувало да отечат после вакцинација на страната на која е боцкано. Малце фрка ме мавна, да не имал некој слично искуство? :|
     
    На Lianna Anna му/ѝ се допаѓа ова.
  7. black-angel

    black-angel Praefectus Vigilum Член на тимот

    Се зачлени на:
    14 декември 2009
    Пораки:
    2.652
    Допаѓања:
    4.556
    Пол:
    Женски
    Кaј мене е нa пaзувaтa, зa истoтo дoјдoв дa прaшaм
     
  8. PaLaVa

    PaLaVa Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јануари 2011
    Пораки:
    472
    Допаѓања:
    3.705
    Пол:
    Женски
    На Lianna Anna, JoyJoy и black-angel им се допаѓа ова.
  9. Witchy-style

    Witchy-style Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јуни 2012
    Пораки:
    701
    Допаѓања:
    3.973
    Пол:
    Женски
    Со првата доза Фајзер чувствував болка во раката и поспаност. Со втората доза болката во раката беше значително помала, но имав мала главоболка и поголема поспаност.
     
  10. Guns N` Roses

    Guns N` Roses Популарен член

    Се зачлени на:
    25 август 2017
    Пораки:
    3.696
    Допаѓања:
    16.251
    Пол:
    Женски
    Да има тука лимфни јазли, сигурно од вакцината е зголемено. Треба да се повлекува постепено како ќе минува време.
     
    На PaLaVa му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Lianna Anna

    Lianna Anna Популарен член

    Се зачлени на:
    7 март 2017
    Пораки:
    2.521
    Допаѓања:
    19.968
    Пол:
    Женски
    И јас се пријавувам со истата реакција, два дена по втора доза. Вчера утрото се разбудив со болка и оток под пазува. Болката движеше по целата линија од пазувата, надолу до половината. Денес ме боли само на допир, а отокот е уште тука.
     
    На Ketchup му/ѝ се допаѓа ова.
  12. dunika

    dunika Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 март 2012
    Пораки:
    3.764
    Допаѓања:
    93.618
    Пол:
    Женски
    Јас немав оток,ама ми се направи иритација,како габична инфекција,се исфрлав црвено под пазува,едвај се воздржував да не се одерам од чешање.Среќа имав една маст за кожни инфекции па се смири.Ми беше страв да не се прошири накај градата дека сеуште дојам.

    @danichap како си?
    Јас имав идентични симптоми ко на мајка ти,исто Модерна примив.
    Прва доза нешто,ама вторава ме патосира.
    Вака е кај повеќето иначе.
     
    На mal.ecka и Lianna Anna им се допаѓа ова.
  13. danichap

    danichap Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    16.304
    Допаѓања:
    285.352
    Лежам со 38тт и партал сум. Ме тресе, омалаксаност и главоболка.
     
    На mal.ecka му/ѝ се допаѓа ова.
  14. butterflysk

    butterflysk Популарен член

    Се зачлени на:
    24 мај 2013
    Пораки:
    1.923
    Допаѓања:
    3.855
    Nikakvi reakcii od dve dozi Sinovak.
     
  15. Ugly Duckling

    Ugly Duckling Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 август 2018
    Пораки:
    3.608
    Допаѓања:
    43.125
    Пол:
    Женски
    Конечно се боцнав и јас, прво се изначекав за термин и таман ќе ми дојдеше редот не можев.

    Фајзер прва доза пред една недела.
    Немав реакција освен малку болка во раката. Па не е интересно ако не ми се случи нешто, се боцнав и по 2 часа добив инфо дека сум била во контакт со позитивен. Па паника, тест напрајв.
    Најголема реакција е шо малку ми олесна на мозокот, можеби ќе сум помирна во иднина и нема да бегам од се'.
    Едвај чекам втора доза.
     
    На LejlaD, mal.ecka и butterflysk им се допаѓа ова.
  16. butterflysk

    butterflysk Популарен член

    Се зачлени на:
    24 мај 2013
    Пораки:
    1.923
    Допаѓања:
    3.855
    Kade primi Fajzer? Tinejdzerka si :wasntme:
    Inaku jas i posle vakcinite uste se plasam i si begam od site, uplav vo koski mi vlegol:worried:
     
  17. annii

    annii Популарен член

    Се зачлени на:
    16 април 2010
    Пораки:
    3.335
    Допаѓања:
    5.867
    Прва доза Фајзер - болки во рака само два/три дена.

    Втора доза - болки во раката, ноќта треска, препотување, сува кашлица, течење на нос, симптоми на општа настинка. Сето тоа траеше еден ден.

    Дали стварно беше од вакцината или од рандом ситуација стварно не знам. Важно кратко траеше.
     
  18. Ugly Duckling

    Ugly Duckling Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 август 2018
    Пораки:
    3.608
    Допаѓања:
    43.125
    Пол:
    Женски
    Да бев тинејџерка шубооо. Битола инаку. :D Те сфаќам, се надевам барем малку ќе помини стравот.
     
    На LejlaD, mal.ecka и butterflysk им се допаѓа ова.
  19. mode-kristina

    mode-kristina Популарен член

    Се зачлени на:
    22 јуни 2014
    Пораки:
    1.155
    Допаѓања:
    4.092
    Пол:
    Женски
    Вчера ја примив втората доза Синофарм (во Врање бев) и не ми е ништо, освен раката што ме болеше малку. И за првата доза беше исто. И моите се вакцинираа со таа. И тие имаа слични реакции.
     
  20. danichap

    danichap Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    16.304
    Допаѓања:
    285.352
    Денес веќе никакви реакции од Модерна. Толку беше, еден ден.
     
    На Luminary и mal.ecka им се допаѓа ова.