Секако, да, мешето ме болеше после 4 дена и двапати потечно какав. Ако може да се заведи во статистика и да се водам ко ризичен случај
Ама јас не знам, секој за себе си знае и треба да си води сметка. Дали многу или малку ја боли меше таа си знае. Башка нејзе за папир и е вакцината, имунитетот арен и е и без тоа. Чекај сега да видиме крвната слика. Ако е пореметена ко ќе земеш антибиотик, не знам што да очекуваш 3 дена после ковид вакцина. Не мислам ќе биде меродавна @JuLleE , седи и уживај. Што и да е, ќе помине.
Намерно денес ја направив крвната слика, за да видам што ќе се случува. Инаку пред еден месец правев и тогаш беше во ред. Две досега правев, ова е трета.
Се одјавувам. Ќе се вратам кога нема крвни слики да ми излегуваат пред очи на секоја можна тема што ќе ја отворам. Одам до фрижидер, Боже помогни да не најдам и таму.
На толку пари за крвна слика, ќе се тестираше за ковид до крај на година. Ај баш да кажеш што ќе се случува, никој не знам да правел крвна слика 3 дена по вакцина. Крвна слика, крвна слика, крвна слика @Bridget ....
А јас не правам крвна слика на приватно, уредно на државно Биљо, овде се највува дека тестирање ќе укинат, само прележани и вакцинирани ќе биде.
Де бре, кога стигна кога и се товари на државата, да ти финансира хоби Си се испитувам јас за хоби Сегде свашта најавуваат, ќе видиме до кај ќе стигнат. Нит прележаност нит вакцинираност не е е со бесконечен рок на траење, а од друга страна, друго дваесет. Претстојната есен е клучна.
Се случило ли кај некој да има чудно чувство во раката после долго време од вакцина? На 11ти месецов примив и последниве неколку дена рамото каде што ја примив вакцината постојано како да ми трне, како некоја тапа болка, но сепак не е болка, ми се укочува.. П.С исто така глава не престана да ме боли цел месец и притисокот ми е постојано низок што во принцип не сум имала вакви проблеми.
Моето искуство со Синовак Прва доза. Два дена омалаксаност, поспаност 3 дена тапа болка на местото на инјектирање и зголемено потење во првата недела после боцкање. Втора доза. Буквално ништо како да не сум примила вакцина. Еве поминаа 20 дена од втората доза се чувствувам одлично исто како и пред да примам вакцина. Значи од мое лично искуство Синовак се покажа како одлична вакцина со оглед на фактот каков скептицизам покажував за вакцините и стравот од несакани последици кој што го имав. И јас и моите најблиски одлично ја поминавме вакцината. Татко ми Фајзер само болка на местото на инјектирање после двете дози. Мајка ми Синовак без реакции на двете дози. Дедо ми Астра Зеника еден ден температура до 37,5 и болка на местото на инјектирање два дена. После таквото искуство и јас како голем скептик што бев на вакцините можам да препорачам сите да се вакцинираат бидејќи е безбедно и ефикасно во заштита од вирусот.
Биљо, апдејт, само железото ниско, фератин за прв пат ми проверија и добив терапија. Ама јас очекував да е ниско, за жал јадам доста контаминирана храна. Вакцината ништо не предизвикала кај крвната слика. На 4 ден ова.
А зошто правеше крвна слика побогу. Зошто стресови? Јас крвна слика не направив ни додека имав Ковид, нит пред ни по вакцина. Ако немаш конкретен проблем зошто си зодаваш стресови. Ете се си е нормално. Железото нема врска со вакцината.
Редовна контрола, сменив држава, нов матичен, имам нели Целијакија и правам кс. Па требаше некни, одложив за 4 дена после вакцината. Чисто да видам како реагира телото оти нели свашта се пишува. Се погоди, не барав.
Болка всушност трнење кај вратот т. е грбот горе, може да е реакција или ми е од вратната дискус хернија? Еве зошто не се вакцинирав, знам што сорта сум
Иста сорта сме, стравував да не болката во раката ми е некој проблем со срцето Затоа и јас одложував највеќе, ради сортата.
Не вратот туку грбот под вратот. Типична болка, здрвенос од болеста што ја имам, особено кога седам неправилно.
Денес кога читам па овде за девојчето, не знаеш кои црни сценарија си ги вртам. А верувам во науката и знам дека само вакцина е излез, ама се знам и себе си.
Освен болка во раката еден ден и после првата и втората доза, не некоја неподнослива, немав апсолутно никакви други симптоми. Фајзер примив. Циклусот после втората доза ми беше прилично обилен 2 дена, ама ова е типично за мене и не знам дали е поврзано со вакцината.