Јас бев за истово пред 10ина дена, најпрво треба за изводи да се пријавите, не дозолуваат таму. Инаку, ова се потребните документи: И треба двајцата да се присутни.
Јас и маж ми кога вадевме летово, поднесовме во понеделник, готови беа во петок. На свекрва ми и поднесов, 4 недели со гурање едвај си го зема.
Колку време унапред треба да предадам барање и што документи се потребни? Сестра ми сака да се венча но таа не живее тука, па мене ме задолжи за тоа.?
За жал мора лично, пишав малку погоре од кои причини, види, читни. Аплицирајте за изводи онлајн прво ако немаат сега скоро вадено
Во моментот кога поднесуваш документи си пишуваш и кое презиме ќе го носиш и ставаш личен потпис.На регистрацијата веќе документот е спремен со име презиме,и само потпишуваш.
Ова со изводиве да ти се одмили и регистрација, и заведување на бебе. Ние сега вадевме изводи за да сме спремни за бебко, а пошто ќе се регистрираме понатака,може и догодина пак ќе вадиме. Дали во некоја друга држава вака кој што прави само изводи вади? @mssuniquee поднесете за изводи за сестра ти онлајн побрзо иде, таму да ти се слоши чекајќи,вака барем само за земање на изводот ќе го чекаат редот што е до камени мост
А може и по пошта до дома/работа го носат, мислам 100 ден плус. Јас така правев, за недела дена ми го донесоа, ни чекања ни ништо.
Мора лично она и маж и. Ако сака во Чаир, Бутел, Ѓорче мислам дека има побрзо и повеќе термини. Во главното може ќе има повеќе чекање. Изводи обавезно онлајн, никако шалтерски. За таму изводите и лични карти, ќе ги прашаат за промена на презиме и ср тоа, па на ден на венчавка ќе им биде спремен извод на венчани.
Јас денес чекав саат и 40 минути на дожд за извод. Си играат играчки со луѓето... Подобро по пошта да ви ги пратат за 100 достава. А пак за закажување датум не чекав ни минутка, немаше никој во тој момент.
Нас па никој ништо не ни спомна за презимиња, мислев на регистрацијата прашуваат. Датум, саат, вработен/невработен, да платиме и тоа беше тоа. Ни даде едно ливче и као пополнете податоци и си го пишав моето презиме . И сега гледам што сте пишале... На барањето требало да го пишам презимето идно или? Ако одам со време, ваљда можам да сменам?
Различно работат различни матичари. Јас кога пополнував барање прашав дали новото презиме да го внесам (дека сите што ги знам така правеа), ама ми рече матичарот старото да го ставам, дека ќе ме прашаат на денот на регистрација за презиме и тогаш ќе се изјаснам. После на регистрацијата си го кажав новото, и после неколку дена си го зедовме изводот на венчани, се' беше во ред.
Да, зошто изводот ти го даваат на ден на регистрација и таму го пишува новото/ додаденото презиме. На ден на закажување се тоа не прашаа, датум кој треба, вработен невравотен и така некои основни информации и не прашаа за промени во презиме. Дента на венчавка ни го дадоа изводот, а само онака ради процедура пак не прашаа за презимиња. Ние не пополнувавме барање, матичарката пополни се. Ние закажавме позади Stonebridge, само после моравме да правиме промена во друга општина ама тоа е небитно за муабетов. Како што пишаа, може има разлика од општина до општина.
Не знам дали ми е за тука прашањево, ако не е преместете го. За регистрација во странство, што документи ке ми треба да извадам од тука?
Во Швајцарија барат изводи на родените не постари од 6 месеца и интернационално државјанство (ако си со бг пасош се вади во Софија). Доколку те интересира повеќе за во Швајцарија сестра ми скоро поднесе во матично да ја прашам подетално за се?