1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Револт кон родителите

Дискусија во 'Психологија' започната од mayaK, 8 април 2011.

  1. Feel1

    Feel1 Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 март 2011
    Пораки:
    18
    Допаѓања:
    1
    Многу пати имам правено муабет девојки, и мајками имат смирено правено со него муабет, дека сега мора да се приберат, дека се десе што се десе, дека мора да мислат на нас, да продолжат понатаму но све било џабе, дури си мислам дека некој на таткоми му има направено магија или нешто незнам веќе... не сака да се потруди да е подобро,све е само со расправии и мисли само на мајкаму и на таткому ако имаат по 90, како да нема свои деца, не се грижи за нас воопшто ... незнам што му е , знам дека е повреден многу ама што можам јас да им правам....
     
  2. Feel1

    Feel1 Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 март 2011
    Пораки:
    18
    Допаѓања:
    1
    Девојкии секој ден е све полошоо... неможам повеќе, дај барем кажетеми некои апчиња за расположување да не плачам веќе, и како што гледам идеата за самоубиство све повеќе ми иди, пекол ми е животот :(
     
    На M.V131993 му/ѝ се допаѓа ова.
  3. soco

    soco Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 март 2011
    Пораки:
    418
    Допаѓања:
    185
    1 - во и основно е сега да мислиш само за тебе и лично за тебе ! и бес таблети и глупости .Ти си веке возрасна и гледај од то што останало да го извлечеш максимумот .Тие што си правеле нека си сакаат ! Дали ти даваат доволно средства за да продолжиш со образование тоа треба да ти биде примарна цел да завршиш што повеке школа и да си најдеш работа или ,,богато да си се омажиш по можност во странство,, :D :D за последново се зезам !
    Јас живеев во пекол кога бев тинајџерка со болна мајка и релативно неодговорен татко . Сега татко ми е многу променет ама е касно а мајка ми 26 години е под седативи бидејки ко беше млада мислеше дека со изливи на нервоза ке можит да го сменит односот на татко ми но не успеја само таа падна во длабока депресија и дома урлаше по цели денови а ние децата ни криви ни должни трпевме репресија од неја ,,кутрата и таа не сакаше,, ама така и идело ! Многу ни требаше за да можиме да се соземиме .Јас лето работев и студирав и од ко се омажив ги баталив ! е сега тие двајца си останаја сами со нивните слабости. Навистина комуницирам со нив ама некако во себе осекам ,,мраз,, спрема нив затоа што јас не си живеев нормален живот како моите другарки . Но родители какви такви мој ми се .Еве сега имам деца и ЈАС никогш не дозволувам моите деца да осетат нешто такво вто Јас го имам осетено ! еве вечерба баш керка ми ми рече ,, е мамо ти си многу попустлива и толерантна личност дури и простодушно делуваш на прв поглед,, ЈАС само се насмевнав и реков ЈАС сум како сунгер и кога некој ме згази пак си ја заземам првобитната положба !
     
  4. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.720
    Допаѓања:
    162.438
    Нефункционално семејство е страшно нешто.Сите бараат,сите кажуваат,никој не се менува,никој не помага,никој нема слух да слушне и да се случи компромис.
    Искрено,не знам како е да е човек на твое место,можам само да претпоставам и да си направам слика во глава и да ти дадам совет.
    Нема што многу да направиш освен да се гледаш себе кога гледаш дека сите се разишле по патиштата кои им одговараат.
    Се почнало кога мајка ти и брат ти ја изневериле довербата на татко ти.Тој е гневен што е многу нормално затоа што тој работел,стекнал и од хир да му снема се за дел од секунда,сигурно е страшно чувствотот,а уште пострашно е да бидеш изневерен од најблиските.Довербата е изгубена и затоа е разочаран,а верувам дека се чувствува и тој безперспективно.
    Ако можеш да ги убедиш да се соберете и да каже секој се што го мачи и што сака од останатите,да каже како се чувствува,што го повредува.Јас верувам дека на твоите би им било тешко кога би знаеле како ти се чувствуваш.Јас да сум на твое место би седнала да разговарам со татко ми со смирен тон,со кафе до нас,во деновите кога гледам дека е малку од малку посмирен. Не би напаѓала,туку би зборела како се чувствувам јас и како сакам да биде.
    Мора да научите да фукнционирате како тим,взаемно да соработувате,да имате заеднички планови и заеднички да ги решавате проблемите.
    Искрено кажано,иницијатор на раздотот на твоето семејство го гледам кај мајка ти која дала одобрување на желбите на брат ти и работела зад грб на татко ти,а требала да му биде потпора. Знаете како велат,мажот е главата,но жената е вратот во семејството.Не смеела да дозволи такво нешто,затоа што татко ко татко,си ги сака децата и семејството,но мајката сепак уште посилно ги поврзува и ја гради довербата,ја праќа пораката на безусловна љубов до таткото и нема поинаку од тоа. Ако се среди осносот помеѓу твоите,ќе се среди целото семејство,но сепак мора од некаде да се почне.
    Никогаш не е доцна,но мора да научите да се исслушувате и вашите родители мора да ви ги постават границите на тебе и брат ти и тоа да го прават заеднички,а не мајка ти да ја освојува вашата љубов на погрешен начин како што направила порано.
     
