Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Реакции од вакцината против ковид

Дискусија во 'Коронавирус' започната од ph.orhideja, 29 април 2021.

  1. Luminary

    Luminary Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 август 2017
    Пораки:
    2.639
    Допаѓања:
    44.972
    Пол:
    Женски
    Вчера примив втора доза Модерна, за разлика од првиот пат што поминав само со болка во рака и мала алергиска реакција, овој пат сум полошо.
    Вчера имав треска цела ноќ, температура навеќе 37,8, изнемоштеност и ме боли секое делче од телото.
    Се надевам нема да трае долго.
    Освен Парацетамол, што друго можам да земам?
     
    На WildMk му/ѝ се допаѓа ова.
  2. duffi

    duffi Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 април 2011
    Пораки:
    12.733
    Допаѓања:
    145.137
    Бруфен, аналгин… Се најнормално што имаш пиено.
    Ако со еден парацетамол од 500мг не ти паѓа целосно температурата, напиј се два наеднаш.
     
    На WildMk и Luminary им се допаѓа ова.
  3. Alex.Max

    Alex.Max Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 мај 2020
    Пораки:
    42
    Допаѓања:
    16
    Пол:
    Машки
    После втора доза, наредниот ден т.е денес кога се разбудив, се ме боли , и имам треска ...Денот на ревакцина ,ништо не ми беше... Фајзер...А на прва доза имав само болка во раката...Катастрофа...
     
    На WildMk му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Didajo

    Didajo Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 април 2018
    Пораки:
    562
    Допаѓања:
    514
    Пол:
    Женски
    Majka mi primi prva doza Sinovak i se pojavi osip vo glava i na vrat ja ubeduvaat od vakcinalen punkt deka ne e povrzano. Zemavme loratidin no nikako da se smiri. Dali nekoj imal vakva reakcija od vakcinata?
     
  5. Guns N` Roses

    Guns N` Roses Популарен член

    Се зачлени на:
    25 август 2017
    Пораки:
    3.693
    Допаѓања:
    16.245
    Пол:
    Женски
    Консултирајте се со друг доктор. Ако и се јавило непосредно после вакцината најверојатно е од вакцината реакција. Нека направи крвна слика и д-димери нека провери.
     
  6. Didajo

    Didajo Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 април 2018
    Пораки:
    562
    Допаѓања:
    514
    Пол:
    Женски
    Da nema smeneto nisto vo smisol nov sampon, farba i slicno, osipot se dobi vednas po primanje na vakcina kontaktirani od punktot za vakcinacija ne ubeduvaat deka Sinovak ne dava takva reakcija. Maticniot pojma nema od zivotot ne znae ne e zapoznat so nikakvi nus pojavi.
     
  7. Guns N` Roses

    Guns N` Roses Популарен член

    Се зачлени на:
    25 август 2017
    Пораки:
    3.693
    Допаѓања:
    16.245
    Пол:
    Женски
    Ќе се изненадев да се запознаени со нешто и да знаат.
     
    На Angie1432 и Didajo им се допаѓа ова.
  8. bokace1

    bokace1 Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 мај 2020
    Пораки:
    296
    Допаѓања:
    1.750
    Пол:
    Женски
    Прележав Ковид во Март , се вакцинирав со Синовак на 1ви.
    Поминаа неколку часа од примањето и почна тапа болка во раката и траеше два дена, и ми се воспалија синусите и сеуште имам мака со нив.
     
    На Ygritte и WildMk им се допаѓа ова.
  9. Didajo

    Didajo Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 април 2018
    Пораки:
    562
    Допаѓања:
    514
    Пол:
    Женски
    Jas prelezav kovid sega i sinusite najmnogu mi nastradaa. Dali primate nekoja terapija. Mene osven sprej za nos drugo ne mi prepisaa. Navacer mi se zatnuva nosot ne disam ubavo pa posle glava me boli.
     
  10. ToksycznaReakcja

    ToksycznaReakcja Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2016
    Пораки:
    510
    Допаѓања:
    1.981
    Пол:
    Женски
    Се вакцинирав со истата без симптоми поминав. Ми рекоа да се напијам долипран саат два пред вакцина ако тоа игра некоја улога. Освен парацетамол друго ништо не ни треба. Се надевам со лесно помина, симптомите траат кратко. Рамото само боли околу недела дена.
     
