Добро ти и тие околу тебе, ама точно е дека фајзер од сите вакцини дава бурни реакции и најмногу нус појави. Ти имаш среќа што не си во тој процент.
Па не е прв случај млада личност да умрела кратко после вакцината. Од Словенија почина 20годишно девојче две недели после вакцинирање со Модерна, од мозочен удар. Греота. Млада, здрава отишла да се вакцинира за да се заштити, а на крај се случи шо се случи. Да на примела вакцина најверојатно ќе била уште жива.
Од се' можеш да најдеш случаи на починати. Работата е колкав е процентот, во однос на смртноста од болеста.
Скоро сите што ќе починат ги пишуваат дека починале од ковид. Како да знаеме колкав е точниот процент?
Среќа што не се водат според оваа логика па ја стопираа Џонсон таму. Како мислиш сите што ќе починат? Сите што починуваат во државава на дневно ниво ги пишуваат дека се од ковид?
Во секој случај вакцина ставаме за заштита, греота е некој да почини макар и стар. Јас па негигледам луѓето како проценти или статистики одма ја замислувам мајката.
Значи вкупно само околу 20-30 луѓе дневно умираат во државава. Па значи топ сме биле со природен прираст.
Па ако починале во текот на лекувањето, односно не се излечиле тогаш причина е ковид. Не ги земаат предвид тие што починале откако веќе системски не се водат како позитивни(пример по истек на изолација или отпуштање од болница).
Пример ако некој е тестиран и испаднал позитивен, а потоа почине во сообраќајка ќе биде запишан дека починал од ковид.
Колку пати се случило тоа?Еднаш, два пати?Тоа не е статистички значајно. Факт е дека смртноста во нашата земја е многу зголемена во споредба со пред пандемијата, си има официјални податоци.
Како тоа не е статистички значајно? Статистиката треба да биде точна, процентот да е до децимали точен, а не бројка заокружена на пет или десет. За смртноста се согласувам тоа е до здравството во државата.
Точно е дека впишуваат терминални болни од канцер дека починале од корона. Имавме случај.Требаше да се одделат од корона и со корона. Но, многу поточно е дека имаме огромна смртност во болнички услови,преку 50% И за тоа треба да одговара некој.
Фактичката состојба е дека дечкото починал три дена после вакцината. Факт е дека многу врвни спортисти починаа после вакцината, за време на голем физички напор. Интерпретирајте си го како сакате.
najveke stradaat mladi sportisti zaradi zgolemen napor i plus mn od niv i bez vakcini pocinuvaat kako pricina smrten udar,lani imavme isto dete mlado 20god rakometar koe pocina od istoto toa bez vakcina
Ахам да, не умираат. Ај прогуглај малку, настрана ковид и останати болести. И пред ковид умираа млади спортисти од откажување на срцето. Секаде во светот. Си слушнала за хипертрофична кардиомиопатија? Кај активни спортисти срцевиот мускул хипертрофира поради постојан зголемен физички напор и се случува да затаи ако константно се оптоварува подолг период. Не кај сите, ама најчесто од тоа умираат млади спортисти.