  5. MSkorpionka

    MSkorpionka Популарен член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2011
    Пораки:
    1.972
    Допаѓања:
    4.100
    Немој ни да помислуваш дека она што му се случува на татко ти е поради магии или слично...зар не е доволно тоа што се случило па човек да изгуби разум, верба и љубов кон најблиските кога толку сурово го изиграле? Знам мојот татко знаеше да не игнорира со недели ако некој од домашните му згрешевме и тоа за мала работа, а за вакво нешто сигурна сум ќе не отпишеше од живите...
    Претпоставувам имаш пробано секако да разговараш, и смирено и со викање и плачење како што кажа за да предизвикаш барем малку сожалување за вас во неговите очи, но немој да си толку изненадена што тоа не се случува...и немој усилено да го бараш од него.
    Кој ти ги плаќа студиите? Студираш во друг град? Дистанцирај се колку можеш, остави ги сами да средат колку можат, ако не можат-можеби развод е најдобро решение...
    Ако бил добар човек, добар татко, ќе се поврати верувај, само му треба време...
    А ти немој да помислуваш на најлошото, колку и да е проблемот голем, ќе помине...
     
  6. Ivah

    Ivah Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 мај 2011
    Пораки:
    203
    Допаѓања:
    198
    оууу душо :| јас би те посоветувала да одиш на психолог навистина не е ништо страшно и срамно напротив емногу корисно верувај ми, ке се опоравиш.
    сум искусила и од искуство ти каЖувам. ти посакувам навистина многу среќа драга :*
     
    На M.V131993 му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Feel1

    Feel1 Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 март 2011
    Пораки:
    18
    Допаѓања:
    1
    Ви благодарам на мислењата девојки.. Кај нас дома не фукнционира ништо како тим... на пр.братми му вика неможам да се нервирам што сакате правете не ме замарајте..и ке си замини во другиот град ке си оди во кафичи со девојката..и не се замара воопшто.Кога мајками ке каже некоја идеа која навистина би била добра, таткоми не сака ни да слушне затоа што мисли дека е погрешно, па тој кажува сосем нешто трето..а јас само слушам расправии и се нервирам и си плачам и си пијам апчина и веке почнав да пушам,тоа што најмогу го мразев во животов и ете така ми е секој ден. Сега ке заминам на факс и планирам таму да седам, но знаете ке гледам да доаѓам секој ден, не сакам ни да помислам дека мајками може да го остави тато или да се случи нешто неочекувано... сакам да ги оставам и јас сами некое време но стравот и мислите дека нешто ке се случи не ме оставаат....
     
  8. mime87

    mime87 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2010
    Пораки:
    3.956
    Допаѓања:
    6.950
    Пол:
    Женски
    Феел1
    таткоти и мајкати неможејќи да се помират со нивните грешки кој уназад биле направени те занемариле потполно тебе и ти како воздух си за нив жаалам сум го имала таквото чуство од таткоми и тоа сеуште е така но мајками е поинаква со мене таа сака да успејам во животот и дава све од себе додека таткоми е огромен материјалист зема висока плата и треба да му дадеш отчет за 100 ебани денари или ако земеш повеќе пари мора да е со некаква причина таткоми мисли само и само на пари таков беше и таков остана има пари и само си ги чува не пави ништо посебно ниту пак вложва во нешто секогаш сум бунтовна со таткоми и така ќе остани се додека тој не го смени односот со мене како и да е ова ти го кажувам дека не си единствената што има несогласувања со таткому посебно и затоа не треба да спаднеш на мисли да се самоубиеш кои црни мисли се тие никако што ќе решиш со тоа уште поголем пекол кај тебе ќе биде дома никако тоа бришиго од главата.
    Според мене треба да седнеш со таткоти милум или силум да земеш став не си повеќе мала и да му кажеш дека со нивните ебани проблеми тебе тотално те занемарија и запоставија дека се уништуваш и дека неможеш така да функционираш па боже мој ти му си негово дете редно би било некако да реагира оставиго братти гледаш дека си го тера животот гледај ти дома смири страсти разговарај со таткоти мораш да разговараш велиш имате финансиски проблеми па ти сега си полнолетна можерш на факс да бидеш вондреден студент и да работиш да си земаш плата и да бидеш независна да си имаш џепарац и да не му ја мислиш многу барем за тебе ќе си имаш пари и повеќе ќе те ценат дома со поинакви очи ќе те гледаат значи кога гледаш дека никој со прст не мрднува дома пробај ти биди попаметна да смениш малку некој атмосвера да донесеш ведрина дома малку позитивна енергија а не тука на самоубиства глупости да мислиш ајде потруди се малку
    а сите други кои ви се мешаат во семејството било далечни или блиски роднинифино лепо да му ја затниш муцката и да му речиш да не се мешаат во семејството каде што има проблеми и да создаваат нови бидејќи 90%од луѓето сакаат да го пикат носот каде што не им е место ....
     
  9. Gea

    Gea Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2011
    Пораки:
    1.056
    Допаѓања:
    11.606
    Пол:
    Женски
    Најлесно е на некого да се покаже со прст и да се каже дека тој е виновникот за овој проблем.Меѓутоа, читајќи го твојот пост, забележав на едно место каде велиш дека мајка ти и брат ти му работеле зад грб на татко ти и со лаги подигнале кредит и тоа хипотекарен.
    И воопшто не се чудам што татко ти се однесува спрема мајка ти така како што опишуваш.Брат ти си збришал, што по втор пат ја докажува неговата себичност, а сето она што татко ти го создал и градел толку време, за да вие уживате и ги имате најдобрите услови, снемало за миг. И комплетно го разбирам.
    Бидејќи тој веќе прифатил една „силна“ идеја од мајка ти, не е ни чудо, што другите нејзини идеи не ги ни зема в предвид. Единствено е жално што ти мора да бидеш сведок на нивните несогласувања-реално не си заслужила.
    Возрасните имаат свој свет на комуникација. И да си присутна и да си отсутна, тие ако решат да се разделат, ти не си моќна да ги спречиш. Затоа сконцентрирај се на твојот живот, а нив остави ги извесен период сами, ќе се стабилизираат. Колку и да има љубов меѓу нив, финансиските проблеми се тие што ги предизвикуваат кавгите, ако си слушнала има една поговорка: Кад немање куца на врата, љубав бежи кроз прозор!
    И уште една работа не ми влегува в глава. Како дозволиле да ви ја земе банката куќата, кога опишуваш дека сте биле многу богати, па ваљда сте имале доволно да ја плаќате ратата за кредит?
    Друго, спомнуваш уште една куќа во друг град
    и трета постара,
    значи имало излез, можеле тие да се продадат и да се изедначи долгот кон банката или ако не друго, да се платат заостанатите рати кредит?
    И уште еден излез имало, хипотеката можела да се префрли на другите две куќи, па тие да ви бидат одземени, а да ја задржите оваа поголемата и поубавата.
    Навистина некои работи не ми се јасни...
     
