Фала на инфо, имам доктори што можам да ги консултирам, ама си викам ај да не претерувам, бидејќи често знае да ми се случи од анкс. Сепак ќе се консултирам за секој случај.
Ja kako znam Sinofarm veke nema, sega vakciniraat so Fajzer , kako i da e nema ni vo ednata ni vo drugata penicilin.
И јас…ама со Фајзер…не очекував дека избор ќе ми дадат, се најдов изненадена…засега само болка во рамо,други симптоми не
Мајка ми и татко ми се ревакцинираа на 2ри јуни со Синофарм ,втора доза и двајцата , мајка ми имаше само болки во рамото , татко ми замор , болка во раката. Толку, сега се целосно вакцинирани Може не е местото на прашањето тука , ама ете вие што се вакциниравте ако знаете да ми одговорите. Јас на 13ти ќе се вакцинирам со прва доза со Фајзер , дали наместо парацетамол доколку качам температура може да се напијам ибупрофен? Парацетамол не пијам веќе со години не ми помага воопшто ни 1000ка
После вакцинирање може да се пие, парацетамол, бруфен, вентор, стандардна терапија која си ја пиете. После вакцината пијте многу вода, еден ден барем одмарајте, дајте на телото да се избори. До 37.5 не земајте одма. Реакција е тоа нормална. Над 38 веќе земете. Знајте дека е пролазно, нема да умрете , не читајте се и сешто. И Фајзер е безбедна и Синофарм е безбедна. Фајзер јас си ја сакам повеќе, таа си ја добив, освен 2 дена (ако се земе ден на боцкање зашто сабајлечки ме боцкаа), лежење, спиење, главоболка како настинка кога ќе ве фаќа, морници ладно, болка на местото на боцкање немав ништо друго. Релакс. Не читајте вака така. Мислете само дека милиони се веќе вакцинирани. И најбитно, не се опседнувајте со телото после вакцина. Ќе ви се качи притисок - леле од вакцината, ќе ве заболи нешто - леле од вакцината. Не читајте по групи!! Најмногу тоа се зезнав. И најбитниот side efect се олабавив, се насмеав, се смирив.
Јас имав веднаш по вакцинацијата, и иначе имам проблем со желудикот, ама после вакцината цел дигестивен ми се поремети.
Истото го чуствував, како стегање под срцето како некој обрач и не можев воздух убаво да земам, веднаш неколку часа по вакцината. Целото тело ми пулсираше. Денеска сум во ред ги немам тие симтоми, само ги чувствувам дланките и стапалата ладни, а нозете како да немам циркулација.
Ден ипол од вакцината на мм, ( фајзер)нема реакции. Има само незначителна болка во раката, се надевам така ќе остане.
Јас сум со алергија на пеницилин. Се вакцинирав две дози синофарм. Ми рече и матичниот и таму прашав, нема пронлем. Проблем е ако си имала алергија на некоја вакцина претходно.
Не е проблем ако си имал алергија на друга вакцина , туку проблем е ако си алергичен на некоја од помошните супстанци на вакцината или ако си направил алергија на првата доза па контраиндицирано е да примаш втора. Лично јас сум имала алергија на друга вакцина, сега се вакцинирав со 2 дози немав никаква алергиска реакција