Може некој да ми каже која е всушност процедурата во матично? Доаѓате на закажаниот датум со сведоците / кумовите и... нешто чита матичарот, прашува пред да се потпишете? Колку трае целата „церемонија„? Последно сум била како дете пред 25 години, не паметам ништо, а би сакала да знам.
Мхм. Идеш на закажан термин, седнуваст младрнците и сведоците, им зимаат обично лични карти, читаат нешто кратко за институцијата брак, прашуваат дали стапуваат во своја воља, за презиме кое, дали се во роднинска врска, дали се познаваат доволно...последниве ги прашуваат и сведоците. После се потпишуваат сите 4, честитање и тоа е тоа. Самиот чин е прилично брз, да речеме 10 мин.
Иако веќе ти објасниле процедурата и јас ќе кажам.Значи,на се и сите викате ДА, ДА, ДА освен на едно кое е НЕ,концентрација и добро расположение се обавезни!
Почнаа со работа господава или уште протестираат? Закажав венчавка во црква и денот кога сакав за закажам матично, почнаа со протести.
Ма јок Бар нас ништо не не прашаа у врска со тоа, уствари нас ништо не не ни прашаа. Се потпишавме само и тоа беше тоа.
Дали се плаќа ако сакам во сабота наместо да одиме во општина, да дојдат во ресторан тие? Законски, колку време имам после тоа да сменам документи?
Да, во било кое матично можеш да закажеш. Да, сумата зависи од локацијата кај што треба да дојде матичарот, ама од 100 евра нагоре е. 1 месец е рокот за промена на документи.
Дали некој се регистрирал во странство поточно Германија? Сакам да прашам нешто,ако има некој таков нека ми пише слободно.
100 денари за административна такса и 50 денари за управата, можеш таму директ со картичка да платиш кога ќе закажуваш. https://uvmk.gov.mk/склучување-на-брак-и-издавање-на-извод/