    На M.V131993 му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Feel1

    Feel1 Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 март 2011
    Пораки:
    18
    Допаѓања:
    1
    Ви благодарам девојки..Геа добро си го прочитала тоа што го напишав. Ратите од кредитите можевме да ги плаќаме, но не стигнувавме затоа што со платата мама што ја земаше плаќаше други борџови кои ги имаше премногу...со парите на тато исто тоа се правеше иако тој многу ги криеше како што кажа миме за нејзиниот татко...Постара куќа каде што сме сега до нашата е многу многу стара...од на времето била на баба ми и дедо ми и немаат тие никакви документи за имот..па не можеше ништо да се превземи за да се покрие кредитот.. Куќата друга во другиот град е на име на мајка ми... но и таа тогаш кога ни беше најпотребна немаше имотен лист за да можиме со таа да покриеме..документите веќе се правеа за имотен лист, но банката не сакаше да почека..па се деси тоа што се деси... и сега му викаме ние на татко ми да не се секира дека имаме и друга куќа, но тој вика дека никогаш во животот нема да сака да живее таму.. дека ќе оди во нашето село ако треба каде што и таму имаме куќа..но таму нема да оди... или ќе оди само кога ќе умрат неговитое родители... А, тоа само господ знае кога ќе биде уште колку години ли ќе биде... и се додека биде животов ќе ми биде ваков... како проколнат :(
     
  11. pupi.girl

    pupi.girl Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јули 2011
    Пораки:
    4.464
    Допаѓања:
    7.841
    Пол:
    Женски
    Разговарај со твоите родители и кажи им дека не ти е лесно, пробај учи макар и да не ти е по ќеф, зошто сите имаме по нешто што не сакаме да учиме ама мора да се учи.. пробај поправи ги оценките, размислувај позитивно и вервувај тоа што те запишале твоите на медицина е добро, јас сум на фармација и нашата работа не е за фрлање зошто имаш редовна плата итн, а некои чекаат со месеци зошто не им е редовна. Имај перспектива кон нештата и само позиитвно кога ќе им докажеш на твоите дека можеш да учиш ќе ти ја тргнат казната, а тоа со старомодноста па нормално е и ти не мора да им кажуваш со кого пишуваш :) :) :)
     
  12. Gea

    Gea Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2011
    Пораки:
    1.056
    Допаѓања:
    11.606
    Пол:
    Женски
    Мислам дека малку е нехумано и неблагодарно да посакуваш некој да почине за да почнете вие да живеете.Целава ситуација ви е конфузна затоа што најтешко е да се падне од коњ на магаре, ама човекот е најсилно суштество и може многу да издржи и да поднесе. Во животот се е релативно, па и вашата ситуација ќе се промени, сепак има на што да се надевате. Барем сега е лесно објектите да се легализираат,да се земат имотни листови, се да се продаде и да се почне од почеток. Има излез, само ти треба да ги оставиш родителите да бидат родители,а тие сами ќе си го решат проблемот.
     
  13. Feel1

    Feel1 Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 март 2011
    Пораки:
    18
    Допаѓања:
    1
    Nee Geaa ne me svakjaj pogresno, nikogas ne sum posakala tie da umrat zatoa sto i tie ne izdrzuvaa mnogu, sakav da kazam deka mu velevme na tato da gi zemi i baba i dedo i site da odime da ziveeme vo drugiot grad, i da pocnevme sve od pocetok, majkami kje ja prefrlese rabotata, isto taka i tatkomi ke si prodolzese so rabota, bratmi veke odi jas na faks,,i sve ke bese poinaku, vaka nikako ne moze, dokumentot ke stigni veke za nekolku meseci i tesko deka ke mozi da ja prodademe taa kukja, zatoa sto nema da vredi da ja kupime starata zatoa sto od nea ne ostana veke nisto, veke e cela prazna, sve sto imase seta ubavina veke nema nisto...Sega site problemi se za ostanatite bordzovi, za toa sto ni se mesa od strana familijata so sekakvi muabeti mozete da zamislite posle ova... dodeka majkami bese kaj mene nabolnica dodeka jas bev operirana, mu velea na tatkomi kako majkami go dovela do ova, pa sega go ostavila i si zaminala, a taa idese kaj mene,,,i taka sekoj den so se novi muabeti, sekoj den so novi problemi ... i toa e.. :/ Se nadevam deka ke imam nekogas sila kako bratmi i ke se trgnam malce da gi ostavam i jas, mozebi togas ke se sredi sve,,, ama mozebi..:/ ti blagodaram
    [mod-kirilica:mkasitg0][/mod-kirilica:mkasitg0]
     