    На WildMk му/ѝ се допаѓа ова.
  11. elimkd

    elimkd Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 октомври 2012
    Пораки:
    7.935
    Допаѓања:
    48.110
    Пол:
    Женски
    Со првата доза на фајзер страшни болки во раката, помина за еден ден, ама со втората доза цела ноќ треска имав
     
    На WildMk му/ѝ се допаѓа ова.
  12. DELFINA81

    DELFINA81 Популарен член

    Се зачлени на:
    18 ноември 2019
    Пораки:
    2.462
    Допаѓања:
    9.565
    Пол:
    Женски
    Исто и јас,ама со еден парацетамол се среди.
     
    На WildMk и elimkd им се допаѓа ова.
  13. elimkd

    elimkd Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 октомври 2012
    Пораки:
    7.935
    Допаѓања:
    48.110
    Пол:
    Женски
    Се напив не ми помогна
     
  14. DELFINA81

    DELFINA81 Популарен член

    Се зачлени на:
    18 ноември 2019
    Пораки:
    2.462
    Допаѓања:
    9.565
    Пол:
    Женски
    Ќе помине.,мора да помине.:hug:
     
    На elimkd му/ѝ се допаѓа ова.
  15. toothless

    toothless Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2018
    Пораки:
    5
    Допаѓања:
    1
    Пол:
    Женски
    Pred 2 dena se vakcinirav so prva doza Fajzer i nemav nikakvi simptomi osven mala bolka vo levata raka i levata strana od vratot. Denes se pipav za vratot kaj sto me boli i osetiv malo topce. Bev do bukurest kaj sto se vakcinirav ama ne rabotea poradi praznikot. Nekoj so slicno iskustvo?
     
    На WildMk му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Luminary

    Luminary Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 август 2017
    Пораки:
    2.639
    Допаѓања:
    44.972
    Пол:
    Женски
    Благодарам девојки, се тоа ми траеше само два дена. Земав и шумливи таблети со Аналгин, многу подобро ми дојде од нив.
    Сега сум добро, само сеуште имам болка во раката, но мислам ќе помине за некој ден.
    Со лесно на сите! :)
     
    На ToksycznaReakcja, WildMk и duffi им се допаѓа ова.
  17. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.256
    Ќерка ми (15г) вакцинирана со две дози Фајзер.
    Прва доза: само болка на местото.
    Втора доза: болка во раката и поспаност, првите 10тина часа.
     
    На Luminary му/ѝ се допаѓа ова.
  18. ell

    ell Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 декември 2010
    Пораки:
    362
    Допаѓања:
    625
    Mene mi bese potecena limpfnata zlezda pod pazuvite na rakata kade sto ja primiv vakcinata. Bolkata i potecenosta traese 3-4 dena.
    Ako topceto i bolkata ne pomine posle 3-4 dena, togas odi na doktor. Inace potekuvanje na zlezdite e cesto posle vakcinata.
     
  19. Cosmic Girl

    Cosmic Girl Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2020
    Пораки:
    2.157
    Допаѓања:
    8.451
    Пол:
    Женски
    Нормално е да отечат лимфните јазли од вакцината, може да трае и неколку дена.
    Јас имав и со двете дози ваква реакција, но поизразена беше со првата доза. Мислам дека сите лимфни јазли во пределот на вратот и главата ме наболуваа. Од сите нив најосетливи ми беа тие кај зглобовите на вилицата, под вилицата и на тилот. Може да отечат и оние под мишката, па треба да се има во предвид ако се прави преглед некаков или ехо на градите после вакцинацијата.
     
  20. Ygritte

    Ygritte Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 април 2015
    Пораки:
    2.182
    Допаѓања:
    26.448
    Пол:
    Женски
    На 07.09.’21 примив 1ва доза Синовак. Имам болка во рамово еве веќе 3ти ден. вчера имав тахикардија, омалаксаност и главоболка, денес ми се дреме искрено не знам дали од вакцината или од времево :?: