ме интересира дали некој од вас има искуство со овие бои за коса..ми ги препорача продавачката во една парфимерија и ми рече дека нема промашај со нив ќе се фарбам црвена па сакам да слушнам и од вас коментар..
REVLON Јас ке ти кажам како постручно лице боите се топ но се е до влакното.Зависи каков пигмент имаш дали сега прв пат се фарбаш од кафена црвена или ?
REVLON Да знам дека се е до влакното,имам средно смеѓа коса и не ми е баш густа,се надевам ќе ми фати..јас се двоумев меѓу кене и оваа но ми рекоа дека оваа била поуба па сеа...и да прв пат се фарбам заборавив да кажам...мислиш дека ќе биде работа???
REVLON Сега на збор темно смеѓа незнам баш али како што те замислувам би требало,едино ако немаш некој портокалов пигмент па да станеш хаос. Икрено би ти препорачала да си одиш на фризер за прв пат ако сакаш да изледаш одлично.А густината на косата не значи ништо за фаќањето на бојата,туку за колку фарби да си купиш.Али ако збориме конкретно за фарбата оваа фарба ја користат и во фризерници и јас сум многу задоволна од неа
REVLON абе јас викам ако не пробаш нема да знаеш..ако имам портокалов пигмент нека имам некое време ќе изгледам ко некоја циганка ама после ум за другпат мене чисто ме интересираше дали е добра фарбата а тоа дали ќе фати сепак е до мојата косичка ..се наедвам дека го немам тој пигмент
REVLON Значи ти си од типот на девојки кој и не му ја марат многу тоа го ценам.....Така да ако се деси тоа со наредното фарбање со истата боја ке се подобри и со уште едно ке бидеш одлична...Јас ти посакувам многу среќа
REVLON коса не се жали така вика мајка ми ај кога ќе се исфарбам ке постирам сликце да видите каква циганка ке излезам или каква лепотица....зависи...
REVLON денес си ја купив фарбата па ме интересираше да ми кажете бојата се меша со крем пероксид 1:1.5 мене пошо ми е прво фарбање незнам како оди таа работа тоа е хидроген уствари??? ај некои така поупатени кажете пошо сум стварно идиот за вакви работи,а кога ја купував фарбата не видов дека нема хидроген внатре туку само боја..
REVLON Колку пари е фарбата? Ја има во сите бои, така? Јас користев шампон Ревлон некое време и супер беше, планирам пак да земам. Инаку јас се фарбам неколку години со palette и со фарбата има и хидроген, па ги растварам и се добива смесата со која се фарбам. Ако во фарбата нема, најдобро ти е да одиш да прашаш што како од кај што си ја купила.
REVLON 350 ден е и има многу нијанси...и мене ми ја препорачаа оваа фарба зашо била најдобра па сеа...само ме интересираше тоа за хидрогенот ..ако знае некој сепак нека каже.
REVLON па јас ја купив од парфимерија од кавадарци,продавачката ми кажа дека ги нема сегде ама као демек оваа парфимерија била нешо како генерален дистрибутер за овие фарби...
REVLON оффф леле значи ти трба за мерење,а ти немаш и така да ке направиш одприлика не е ништо страшно.Тоа што е 1:1.5 значи дека повеќе хидроген треба да се стави мислам ме разбра? Сети кажува бројката
REVLON Да знам дека ги нема, затоа прашувам да не знаете некаде во Скопје каде се продаваат јас никаде немам видено.
REVLON да сфаќам ова за бројките туку јас мислев ова крем пероксид не е хидроген туку нешто друго како хидроген абе глупача колкава сум да не си ти да ме управиш којзнае шо ќе ставев внатре
REVLON нее вчера си ја купив фарбата..ќе се фарбам негде околу 20ти таман за на одмор да бидам тазе фарбана инаку кажи ми колку пари е хидрогенот и каков да купам има различни некои??и на фарбата пише за максимален ефект од кога ќе се изфарбам да ставам колор шампон така да препорачај ми и таков....
REVLON Искрено незнам која цена се малите пакувања зошто јас зимам во големи количини,а најдобар хидроген ти е млечниот и незимај голем процент како што е 12 туку 6 можш или 9 тоа зависи колку ти е темна косата ке ти кажат таму,тоа можеш да го земеш од аптека,а за колор шампон тоа ти го има во парфимерија и ти е за поголем сијај на косата,а исто и поубава ја прави бојата ако не ти испадне убаво со фарбата.Инаку пред одмор не се препорачува фарбање али сепак ти си знаеш
REVLON еее ме разочара сеа....па јас сакав за на одмор да си бидам средена..мислиш не се препорачува пред одмор заради сонцето или??