Здраво, дали може некој што во скоро време правел регистрација во матично да ми каже дали се чека многу за термин во Скопје? Сакам да закажам почеток на јуни но уште ги чекам изводите. исто така ме интересира ако има некоја да сподели линк каде можам да видам кои се цените за во работно/неработно време и работен/неработен ден.
Цени за да ти дојде во ресторан или дома ти е 8000 ден. Ама сега дали ќе најдеш термин што ти одговара, не знам. А за регистрација таму кај нив околу 200 ден плативме само.
Уживај, блиска особа пред некој месец се регистрираше па сеуште е кај нејзините, па и бебе таму ќе го однесе од болница. Милион фактори има, секој нека си тера како му одговара.
Пошто не било во ред да не живееш со него ако правиш регистрација. Сакам малку порано, да не биде се во еден ден црква фотосесија ваму таму, па си реков е ок да правиме порано али моите не ми дозволуваа така да, ништо. Фала ви.
Па девојче ти си решило да се мажиш и твоите ти кажуваат неможе да живееш со него или мора да живееш со него.Сама донеси си одлука.
Ако тој се согласува, нема што да ви се мешаат родителите, ни твоите, ни неговите. Не сте малолетни. Ако им попуштате вака да ви се мешаат, цел живот за сè нешто ќе ви се мешаат во бракот. Ако сакате да се земете, ако сметате дека сте спремни за таков чекор, тогаш треба и да знаете како да се однесувате кога се во прашање вашите родители. Треба да си поставите граница и да не дозволите туѓо мешање во вашите заеднички одлуки.
Богами да бев малолетна, не би се замарала за ништо но за жал не, имам 26 год. Планираме да правиме свадба догодина, а оваа година ќе правиме веридба па дури и зборевме за регистрација. На дечко ми не му е проблем и да живеам со него кај неговите а искрено не би сакала тоа, да не создавам проблем со неговите. А за живеењето имаме наш стан што е во изградба догодина ќе биде готов. Е моите не ми дозволуваат зошто било глупаво и срамота да не живеам со него после регистрација. Али одлучив од тоа ништо само да сме на раат ради проблемите од моите.
Во недела сме на регистрација, кумови сме. Регистрацијата ќе биде во ресторант. Бидејќи сме кумови, што се носи?
Здраво да прашам кога двајцата сте од различни градови може во било кој град да се закажи во матично за регистрација? Позз
Па зависи од градот во кој се мажиш, не знам дали е секаде исто. Од искуство ќе ти кажам, јас сум од Скопје, но сум мажена во Делчево и кога одев да мењавам лична карта ми дадоа две опции или да одам лично во Скопје да се одјавам од таа адреса или од Делчево од полицијата да чекам да пратат барање и да ме одјават. Јас втората опција ја одбрав и чекав околу 10тина дена за да ме одјават од таа адреса и да се пријавам на новата. Мислам дека и помалку ќе чекав зашто ме заборавија. И ја земав за помалку од една недела откако се сликав. А за возачката уште си чекам зашто толку ги бидува и тука. А за другите како здравствена книшка одма сменив, појдов до фонд за здравство со копија на венчани и новата лична карта и одма ми сменија. Ако е за презиме тогаш само идеш се сликаш и толку, ама мора да имаш копија од извод на венчани. А ако е и презиме и адреса би ти препорачала ако не ти се чека да идеш во полиција таму од каде што си да си се одјавиш од таа адреса и ќе ти дадат потврда и со таа да идеш да си смениш.
Јас чекав колку што се чека и регуларно за лична карта, 10тина дена. Во матично кога ќе склучите брак, автоматски ќе те заведат со новото презиме, после си закажуваш регуларно термин за лична карта, одиш со извод од матична книга на венчани/родени, лична карта од сопругот и твојата стара лична карта, си пополнуваш барање за нова лична карта, во него заокружуваш дека менуваш по основ на брак, и натака процедурата е иста како и обична промена на лична карта.