Реалноста е мртва, ние ја убивме

Discussion in 'Психологија' started by Saya, May 17, 2011.

  1. Saya

    Saya Популарен член

    Joined:
    Jan 6, 2011
    Messages:
    1,190
    Likes Received:
    5,558
    Ова е повеќе филозофска тема отколку психолошка, ама феноменот наречен „хиперреалност“ зема се` поголем замав и во човечката психа, не прави несигурни и параноични, да патиме од константната потреба за претставување на лажна слика пред останатите (особено на Фејсбук), и бомбардирани од медиумските бомби да почнеме повеќе да веруваме во рекламите отколку во реалноста (нивната спротивност).

    Симулирањето на секојдневниот живот и моралните вредности преку медиумите доведе до искривување на правилната перцепција на реалноста, па дури и историјата и политиката. Јадеме се` што медиумите ќе ни сервираат, и најтрагично, се` помалку и помалку се сомневаме во неточноста на огромниот број информации што денес ни се подостапни од било кога.

    Kaко вие се носите со ова бреме? Жртви сме на хиперреалноста или не? Дали навистина реалноста е мртва, а ние ја убивме?
     
    daylight likes this.
  2. Theodora

    Theodora Популарен член

    Joined:
    Jan 19, 2011
    Messages:
    1,504
    Likes Received:
    5,576
    Во однос на лажното претставување на себеси би рекла дека е карактеристика која некои ја поседуваат и во реалниот живот и виртуелно, меѓутоа е со краткорочен ефект бидејќи подолгорочно ќе испливаат вистинските факти на површина како фекалии од дупната канализациска цевка, само е прашање на време.

    Во однос на перцепцијата на историјата и политиката има различни категории на луѓе.
    Првата не му се ни мислат воопшто сведени се на елементарни нагони јади, пиј, сексај се, спиј и детс ит - немам што повеќе да додадам за оваа категорија,значи тие не ја перцепираат реалноста подалеку од фрижидерот или креветот во сопствениот дом.
    Во втората се голтачи на готови соџвакани перцепции кои сакаат да се повикуваат на некој авторитативен, според нив секако медиум или некоја личност која ја идеализираат како непогрешлива и би ја цитирале напамет до последен здив.
    Во третата се луѓето кои својата перцепција ја ставаат на многу обртаи низ центрифугата на својот мозок и се вечно заглавени во анализи, синтези, тези итн и се обидуваат да ги најдат сите постоечки извори за одредена информација, сите причини, последици и мотивација значи луѓето кои имаат свои ставови и перцепции и се свои на своето бидејќи макотрпно дошле до конечниот став, :) .
    Поконкретно еве јас историјата како наука и не ја почитувам премногу бидејќи е исполитизирана и субјективизирана до максимум и ја пишувала претежно раката на агресорот - ја перцепирам како хроника на злосторствата и несреќите на човештвото не ја негирам, ама ја прифаќам скептично и резервирано.
    За политиката се трудам да ги оценувам објективно настаните и личностите и тогаш кога сум субјективно засегната од некоја постапка која ми пречи и затоа не сум член на партија бидејќи не сум човек кој во хор би изговарал „Амин„ кога нешто ќе се коси со моите принципи и убедувања, а е наметнато од партијата.
     
  3. zhap4e

    zhap4e Форумски идол

    Joined:
    Mar 27, 2011
    Messages:
    7,113
    Likes Received:
    107,131
    Gender:
    Female
    Реалноста, мислам дека од многу поодамна е мртва или е, ако ништо повеќе во клиничка смрт.
    И ова е така според мене уште пред појавата на сиот оној професионален маркетинг ешалон умешен во доброто пакување на одредени производи или индивидуи за да им додаде во плус од нивната продажба пред јавноста, сервирајќи и го како пример за тоа што треба да се има или што треба да се биде.

