Да, пијам антидепресиви. Искрено немав некоја желба да се вакцинирам, но ете да речиме дека морав. Воопшто не мислам откако се вакцинирав. Не бев сама во ова, па ми олесна. Ама можно е потсвесно како што рече... Знаете како да го намалам пулсот со нешто што имам дома?
Ооо иста бев , после втората доза малку се смирив. Земај си с витамин , магнезиум ,и б6. Ако е појако земи си по некое пола диазепамче ,ја така праев ♀️ И медитација ми помогна. Имаш на ју туб еден куп видеа. Исто сум на антидепресиви.
Извини како знаеп дека е од вакцината? Девојката убаво кажа дека и пред да се вакцинира и бил качен пулсот ,тогаш од што и бил? Зашто вака ги плашите луѓето бе
Не знам зошто постои темава воопшто ако ги негираме сите реакции што можат да се јават од вакцината. Сте се запрашале ли некогаш дека некој повеќе можеби нешто знае од вас, а не само да се перчите со две реченици прочитани на google.
Абе не се карајте, пишавте на девојчето, секако таа ќе следи и ќе провери ако продолжи. Реално, висок пулс може да е и од двете.
Се слагам во ред е. Ајде објасни ми зашто може да се јави отежнато дишење од вакцината. Ама озбилно не се зезам. И ја имав исто мада сега ми помина.
Затоа што при тахикардија, срцето работи брзо, не се испумпува доволно крв во системската циекулација со што не стигнува доволно кислород до органите. Најпросто објаснето.
Можно е кај посензитивни, раздразливи, анксиозни, послаб организам, да е провокатор вакцината и да предизвика реакција.
Познато е дека при вакцинација со фајзер можно е да се јави тахикардија, палпитации. Секако е минливо, но не е лошо да се следи.
Немам нешто преизразена анксиозност, не пијам ниту сум пиела некаква терапија за смирување, медицинско лице сум и свесно приметив дека имам потешкотии при вдишување периодов додека ми траеше имунизацијава. Дали е од вакацината, дали е од претоплово време и чадот од пожариве, загаденост на воздуот или нешто сосем друго, за сега не знам. Секако е убаво консултација со доктор за овие работи па макар и било нешто безазлезно и предизвикано од анксиозност, не е на одмет да се следи. Планирам една крвна слика за секој случај. Ама како што гледам има повеќе вакцинирани со истиве симптоми, се надевам дека е некој минлив несакан ефект. Да не заборавиме дека како многу ретки но можни несакани појави се и перикардитот и миокардитот. Не ми е целта да плашам луѓе и да бидам параноична ама сепак сето ова со вакциниве е ново за сите нас и мора да сме претпазливи.