1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Реалност или илузија?

Дискусија во 'Психологија' започната од changetheworld, 5 септември 2015.

  1. changetheworld

    changetheworld Активен член

    Се зачлени на:
    5 септември 2015
    Пораки:
    15
    Допаѓања:
    6
    Пол:
    Женски
    Сите сме свесни што се се случува во денешно време. Но муабетов сакав да го насочам кон нешто друго. Дали може да се прифати некоја општа реалност или тоа е индивидуален поглед на светот. Според мене луѓе т.н. реалисти не постојат грубо кажано. Секој , во зависност од душевната развиеност и свест, го прифаќа различно светот. Па јас мислам дека реалноста е релативна. Што мислите вие? :sun::sun:
     
    На blonde_supergirl му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.148
    Допаѓања:
    76.580
    Пол:
    Женски
    Добро прашање, добра тема. Јас себеси се сметам за реалист. Зошто? Затоа што сум свесна секогаш за секоја ситуација што може да проилезе од неа, што добро а што лошо итн. Дали чашата е допола полна или допола празна не знам, знам само што е таа течност во неа. Некој друг реалист може поинаку од мене да размислува. Размислувањата на сите можат да бидат слични, но не исти. Нашите размислувања се обликувани од нашите искуства, па така сметам дека секој си оди со своето. Често сум се судрувала со спротивни мислења од моето и не сум можела да излезам на крај со тие лица. Секој различно ги сфаќа нештата.
     
    На blonde_supergirl му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Nigredo Odor

    Nigredo Odor Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2016
    Пораки:
    3.549
    Допаѓања:
    19.459
    Се согласувам дека реалноста е релативна бидејќи e перцепирана субјективно. Но, понекогаш постојат лесно предвидливи ситуации за кои не е потребно многу да размислуваш за да знаеш што ќе произлезе oд нив.
     
    Последна измена: 19 јануари 2016
    На blonde_supergirl и theowndemon им се допаѓа ова.
  4. tirkenbal

    tirkenbal Популарен член

    Се зачлени на:
    19 април 2013
    Пораки:
    1.677
    Допаѓања:
    12.536
    Пол:
    Женски
    Се на овој свет е релативно,па така и реалноста. Ние сами си ја создаваме реалноста само понекогаш не сме свесни за тоа. Се што ни се случува во животот е раководено од нашата потсвест па паралелно на тоа и нашата визија за реалноста е само плод на нашите мисли и потсвеста. За мене нема општа реалност,сето тоа е индивидуално и секој различно ја сфаќа реалноста.
     
    На theowndemon му/ѝ се допаѓа ова.