  14. mime87

    mime87 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2010
    Пораки:
    3.956
    Допаѓања:
    6.950
    Пол:
    Женски
    душо колку ми е жал ;( но пробај да го послушаш мојот совет и на девојките пробај да се отргнеш од таа куќа послем разговорот со таткоти прво разговарај барем пробај и види каков плод ќе донесе тој разговор ако не има никаков резултат пробај и ти да се отргнеш од твоето семејство па во пекол неможе да се живее како што ти реков пробај барем да си најдеш работа да бидеш самостојна и да студираш да бидеш човек еден ден можеби и ти кога ќе се отргнеш од твоето семејство таткоти ќе ја осети празнината од неговите деца остави го оставете го да размиосли малку и незнам зошто кога ете кажуваш како што разбрав имате неколку куќи незнам оти твоите не продатат една и така да се вратат долговите и да имате поспокоен живот таткоти треба да свати дека времето никој неможе да го варти назад за жал :(
     
  15. psychic

    psychic Популарен член

    Се зачлени на:
    23 септември 2012
    Пораки:
    2.360
    Допаѓања:
    1.252
    Пол:
    Женски
    опсесија им е само да учам, ако пишувам со машко на ФБ одма дечко ми бил, како да не смее другари да имам :( а дечко во животов не сум имала, а ниту некакви мувања и не жалам за тоа. Добра, примерна ученичка сум, една од најдобрите во класот, ама со математика имам мака - и само математика МОРА да вежбам и после ако не е 5, најчесто биле 4 и 5, но и ако е 4 одма забрани за излегување, за компјутер.... :worried: Пробав да разговарам , месец дена казна добив за компјутер и излегување. Бев добра на однесување, а ако нешто заборавев пак казна. Е, почнав да бидам малку дрска и да не дозволувам вака, ама истото е...И сега? :worried: Едвај чекам ако можам на факултет да избегам негде и повеќе да не се вратам дома, ама има време, прва средно сум...
     
  16. hermosa

    hermosa Популарен член

    Се зачлени на:
    7 декември 2011
    Пораки:
    3.691
    Допаѓања:
    9.359
    Пол:
    Женски
    отсекогаш сум била во конфликт со родителите,посебно со татко ми,не му чини што и да правам |( .ако шетам-зошто,ако не шетам-седам како стара баба дома,ако имам дечко-зошто имам,ако немам-да си најдам и да се мажам :o .
    и за последново што ми го зеде пасошот,скапо ќе ми плати :!:
     
  17. bumbi

    bumbi Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јануари 2010
    Пораки:
    494
    Допаѓања:
    262
    Пол:
    Женски
    Ако е ваква ситуацијата, тогаш твоите родители претеруваат. Јас разбирам дека сакаат да бидеш најдобра, секој го сака тоа за своето дете, ама ова е погрешен начин. И што ако имаш 4? Не можеш да бидеш одлична во се и се да знаеш за 5. И со тоа што ти забрануваат да излегуваш или да користиш компјутер само прават полошо. Милион пати се покажало дека е подобро со детето да си другар отколку да му браниш. Така и ќе имаат повеќе доверба во тебе, а и ти утре ќе ги земеш предвид нивните идеи за твојата иднина. Вака со забрани ништо добро не се прави. Верувам дека се исплашени од денешницава и мислат дека ако имаш поголема слобода ќе дојдеш дома со стомак до заби. Во тој поглед ги разбирам, ама пак е подобро да имаат отворен однос со тебе отколку да ти бранат.
     
  18. Feminka22

    Feminka22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2014
    Пораки:
    16.161
    Допаѓања:
    49.386
    Пол:
    Женски
    Кога ептен ме ,,дрмаа” хормоните и имав дома куп проблеми и ситуации ептен бев револтирана кон нив.На секој можен начин го искажував својот револт, бес и лутина.И себеси и нив доста ги повредив, до моментот кога сфатив дека веќе не сум дете, дека они и покрај се највеќе ми мислат добро иако не секогаш знаеле тоа да го претстават на начин со којшто јас одма би ги разбрала и сфатила.
    Сите барем еднаш во животот сме имале/ќе имаме конфликт со родителите што е и нормално, јаз на генерации, различни мислења, различни ставови.
    Само да не прерасне во проблем.
    Нема полошо нешто од остри кавги со родителите.
    Кажувам од лично искуство.