Абе Џојке, она што го постирам од ЕМА ДБ се официјални пријавени нус-ефекти.Баш за Фајзер го постирав. Само не го разбирам шо значи сериозни, дали се фатални или што.
Ама тука вика Фајзер нема такви нус-појави (Демек векторите се проблем, а овие со мРНА не се), во студијата што јас ја постирав има дека и по Фајзер и по Модерна може да се јават blood-clothing проблеми, ама дека ризикот е многу поголем ако фатиш Ковид.
@JoyJoy имаме нова ситуација- се вика дисклејмер. Пред недела дена ова го немаше Секако- пријавените сајд-ефекти не значи дека се поврзани со медицинскиот препарат. Зошто ли зошто, о ваква смена, во вакви времиња? Спојлер: дисклејмер 12.000 пријавени крвни сајд-ефекти од Фајзер, не мора да значи дека се поврзани со Фајзер. Секако. Веќе смешно станува
Татко ми денес ја прими втората доза Синофарм, кажа дека го болело боцкањето груба била таа. Ко божем стока боцкаат не човек.
Репортажа, втора доза со АЗ. Доста полесно од првата, без треска, само со блага поспаност (што може и да ми е зашто неделава ми е на сите страни но ете) и блага болка во раката. Нагоре не ни скролам, зашто со читање се и сешто си направив глупави филмови претходниот пат.
Здраво, вакцинирана сум со Фајзер на 18. 05. Првите денови осим мала болка во раката немав никакви други реакции. Меѓутоа после десет дена местото каде што сум боцната ми се воспали односно се зацрвени како еден поголем круг и само тука излага топлина . Има ли место за паника? Некој друг со вакво искуство ? Дека викенд па не знам каде да се обратам ако има потреба.п.с. ставам облоги ациди борици.
^Немаш простор за паника, да не се секираш ич. Само ладни облоги ставај на местото на убодот. Мене ме болеше раката скоро две недели после ревакцина особено, но ќе помине.
Isto imaat takvi efekti i drugi. Konkretno mojata komsika od AZ i rekle ke i pomine. Ama prasaj si maticen
И јас имав исто. Со Спутник се вакцинирав иначе. После 3-4 дена се повлече. Ставив на неколку пати ациди борици. Не е ништо страшно, мене и кога ќе се допрев ми беше и ко грутче напраено, сега немам.
Dali moze da se javi bolka vo muskuli posle 10 dena od primena vakcina fajzer @Ahoy ,@Annath kako reakcija ili da barame test za korona?
Денес примив ревакцина Синофарм. За разлика од првиот пат кога не ни сетив кога ме боцнаа, овој пат баш добро осетив. Реакции сега засега никакви.
Вчера примив втора доза Синофарм, засега без реакција. Местото на боцкање го осеќам само ако силно притиснам на рамото. Многу успорено е вакцинирањето ако споредам со тоа како беше пред 3 недели.
Втората доза на Синофарм ја примив денес. Никакви нус - појави до сега, ниту болка на боцнатото. Моите пред една недела со Синофарм ревакцинација, мајка само болка во раката кај местото, татко ми ништо - никаква реакција. Чипирана фамилија
Вчера примив втора доза Синофарм. Првата доза ни боцкањето не го почувствував. Ме печеа очи и бев зашеметена. Вчера мислам ќе вреснев колку ме здоболе боцкањето. Раката уште ме боли. Вчера бев прилично океј, денес очи ме печат и ми се спие. Добро е што денес не сум на работа, а утре сум втора смена, па се надевам ќебидам подобра. Ми потенцираа алкохол никако да не пијам. Тоа не ми е проблем, секако не конзумирам. Но ми кажаа и раката да не ја оптеретувам, а тоа не е баш изводливо со син ми кој сака да го кревам. Ми рекоа да избегнувам физички напор една недела, ама на работа не можам да ескивирам. Веројатно само мерки на претпазливост се, бидејќи некои работи едноставно морам..