    Па, ако во едно старо време, кога рекламите и телевизијата за широка пропагандна војна со реалноста не постоеја, постоеше самиот човек и неговата чудна потреба и желба да зачини секоја една приказна со плус нешто и со тоа од реалност да направи нешто поинакво. И ова е нешто, што на луѓето им е во крвта.
    Без оглед дали говорат за себе или за друг, секогаш она што го говорат е забиберено со нивната потреба од преувеличување на нештата, благо скршнување од досадната приказна и претставување на истата како супер интересна за слушателот. Впрочем и кој би сакал да чуе некоја досадна приказна за комшијата, ако истата не ја раскажеме на интересен начин, кој макар и за сантиметар ќе отскокне од фактите.
    Истото се случува и кога самите ние се претставуваме пред јавноста. Нашата желба да им се допаднеме на другите, да бидеме прифатени во компанија на познатата трупа „хот чикс анд гајс“, ма и воопшто во било кое друштво, речиси секогаш е пропратена со некаква маска, која си ја ставаме сакајќи да се претставиме поинакви, поблиски до оние кон кои се стремиме да допреме... макар што, штом се почувствуваме сигурни во своја кожа ја симнуваме маската и си ја разголуваме душата.

    Од друга страна тука е и самата пропаганда која ја шират таблоидите, телевизијата за познатите личности во филмската и музичката индустрија, кои секогаш, ама апсолутно секогаш ни се продаваат со конкретна приказна, која поминала низ прстите на експерти, за осмислување на пакетот од боја на коса, должина, облека, па се до трагичната/авантуристичко-бунтовничка/или невина душа сторија за ликот и делото, со плус име за да се запечати пакетот.

    Згора на тоа, филмовите посебно се полни главно со актери со начукани преку 20 години во задникот, кои глумат тинејџери и продаваат една искривена слика за тоа како физички треба да изгледа еден тинејџер. Пак и цртаните :tmi: колку повеќе ги гледам барабар со внук ми, толку повеќе сфаќам дека уште од мали им се сервираат одредени приказни за тоа што и како треба да биде и како треба да се претставуваат пред јавноста (а да бидеме искрени, не секој ја поседува во себе таа харизма да владее со толпата, да пали и жари, некои се просто од оние што гасат).
    Па, ако некој посака да е во чекор со толпата :hai: си се претопува во трендовите кои ги диктира толпата, а кои се всушност сервирани од мала група на индивидуи, кои го диктираат трендот.

    Дури и за државите во меѓународната политика има интересна теорија за реалноста со која дури и тие се соочуваат при нивното формирање, опстојување и играње среде останатите. Имено, државата постои како таква сама по себе штом никне на меѓународната сцена, без да има потреба некој да ја признае. Но, каква ќе е нејзината позиција на меѓународната сцена, сепак зависи од односот на великите кон неа. А, односот на великите е тоа што ќе ја определи дали ќе биде субјект или ќе е просто објект на меѓународната сцена. Така е и со индивидуата во „реалниот“ свет.

    Што се однесува до виртуелниот свет, тој е интересна квази-реалност, на која што секој добива плус или во минус во должина на забите, а ретко кој останува со своите.
    Оние фраерите, одат во минус. Тие се мили и грижливи кон невините девојчиња, онака како што оние реално милите и грижливите (непопуларните во реалноста) влегуваат во чевли на фраери па иди и разбери ги.
     
  4. Lux

    Lux Форумски идол

    Joined:
    Nov 27, 2009
    Messages:
    7,100
    Likes Received:
    6,358
    Gender:
    Female
    Ако беше мртва, немаше да ја убиваме :)
    Реалноста постои, но ние полека полека ја убиваме.
    Со забрзаниов развој на технологијава полека стануваме робови на виртуелноста и реалноста ја заменуваме со компјутери, телевизори...
    Со самото тоа што реалноста се повеќе и повеќе се губи ние ем сме хиперактивни, а со самото тоа и жртви на хиперреалноста.
    Сега е вака, за 20 години искрено стравувам што ќе значи зборот реалност.
    Некои работи многу брзо се менуваат, некои не, ама конкретно со виртуелноста, ако постои можност да се учи од дома преку компјутер и воедно исто така и да се работи, кој би одел тогаш на работа и би станувал рано кога истото ќе може да го сработи дома ? Е ова ќе биде деликатна тема за дискусија во идниве години, чувствувам, кога веќе постои можност да се полага компјутерски.
    Можност, стварност, вистина и реалност би рекла наспроти виртуелност.
    Некои работи не можат да бидат нереални, па така тоа ми е единствена надеж дека реалноста ќе постои.
    Медиумите си пласираат се и сешто, наше е што ќе прифатме, а што не и како ќе ги искористиме тие информации.
    Реалноста постои, ама самите ние ја потиснуваме и ја заменуваме со други работи, а тоа има големи последици врз сите.
     
