Фајзер и Модерна како мРНК вакцини, а и векторските, се поагресивни да речам, побрзо прават силен имунитет и поради тоа може да дадат посилни реакции, за разлика од Кинеските кои подолго, slow and steady градат имунитет. Потоа секако, и нашиот имунитет игра улога дали ќе имаме или немаме реакција. Неодмореност, лоша исхрана, недоволна хидрираност пред и по аплицирањето на дозите исто така игра улога.
A dali se navistina vakcinite stetni i vikat deka posledicite se strasni dosta dushi do sega imat kazano ama kolku e tocno i koj e vo pravo uste ne se znae tuka kaj nas vo Belgium site ja zemat fajzer
Примив втора доза Синовак пред 4 дена, имав стандард болка во раката и мала омалаксаност како и при прва доза, но од вчера вечерта почнав да имам слабост и трнење во десната нога и денес исто ми е така. Дали некој имал слично искуство?
Јас имав долго време после вакцината трнење и во рацете и во нозете, а после тоа нозете под колената ги чувствував тешки. Само со Фајзер вакцината не со синовак.
моето искуство,Вакцинирана со Синовак прва доза пред 10 дена,првиот ден имав блага болка во раката ништо страшно и поспаност но ми се поремети менеструација значи ми заврши 2,3 дена пред вакцина,и кога се вакцинирав другиот ден повторно добив мислев само од фајзер се пореметува што слушав искуства,бидејки појака,но ете и од оваа исто
Се вакцинирав во вторникот околу 14ч. До следниот ден до 10ч немав никаква реакција. Е тука почна блага тт и тешко ми беше да се концентрирам. Тт ни се движеже 37-37.2. Е кон 16ч почна треска и морав да легнам. Пуштив клима на греење, зедов бруфен и се покрив. Вака 2ч. После малку олабави. Од сабајлево сум ок. Раката почна да ме наболнува дури вечерта првиот ден, а веќе не ме боли. Мм има проблем со жлездата под лево рамо. Немаше темпераѕура, ама се жалеше на општа слабост на телото и муслилите. Јас немав вакво чувство. Ајде следна доза да видиме како ќе биде #фајзер
Јас вчера се вакцинирав со фајзер и малку осеќав болка во раката, ама затоа утрото кога станава главата ќе ми пукнеше…
Ве молам не верувајте во секакви интернет статии од секакви луѓе. Значи ве молам. Кога ќе видам само што глупи и нелогични статуси се споделуваат и од кој. Штета. Вакцините се безбедни и сигурни, мене нозе ми се тресат од вирусот. Многу е лош и непредвидлив.
Јас дека читав дека се изместува циклусот за кратко кај жените ( и јас со Фајзер) очекував и јас, ама не, пред два дена имав ревакцина, добив денес, точно ко секогаш. Инаку после ревакцина, те.вчера добро поминав. Не дигав тт , одмарав колку можев, слабо се чувствував генерално, ама еве денес веќе ко нова. И јас мислам дека прележаните имаат побурна реакција од вакцина и тоа посебно од прва доза, така некако ми изгледа по луѓето што ги знам, што прележале претходно.
Јас да сумирам, со две примени дози Модерна, целосно вакцинирана пред речси три недели. Од првата доза имав болка и здрвеност во раката 6-7 дена, и алергиска реакција црвенило на раката, под пазувата (се среди со крема за 5-6 дена). Изнемоштеност никаква, главоболка исто така немав. Од втората доза раката ме само малку ме наболнуваше неколку дена, не ми беше здрвена овој пат. Алергиската реакција пак ја имав, само што овој пат се појави неколку сантиметри под боцнатото место и ја забележав на време, па веднаш почнав да ја третирам со кремата и исчезна за ден-два. Имав силна треска првата вечер по вакцината, температура до 38,2, малку гадливост и изнемоштеност. Веќе наредниот ден немав повеќе треска, само температура. Земав Парацетамол и некои шумливи таблети, и за 3 дена веќе се ми помина. Во однос на циклусот немв никакво пореметување, два пати си дојде на точната дата. Поразлично беше само што менструалните болки и грчеви беа значително помали (не ми требаше таблета за болка како обично). Маже прележа крајот на претходната година, пред две недели се вакцинираше со една доза Фајзер. Немаше никаква реакција, само минимална болка на местото каде што е боцнат. Со лесно на сите!
Ист впечаток имам. Од разговор со луѓето околу мене што прележаа а се вакцинираа, најчесто реакциите од вакцината им беа слични со симптомите што ги имале кога прележале. И тие што прележале потешко, имаа поизразена реакција од вакцината со таа разлика што сето тоа сега им завршуваше за ден, два после вакцината. А за ова со менструацијата, многу жени го забележуваат како промена. Околу мене само една сум слушнала да има мало изместување во циклусот после вакцина ама таа имаше и посилна реакција од вакцината - замор, болки во телото, со температура која траеше два дена. И очигледно беше под стрес дали да се вакцинира и како ќе ја поднесе вакцината. Се прашувам дали тоа изместување е навистина условено од вакцината или е повеќе од нешто друго што се случува со организмот во тој момент. Дали не е од самиот стрес кој го проаѓа организмот. Мислам и на физички стрес кај оние кои имаат побурна реакција и креваат температура и на психичкиот стрес кој си работи во позадина. Во таа смисла сум приметила од поодамна дека обично психичкиот стрес и чуството на загриженост ми влијаат да ми се измести циклусот. Не некоја голема отстапка, тоа не е ни пореметување на циклусот, ама за некој ден плус да се помести.