Kade se odi za sklucuvanje na brak za termin da se zakaze? Nekoja shto bila sega brzo ako moze da mi objasni Fala
Зависи каде сакаш. Ако сакаш во матично во центар, одиш таму. Ако сакаш во општини или на некоја локацоја (ресторан), одиш во општината каде што си. Бираш термини. Ние имавме закажано во центар ама после резервиравме ресторан, Ореов лад и од центар ни рекоа да подигнеме документи и да ги предадеме во општина Ѓорче
Треба ли бидермаер за во матично? Сега ќе се регистрираме само во матично, а свадба ќе правиме на лето.
Здраво дали некој се во брзо време се регистрирал во матичното што е во музејот на вмро, некаде прочитав дека во сабота не венчавале..
После промена на презиме во лична карта и пасош (само презиме од сопругот), може ли да се додаде и моминското?
Здраво, дали е точно дека ако сакаш матичарот да дојде да ве регистрира надвор од матично се плаќа над 9.000 денари?
Не.Законски ти е заведено тоа презиме.Ако сакаш да си смениш треба цела процедура,да си поднесеш документи дека сакаш да смениш презиме.
Здраво, дали некој се регистрирал во матично сега скоро и дали сеуште бараат изводи од родени не постари од 6 месеци? Прашувам бидејќи наидов на оваа статија: https://meta.mk/nema-da-se-baraat-i...dluchi-uvmk-po-istrazhuvanjeto-na-portalb-mk/ И плус изводот нарачан и платен пред точно еден месец, не ми го доставуваат сеуште. Најверојатно е изгубен.
Ако си го платила онлајн, не си ни регистрирана да го изготват. Ми се случи истото пред некое време, па се расправав таму да го добијам, се изначекав месец ипол, плус врски барав да не чекам пак цел месец. Работат од 10.30 до 14.30 тие шалтери. Среќно.
Знам, не е прв пат истово да се случи. Џабе расправање, дополнителни трошоци и нервози. Уште викаат испратен бил, а нема врска. Не знам како може човек да регистрира брак, а да не пројде толку време. А барањето за извод не постар од 6 месеци не е законско, ниту е дефинирано во Законот за семејство од министерството за труд и социјала.
Здраво сакам да прашам околу матичново, сакаме да биде во центар кај триумфална, е сега што треба прво да направам да отидам таму директно па они да ми дадат насоки или како?, нигде неможам да најдам број за контакт
Да споделам повратна информација, точна е информацијата, може да се закаже и со постар извод, се додека позади има печат за неограничено важење. Немаше никаков проблем.