За во Италија ми треба конкретно. Ми рекоа од амбасада интернационален извод и изјава за слободно стапување во брак, ама не знаеше да ми каже дали треба да се преведе во Мк во оваа амбасада или во Амбасада во Ит. Ваљда само тие документи се
Zdravo jas sum od skopje se omaziv vo veles e sea da izvadam licna karta vo veles treba da se odjavam od skopje i da se prijavam vo veles treba li ? Ili direktno vo veles da se prijavam i da si zakazam za licna karta ?
Би требало во Велес да ти дадат еден образец за пријава, еден за одјава. Јас бев во обратна ситуација, не правев ништо во мојот град, во Скопје кога отидов да вадам лична карта попунив све...
Dali nekoja sega brzo se registrirala i vencala? Dali pravevte neshto vo kafana (kako rucek) i kolku lugje imavte? Jas treba da pravam pa sum na misla shto kako A i bremena sum. Ubav den
Сестрата на мм сега ќе се регистрира. Ручек ќе прават. Нејзините, неговите и кумовите/старосватите. Околу 10 души вкупно. Инаку трудна е и таа.
Devojki ve molam dokolku ima nekoja informacija da pise. Dali sega so merkite ima maticno koe sto raboti za vikend i vo koe moze da se registrirame?Bevme pozadi stone bridge ni kazaa vencavaat samo sreda i petok i ne se soglasivme bidejki sakame da e vikend i da gi pokanime barem nashite.Otidovme do zgrada Nova makedonija ni kazaa deka otamu zakazuvale samo odenje vo restoran i se doplakalo 7500.Vo opstina kisela voda vencavaat samo raboten den od 14 do 15 i 30. Mi treba pristojna sala, kaj sto se zakazuva da ima termini za vikend
Јас колку што знам во Скопје само за работни денови регистрираат во матично, а опцијата за викенд е ако сакаш матичар на терен ко што ви кажале.
Во Ѓорче прашај. Сестрата на мм се регистрираше вчера таму. Во салата (ако добро разбрав поранешно кино) имало околу 20 стола наредени. Они отидоа сами со сведоците и фотограф и ги прашале па само толку ли сте.
Blagodaram mnogu za infromacijava Ke moze da prasas dali ima broj na koj moze da se javime i da prasame za termin ili ke mora da se odi licno tamu
Јас би ти рекла да се регистрирате и дома да си прославите најблиските во смисла родителите и сведоците. Не ти треба таков ризик особено не бремена. Ако ви е проблем за спремање може да си ангажирате кетеринг. @VioletMK Мора лично да се оди со личните карти, изводи и копии од лк.
Nekoja sega brzo da prashuvala za registracija vo stara komercijalna koi denovi registriraat ? Fala ubav den ;*
А дали изводите мора да се нови (не постари од 6 месеци) или си важат тие што ги издаваат како трајни?
Мој совет извадете си нови да не ве зезаат...знаеш кај нас како е, ние со дм извадивме нови за да не не зафркаваат ко ќе се роди бебче па да чекаме да трчаме тогаш...
А од прилика за колку време може да се закаже матично кога ќе се отиде? Во план ми е да одам др недела и да закажам што е можно побрзо...
Не би требало да чекаш многу. Ние кога отидовме да прашаме имаше слободен термин. Ама јас не сум од Скопје.