Втор ден по втора доза Спутник. Сега за сега само вчера кратка треска и толку. Од првата ме болеше раката и бев малаксана ден-два. Сега ни раката не ме боли.
Мајка ми во вторникот прими прва доза Синофарм. 64 години, без хронични болести. Досега никаква реакција немаше Друга блиска особа, 45 години, без хронични болести, исто прими прва доза Синофарм во вторникот. Првиот ден имаше само мала болка во раката каде што ја боцнале, оттогаш наваму ништо друго. Да прашам. Ретките појави на тромбови и крварења после Астра Зенека во кој временски период после првата доза се случуваат? Татко ми пред 3 недели прими Астра Зенека, па да видам дали поминал тој период
Прочитав некаде од 1-3 недели, ама овде во локалните медиуми. Конечно помина тој период, во грч бев искрено Фала @Ahoy , да ти се враќа побрзо
Примив синофарм во понеделникот, да напоменам имам 26 години и никакви алергии на лекови. По еден час по примање на вакцината во градски превоз имав реакција, притисок во главата, трнење на лицето и јазикот, потешкотии при дишење и нагони за повраќање. Сето тоа траеше неколку минути откако излегов од автобус ми беше подобро. Се слушнав и со матичната, таа е убедена дека е на психичка база и дека нема врска со вакцината. Сепак ми е страв да примам втора доза. Иначе, медицинско лице сум.
Да, се случува и тоа да мислиме дека е од вакцината. Така да, веројатно ти требало воздух. Дали седеше 15минути таму по примањето?
Мене ми се случија благи потешкотии со дишење недела дена после АЗ и апсолутно беше на психичка база (иако во моментот секако дека е тешко да го сфатиш тоа). И нормално е, бомбардирани сме со информации дали/нели што, како, иако можеби свесно не го разбираме тоа ни се собира и мора да излезе некако. Набљудувај како си секако, ама имај на ум дека е навистина сосема нормално да ти се случи.
^Да, седев и добра бев. Одма после работа бев на вакцина, беше многу жешко и голем хаос во арената. Веројатно се должи на преумореност и дехидрираност. Нареден пат ќе останам малку подолго на пунктот.
И на пункт и гледај ако можеш да не се преморуваш дента претходно. Истото беше и кај мене, за првата доза ми се погоди таков ден што цел ден немав седнато и мислам ни јадена не бев. Далеку од паметно, сега од напред сум со план за втора доза.
Јас примив Спутник. После првата доза мислев дека сум скроз ОК, ама осетив ептен малаксалост некаде на 3 ден откако имав физичка активност малку повеќе. Буквално сите мускули во телото ми трепереа. Лошо ми беше. За втората доза реков активност не барем 5 дена и ОК бев (мала треска вториот ден ако и беше треска зашто и времето залади и толку). Мислам дека по вакцина се треба лаганица да биде. Не одма да се напушти пунктот, после вакцина некаде блиску кафенце да се испие и така.
Па нели такви се и препораките - седум дена без алкохол и физичка активност по вакцина. Барем мене така ми кажаа на пунктот кога се вакцинирав.
Трет ден од примањето - ми попушти болката во раката, и напрегањето исто. Друго ништо немам,се надевам така ќе остане.
Мајка ми (53) ја прими првата доза од Синофарм завчера, подоцна истиот ден освен вртоглавица поради проблеми со притисокот ништо не почувствувала, сега е добра. Од многу одамна има проблеми со висок притисок, неправилен пулс итн. и рече дека не верува оти е до вакцината, но ете, мислам дека треба да се спомне.
Конечно и ваков пост да пишам Пред скоро една недела, баба ми и дедо ми (обајцата 70 +/- 1) ја примија првата доза на Синофарм, дедо ми имаше краткотрајна треска и исто така краткотрајна блага малаксаност, друго ништо. Баба ми исто така ништо Баба ми е инаку со хипо/ хаши и варикозни вени. Пред 3- 4 дена, татко ми и мајка ми (обајцата +/- 50) се вакцинираа со прва доза на Синофарм исто така. Мајка ми имаше блага болка при допир и вжештеност на местото каде што ја боцнаа, татко ми ништо Мајка ми е со хипо/ хаши, татко ми е пушач 30 години, ако значи нешто Од други познаници што се вакцинираа пред 3-4 дена исто така, сите на возраст 47- 53, само една имаше кратка главоболка еден ден по вакцината и тоа е тоа (инаку и таа е со хипо/ хаши), останатите ништо Скоро сите од набројаниве се вакцинираа во салата "Билјанини извори" во Охрид и сите беа доста изненадени од добрата организираност таму, но и од големата заинтересираност за вакцинација. Секој поединец бил прашуван од доктор пред да прими вакцина дали и какви постоечки болести има, по што одобрувал вакцина и давал препорака ако треба. Конкретно, не знам зошто, на мајка ми и рекле 3 дена да не се изложува на сонце, а на татко ми ништо.
По втора доза спутник сосема ОК. Немав скоро ништо. Мајка ми по втора доза Фајзер иа проблеми со коагулација на крвта. Жената има тромбоза и е на редовна терапија. Една недела по втората доза и се појавија модрици и се повлекоа. На редовна контрола параметрите за коагулација и се пореметени. Лекарите викаат нема врска со вакцината. Нема истражувања за линк на Фајзер со проблеми со коагулација ама мене ми се премногу случајности.
Татко ми (62 год.) во петоков ја прими првата доза од Синофарм вакцината. Немаше никаква реакција. Ни болка во рака, ни температура, ни ништо друго. Се надевам дека така лесно ќе ја поднесе и ревакцинацијата после 3 недели Инаку пред 12тина години има преживеано инфаркт на срцето, има стент. Покрај терапијата за притисок и срце, редовно пие и Аспирин. Алергичен е на пеницилин. Пушач е и пие алкохол. Само што сега не смее поради вакцината да пие алкохол.
Вчера ја примив првата доза на Фајзер. Мислев подобро ќе поминам, но таму седев добри половина час. Ми се слоши во истиот момент. Втор ден, преголем умор чувствувам, цела рака ме боли.
Би ти рекла да го пријавите сајд-ефектов ама нема каде. Спојлер: ЕМА ДБ 12.000 пријавен сајдефекти во групата крвни и лимфатички пореметувања, повеќе отколку имунолошките реакции на кои јас им го имам стравот