Ќе однесеш документи и ќе закажеш термин ако сакаш таму да се венчаш. А ако сакаш на друго место, друга општина тогаш си носиш документи и бараш термин во општината.
За склучување на брак надвор од матично се плаќа 7400 ден за викенд и државни празници, а во работни денови 3700 ден.
Треба да го има на задната страна на секој извод издаден по 2007 година. Дека изводот е документ од траен карактер с неограничено важење.
Читајќи на темава проверив иначе ќе одевме да вадиме. Мојот е изваден 2009 а на партнерот 2012, и на двата на задната страна има печат за неограничено важење. Тоа е тоа? Штом ги имаме, останува лично да одиме да закажеме термин, сакаме во ресторан? На кој број да се јавам за инфо, да не искачаме од работа?
И јас имав извод извадено две години отприлика пред да отидеме во матично да закажеме и мислев дека со тој ќе завршам работа. Но, тетката на шалтер ми објасни дека морало да е нов, како тој од пред две години, јас во меѓувреме може сум се омажила, па развела итн. Ова 2019 година зборам, имаше и тој печатот што го зборите и пак не биваше. Јас би пошла да прашам што им треба, зашто никогаш не можеш да знаеш со институцииве.
Денес во 15:00 имаме закажано за регистрација и ме интересира за матичарот треба само бонбоњера да се однесе? Некако ми е без врска да ја отварам таму да ги почастам и сведоците па отворена нив да му ја оставам така
Што толку му ја мислиш за матичарот жити се? Инаку ќе ја отворате, ќе почастите и си ја оставате ако ти е мерак.
Па не знам си викам и онака ќе бидат само сведоците со нас (ние после тоа ќе одиме ручек) на матичарот така да му ја оставам само да не ја отварам воопшто
Абе како ти е мерак, така прави, нема правило. Тоа е најнебитен дел да ти одзема време од денот. На вас нека ви е со среќа
Купи две, со една почасти а другата на матичарот дај му ја.. Не биди стипса за 150 денари.. Со среќа нека ви е..
Здраво, Законски следат 3 дена за граѓански брак, како го регулирате тоа на работа? Мене ме упатија во тимот да прашам за деновите, да се консултирам, по што испаѓа фирмава / претпоставените над закон??? По мене доволно е да ги известам а ме да барам дозвола
Јас потполнив барање за денови колку да имаат црно на бело во човечки ресурси. На самото барање имаше наведено по кој основ ќе отсуствувам.
По кој основ ќе ти ги дадат тие денови ако не поднесеш барање за слободни денови и причина зошто ги бараш. Точно по закон те следуваат ама и тоа треба да се оправда.
Не ја знаеш атмосферата кај мене на работа, се што е законски го прават дека е нивна добра волја, мешаат едно со друго, па така и сега. Едно е да им наведеш по тој и тој основ ги барам за слободни денови тие и тие, а сосема друго е ве замолувам да се разгледа и одобри моето барање за законски денови по основ брак, и истото до 5 души за одобрување... Мислам ту мач.
Јас ти одговорив бидејќи имам искуство со такви барања за слободни денови. Точно по закон те следуваат меѓутоа и тие правно да се заштитени. Стрикно за свадба не сум имала искуство, но за раѓање на дете да. И знам дека треба да однесеш после извод за новороденче, па затоа прашај си што документи треба да однесеш, да не им е потребно извод од матична книга на венчаните. Не ме сфаќај погрешно тоа е од правна гледна точка.