Zdravo na site vo grupata imam prasajne denes imam termin da ja primam prvata doza fajzer 34 godisna vozrast ako moze nekoj da mi kaze sto reakciji ima inaku ziveam vo Belgija pozz
Дали е можна реакција воспаление на мускули на раката( или од возење велосипед ми е) ,од левата страна и покрај пазувата осеќам болка. Втора доза примив пред повеќе од 2 недели. Ме плаши да не е некој знак за покачени димери (до сега сум немала проблем)
И кај мене беше исто само не пазувата туку цело рака од рамото надоле, само после првата доза беше кај мене. Мислам дека нема место за паника ќе помине, сепак ако ептен те плаши консултирај се со лекар.
Првата доза се беше супер, освен раката што ме болеше 2 дена. По примање на втората доза, другиот ден качив температура, омалаксана, изморена, и ме болеше пак раката 2 дена.
Може да е воспалена жлезда под пазувата. Тоа е нормална имунолошка реакција. Мене ме болеше под пазувата два дена и потоа се повлече.
Ми помина болката,од велосипедот било. А сопругот имаше оток под пазува неколку дена како реакција од вакцината.
Вчера имав ревакцина, Фајзер. Уште синоќе почна раката да ме боли, цела ноќ не спиев, не можев да се наместам. Еве сега пак осеќам ми почнува треска, гледам колку можам повеќе да одмарам денес, штом се малку напрегнам веднаш се осеќам слабо и имам некое чувство на гадење и како внатрешна температура да ми расте. Претпоставувам вечерва ќе ми се качи тт, кога телото е уморно, се надевам утре ќе бидам ок. Инаку, болна се чувствувам денес. Сопругот како мене, двајцата прележани во март, исти реакции од вакцина. Докторката вели, очекувано е, само да не траат повеќе од ден два симптомите.
иста сум со прва доза вчера. Во 14 се боцнав и до денес до 10 сабајле освен што осеќав внатрешна температура се си беше ок. После 10 почна и тт и грозница. Сега сум со 38тт.
Јас и со прва и втора доза паднав болна. Со прва доза ептен ми беше мачно, пишував тука, а сега после ревакцина малку подобро, досега немав повисока тт , само некоја треска, ама сепак подобро. Поздравче до тебе
Да се апдејтирам недела и пол после прва доза, дека главно реакциите ми останаа на ова погоре. Првите 7-8 часа после примањето на вакцината се осеќав екстремно омалаксано и поспано, со блага главоболка. Следниот ден бев како нов, освен што раката ме болеше бајаги, ама и тоа само еден ден. И после тоа 2-3 дена осеќав некоја ептен глупа, тапа, досадна болка под пазувата што екстремно ме нервираше, ама мина Сега чекаме втора доза
Од што зависи дали некој ќе има реакција по вакцината? И зошто некои вакцини даваат посилни реакции отколку другите? На пример, јас и повеќето мои врсници вакцинирани со кинеската вакцина немавме многу реакции (освен болка во раката, некои главоболка), а други вакцинирани со Фајзер имаа и температура, замор и сл.
Ние немавме никакви реакции, мм и татко ми фајзер, јас и мајка ми со кинеските. Ама баш ништо не осетивме. Некои викаат оние што прележале имаат побурни реакции, и мои блиски прележани исто имаа доста реакции, кој да знае, ваљда од самиот организам.
Не се разбирам, но како што кажуваат има разлика во составот. Има случаеви кога од иста вакцина луѓе пројавуваат различни ефекти, докторот тоа ми го објаснуваше, различен имун систем различен одговор дава. Синофарм и Синовак конкретно кај некои ствараат антитела, кај некого не.
Toa e tocno pred edna nedela i jas i soprugot zemavme prvata doza fajzer imamvme bolki 2 dena 3 pomina bevme umorni i te tera na spiejne sega nemame bolki ama imame custvo na umor i sega cekame 2 doza