Здраво феминки..барав низ форумов и не најдов ваква тема... ако има нека оди во канта.. Мислам дека како во мојов случај има многу двојки кои одлучуваат дека нема да прават свадба туку само регистрација во матично.. Сигурно ќе се најде некој со искуство да ме посоветува...сега во декември сакаме да закажеме матично, но од матично да одиме во црква и потоа ние двајцата да ги почастиме со еден ручек присутните (татко,мајка,брат од двете страни, старосватовите и кумовите).. ме интересира дали вие кои се регистриравте ги дарувавте кумовите и старосватовите ???
Ствар на договор е дарувањето, јас и свадба правев па освен кумот никој друг не дарував. Да фрлате пари на бовчи направени од гаќи, пижами, крпи и чорапи нема апсолутно потреба тоа гледам веќе изумира и веќе сите младенци го избегнуваат. Сега ако сте во можност пожелно да го дарувате барем кумот со нешто лично на пример сребрена/златна наруквица, часовник и сл.
И јас не правев свадба, имавме само регистрација во матично и после седнавме во еден ресторан. Ниту сме дарувале, нити поклони земавме. Сведоци ни се ептен блиски луѓе и им беше посочено ништо дека не треба. и така супер пројде работата без да ги трошиме луѓето и без ние непотребно да се трошиме.
Кумот вика дека он не сака да дојде без поклон и старосватицата исто...и затоа онака се замислив викам да не треба и од наша страна нешто за нив. на почетокот не помислив на дарување зошто нели свадба не правам ама кога сеа уз муабет со кумот му рековме не сакаме ништо нема да правиме само регистрација он вика не доаѓам јас со празни раце сакам да ви купам нешто и затоа незнам што да правам.. ако земам за нив да не треба и за стариве да земам? хахах леле ич не знам
Значи во дарувањето нема правила како мислите вие и колку ви се можностите, може да ги дарувате кумот и старосватицата или само кумот значи вие одлучете си. Ние на кумот му купивме поклон а на постариот и помладиот девер кога дојдоа по мене му ставив крпи е сега бидејќи вие не правите класична свадба немаш ситуација кај што ќе треба да ги даруваш со било што. Мислам дека кумот се дарува и тоа тој што ќе ве венчава.
Ствар на договор сепак. Зошто старите да ги дарувате? Нема потреба. Бидејки кумот се изјаснил дека треба да подари нешто(а во случајов е и така, нема смисла ништо да не се пружи) тогаш и вие договорете се и дарете нешто на кумот и старосватот. Е сега сепак цената околу даровите треба да ја договорите, дали планирате поситно или поскапо. Ствар на вкус, но сепак како што и кажаа погоре нема потреба од бовчи, една, две три работи во кеса би биле доволни. Јас пресуствував на таква венчавка каде што се даруваа само кумот и старосватот, договорот им беше пари во плик. Поклони, бовчи и тракатанцу немаше, ниту пак дарување на други.
I nie ne pravevme svadba,zosto i jas i mm ne sakavme,posebno jas,toj mi vikase ako sakas za mene ne e problem,on i taka nema familija,roditeli i edna sestra,cickovci tetki nema,a od dr.strana pa jas imam golema familija,ama ne pravev zs ne gi sakam onie obicai po nevesta doma,pa aj nevesta da vodi oro itn.. E sega si otidovme vo maticno ,pa crkva i na kraj vo restorantce se na se imav 25dusi..im dadov pokloni na kumovite pari(zosto malku mi se nalickani i neznaev sto da im kupam),a na starosvatovite na nea z.narakvica,na starosvatot i decata po eden sat za raka,a da i na svekor i svekrva po edno parce-kosula i bluza..iako ne sakaa oni nisto..
Се е договор, а бидејќи се работи за блиски луѓе, не би требало да е проблем. И јас правев само регистрација и сите ги замолив да не ми купуваат подароци, односно ако инсистираат да биде нешто навистина скромно. Прво, немав потреба од ништо, второ не сакав ниту да си правам, ниту пак некому да му создавам обврски. Јас не купував ништо за никого.
Јас правев свадба во СРЕДА, драга моја. Да. У работен ден буквално после работа. Отидовме до матично и имав околу 28 луѓе на свадбата (од кои само 8 од моја страна) и си правев журче на отворено со одбрана музика од наша страна, без ора чочеци и старудии и дарувања.
Јас ке се регистрирам сега во Сабота, ке имаме околу 50 гости, после матично ке одиме во ресторан.Ова ни е веридба уствари, ама за да не се малтретираме многу на свадбата регисрацијата ја закажавме сега, а свадбата ни е закажана за летоска, планираме тогаш да се венчаме во црква.После свадба планирам да ги дарувама кумата и старосватицата со нешто накит најверојатно и толку. Со мм не правевме класични адети со бовчи и слично, дојде он со неговите да се запознаат со моите, си дадовме збор,и сега идат на ред веселбите.Бурми не купуваме сега, здравје за свадбата, венче не закачуваме на врата.
Исто и ние, се регистриравме и венчавка... никого не дарувавме, ги почастивме во рестран сведоците и родителите, толку!!! И нив им кажавме, дарувања, трошоци не сакаме, и ги замоливме да не се трошат ни тие.
Исто и ние, 15тина луѓе, регистрација и вечера. Јасно кажавме поклони никој да не дава, ние не даваме, ептен кога напнаа со празни раце ќе биле, реков да ми купат цвеќе обично. Не може кумот правила на наша венчавка да става, значи не не почитува. Свадба не правевме. Немаше ора и цицкотрес Кај 11 си отидовме по дома.
И ние исто. 20-тина луѓе бевме преку сила. Матично, па ресторанче со убава музика. Ние и кумови немавме Брат му на мм ни беше “кум” во матично, а една од сестрите мои “старосватица” Сега кога го крштевавме детево си најдовме кум Може понатаму ќе се решиме и во црква да се венчаме, којзнае
Јас одсекогаш сум замислувала на овој начин да си прославам, веридба и регистрација, вечавка во црква и свадба.Сметам дека секој си има право на избор.До сега немам ништо славено, ни матурска, ни дипломска бидејки не сум сакала да славам, ама за ова ми е мерак.Утре правиме буквално мини свадба,со сите нишани,си купив преубав фустан,закажав шминка, фризура.За мене тој ден е посебен кој се случува еднаш во животот и не сакав да помине така неодбележано.Секој со своите желби...
Да да, секако, најважно е да ти се исполнат желбите, ако така си сакаш да ти е со среќа и да си поминеш најубаво.
Ке ги дарувам после свадбата, само кумата, старосватицата со нешто накит сваровски, и свекорот и свекрвата нешто симболично (пижами некои или крпи).