Боледување не даваа оти не сме болни, ако сакаме одмор. Така сите идевме, некои и на пауза одеа и се враќаа на работа.
Еве изминува четвртиот ден откако се вакцинирав со првата доза,Фајзер. Само првиот ден ме болеше местото на апликација, ептен малку вториот ден и толку. Други симптоми, реакции немав. А бев толку загрижена, да не речам исплашена од температура,малаксаност, итн. Дај Боже и со втората доза да поминам вака лесно.
Јас после 3 дена по примањето на в. Фајзер немам нитуболка во рака и ниту омалаксаност повеќе, но ме болат синусите и имам главоболка. Е сега, кога имав ковид имав главоболка и синусите ми се воспалија, па не знам дали и ова се нус-појави од вакцината. Инаку сум прележана, а што е чудно сега носот не ми е затнат, нормално дишам.
Zdravo Dali e normalno posle prva doza Fajzer glavobolka i suva kaslica ? Prelezana korona vo noemvri
Ја примив наутро, помала болка во раката за разлика од прва доза, ноќта ја поминав со слаба треска и следниот ден омалаксаност. Третиот ден веќе немав ништо.
Вчера примив прва доза Фајзер - неколку часа по вакцината почна да ме боли околу местото на убодот, не можев да спијам на таа страна и бев омалаксана. Денес втор ден, сеуште ме боли раката, но се чувствувам ко настината, ми тече нос и кивам, ама функционирам не е страшно...
Вчера се вакцинирав со Синовак. Имав само болка во раката. Денеска се чувствувам полошо. Осеќам болка во градите, прееска почнаа да ми "трнат" рацете, дланките. Камен ладни ми беа и препотени, паничар сум, не знам дали е од вакцината или психа .. Се плашам многу.
Немаш психолог/психијатар на повик? Ако немаш, јави се на тој отворениот број што е... Чеј да го најдам... *Едит: https://koronavirus.gov.mk/pomos-neregularnosti/psiholoshka-poddrshka
Немам.. Ама баш бев смирена кога почна ова со рацете.. Вчера ми беше страв, денес таман се олабавив.. Баш читам овде, не пишал никој ништо вакво дека е нормално..
Мене ми биле тие симптоми од паника. Јави им се на тие од линкот што го постирав. Не паничи! Млада си! Се' е во ред
Ти благодарам вака кога читам ме смирува.. Анксиозна сум инаку, не примам терапија, најверојатно е тоа.
Кај исчезна @Guns N` Roses ? Taa ќе знае. Јавувај се на психолози, ама најдобро да те види доктор. Правило број 1- прво се исклучува физички причинител на состојбата. Не е ова за плашење, ова е рационално однесување. Пошто никој на далечина не може да знае што ти е, и дали ти е нешто.
Знам дека си анксиозна. Мене паника ме фати ко ме буцнаа првиот пат. Се препотив, остинав. Ојдов кај тие од Брза помош да ги прашам шо ми е Ништо не ме в'ркаше.