  5. kankus

    kankus Популарен член

    Joined:
    Dec 31, 2010
    Messages:
    1,472
    Likes Received:
    871
    апсолутно да се е испревртено а со тоа и многу тажно кога се губи секаков контакт со реалноста :sweat: :sweat:
     
  6. Annie.mk1

    Annie.mk1 Популарен член

    Joined:
    May 10, 2011
    Messages:
    1,637
    Likes Received:
    3,742
    Токму така, ние ја убиваме реалноста...
     
  7. Papillon.Papi

    Papillon.Papi Популарен член

    Joined:
    Oct 5, 2013
    Messages:
    3,245
    Likes Received:
    9,702
    Gender:
    Female
    Сега, јас ќе испаднам дволична кон реалноста... ја почитувам, но ми се случува да забегам во мојата БУЈНА фантазија.
     
  8. summer-lover

    summer-lover Популарен член

    Joined:
    Jun 12, 2013
    Messages:
    402
    Likes Received:
    1,265
    Gender:
    Female
    Секој си е во свој филм...далеку од реалноста...Според мене подобро е да си летиш во облаците,да се филмаш отколку да се бориш со суровата реалност.Но,кога ке дојде време да се соочиш со реалноста е тешко...многу тешко. :|
    Подобро е што реалноста е мртва..бидејки таа нас не убива со суровите нешта што ги има,тажните моменти....
    Реалноста е СУРОВА
    Еј абе јас поет почнав да бивам,ама незнам дали ме разбравте што ви кажав. :?:
     
  9. eliesaab

    eliesaab Популарен член

    Joined:
    Apr 27, 2013
    Messages:
    4,887
    Likes Received:
    16,114
    Gender:
    Female
    Реалноста не е мртва.

    Ако "сите" ги класифицираме како извештачени тогаш и самите сме такви. Ако барем еден човек е свој и уникатен, тогаш ништо не е изгубено. Најчесто ние внатре во себе сме на некој начин мртви за да се заштитиме од разочарувања. Но тоа не мора да значи дека не сме свои. Треба време, простор за секоја индивидуа да го достигне својот праг на уникатност. Не значи дека перцепцијата на еден човек по дифолт е перцепција и на друг човек.
     
    Аргентина * likes this.
  10. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Joined:
    Apr 27, 2018
    Messages:
    37,714
    Likes Received:
    283,316
    Сите ја доживуваме реалноста различно, затоа што сите примаме различни сензации со сетилата, во различно време... неповрзано со тоа дали е онлајн, или офлајн.

    Прост пример:
    Сега забот ме штрекна.
    Мене само ми е вака 'наместено' пред очи.
    Не го гледате вие мојот компјутер, ниту слушате тоа што слушам јас во моментов.
     
    hermosa likes this.
  11. Аргентина *

    Аргентина * Форумски идол

    Joined:
    Jul 19, 2015
    Messages:
    5,179
    Likes Received:
    10,152
    Gender:
    Female
    [​IMG]

    И луѓето се свесни дека вака стојат работите генерално, но не и кога ќе дојде време да препознаат ситуација или да се посомневаат во веродостојноста на истата. Тогаш ништо не им текнува, празно.
     
    daylight and hermosa like this.
  12. prashinka

    prashinka Истакнат член

    Joined:
    May 6, 2021
    Messages:
    437
    Likes Received:
    799
    Многу повеќе е мртва, отколку "жива"..