Јас не сум анкс ниту депресивна, не се плашев од прва доза, баш се радував што дојдов до фајзер, 7дена не можев да земам воздух нозете отечени и болка во сите коски, втората доза преплашена но поминав само со тт 2 дена
Денот заврши океј, со малку омалаксаност. Не мислев на пулсот и не мерев на секое, така што пред скоро ми беше 75. Ќе ја следам ситуацијата утре и се надевам ќе биде во ред. Фала на членките што ми помогнаа и жал ми е за настанатата расправија околу мојот случај. Немав таква намера. Се надевам дека се помалку нус појави ќе има од вакцините, општо кај секого. Нека поминува со лесно на сите.
Брат ми се пелцоваше утрово со Фајзер. Го прашав за реакции, вели осеќа чипот му се движи. Сега засега е супер.
Вчера вакцинирана со прва доза Фајзер, дури вечер осетив болка во раката кога сакав да се поместам да спијам на лева страна. Денес болката во раката сеуште е присутна. Се надевам од утре нормално да функционирам со неа.
Какви реакции сте имале со фајзер а какви со синофарм? Треба да се вакцинирам и се мислам за една од овие две .
Некој вакциниран со кинеската? Гледам слабо има коментари и искуства за нејзе, а утре ке се вакцинирам, а многу се плашам. Не од вакцини, него да не ми се задеси нешто...
Кај мене на работа скоро сите колеги се со Синовак. Имаше и такви што пред работа се вакцинираа и доаѓаа втора. Сите релативно добро пројдоа.
Од прва доза никаква реакција. Само болка во рака ако воопшто се смета за реакција, само првиот ден. Околу мене сите што беа со кинеска, без разлика која, најчеста реакција им беше поспаност и немање енергија, ама ништо повеќе од тоа.
Веруј на сите ни пројде истото низ глава. Мене барем. И уште ми е така. Пробај да не читаш свашта ко мене и ако читаш читај релевантни информации.
Јас сум таква. Прележав во ноември минатата година, а пред 10 дена ја примив втората доза. Само раката ме болеше, ама болката беше поднослива. Други симтоми немав. @Misskirova како што успеав да забележам, слично прашање постави и ти, па одговорот е и за тебе. @katica2001 јас сум вакцинирана со Синофарм и ги пишав моите реакции. Но ако сакаш таа да ја примиш, мораш да одиш во Србија затоа што веќе ја нема кај нас. А Фајзер ја имаш и овде и многу членки напишале искуства. За која и да се одлучиш, нема да згрешиш.
Околу мене сите што се вакцинираа поминаа без никакви реакции освен една другарка која се вакцинираше со Спутник и имаше треска и температура. Јас со Фајзер немав никаква реакција, ни поспаност како што кажуваат другите освен раката што ме болеше, а маж ми буквално ништо.
Совет. На секој пункт за вакцинација има доктори,јас незнаев. Па кога ме фати паника ме прарија кај него Човекот ме седна и се убаво ми објасни. Ако нве фака паника побарајѕе си доктор таму не е срамота и позворувајте си. Ми кажаа дека во Србија на некои места имало и психолог
Освен вообичаените симптоми дали некој после втора доза Фајзер имал проблеми со висок пулс околу 100 и висок притисок? А после 10-тина дена и со зголемено опаѓање на коса?
Пред скоро два месеци примив втора доза. Алергична на пеницилин и астматичар сум. Избрав вакцина на Синофарм ( по препорака на неколку доктори). Прво, да нагласам дека од астмата имам често потешкотии во дишењето,при најмал напор се задишувам. Пред да примам втора доза, потешкотиите се зголемија - а истото го препишувам на покачените температури. За секој случај направив преглед и екг, се си беше уредно и добив зелено светло за втора доза. Дента на вакцинирање, имав термин многу рано наутро и се успав па буквално со трчање отидов ( на пет минути ми беше пунктот). Изгледав како да сум трчала маратон, па се двоумеа дали да ми дадат вакцина, ме пратија на преглед кај докторот на пунктот, ме оставија да се смирам, па на крај ме боцнаа. Симптоми на првата доза - мала поспаност. На втора - воопшто ништо. Два месеци подоцна, повремено го имам тоа чувство на теокотии при дишење - кое ми е познато со години. Нешто поинакво, некој друг симптом, нешто што би препишала на вакцина - немам. Во периодот месец дена сметано ид ден на прва доза, пиев витамини Ц, Д, Цинк, Магнезиум