Како што ти пишаа погоре. Низ ГТЦ има фини бутици, сега има голем избор на бели фустанчиња, зошто доста невести имаше што бараа вакви. Мојата беше во сред ковид, тогаш едван најдов од некој бутик во Ку. Имаш и во Приштина и Феризај онлајн, Lenti, Diva, Arsenal...
Здраво ме интересира дали може да се јавиме и да закажиме датум за регистрација во матично или мора лично таму да одиме и дали може со пасош
Дали со маж ми мора да сме на иста адреса? Сега ќе одам да менувам лична карта а со тоа и адреса, он се води на една адреса, а живееме во стан на друга. Дали можам да ја запишам оваа адреса кај што ни е станот, или морам таа кај што се води он цел живот? и дали знаете дали некој документ треба да носам за станов, бидејќи не е на наше име.
Јас кога менував носев само извод од венчани. Ама живееме во куќа на негово име и сме на иста адреса. Ако сте веќе на друга адреса каде никој од вас не е сопственик , незнам како би идело. На некој начин во очи на закон да кажам сте кираџии. Најубави да сте на иста адреса, зашто другачие е сопственикот на станот да ви даде документ дека жувеете таму, и ќе треба данок да плаќа за тоа. Ова вака мислам дека беше.
После промена на презиме освен лична карта и пасош и во банка што треба да се смени друго.. прашањето ми е дали треба нова здравствена книшка, извод или што и да е друго. :/
Во фонд за здраство треба да идеш да ти сменат податоци за утре да немаш некои проблеми за трудничко ( јас уште не сум била а поминаа 5 месеци). Е сега и јас би сакала да знам дали треба скроз нова книшка или во истата само ќе шкртнат и променат.
Здраво Во потрага сум по или некое фустанче пресечено или кошула бела. Ми треба само за регистрација. Нема да има прослава после тоа. Помош каде да најдам. не сум по шетањето. Величина 44 некаде
Feminki, jas i verenikot ne sme od Skopje no vo Skopje zhiveeme vo stan koj glasi na moe ime. Po lichna karta ushte se vodam kaj roditelite. Sakame da se registrirame i da smenime adresa na zhiveenje na stanov na moe ime koj glasi e sega prashuvam 1. Dali na baranjevo za skluchuvanje brak vo delot so adresata na zhiveenje mozhe da se stavi adresata na stanot vo Skopje 1.1. Dali voopshto smeeme vo Skopje da se registrirame so ogled na toa deka oficijalno ne sme zhiteli na Skopje? 2. Kako da se izregulira/izbegne duplo vadenje dokumenti: smena na lichni karti zaradi smena na prezime, zhitelstvo vo Skopje na dvajcata? Kako sovetuvate? Vi blagodaram
Девојки, колку е рокот за менување на лична карта и пасош после регистрација? И дали може да се патува со стариот пасош или лична карта?
Никако патување...кога ќе одиш да го смениш новиот пасош те праќаат во гранична контрола да проверат дали си патувала со стариот пасош
Хајј на сите ! Сакам да прашам дали изводите што ги носевме у матично да закажеме за регистрација ги враќаат или задржуваат кај нив?Денес бевме и тој вработениот ги задржа и плус дека биле постари од шест месеци немало проблем бидејќи биле со неограничено важење.Е сега и сакаме во ресторант да дојдат па цената е над 100 евра, дали дека викенд или секогаш било така?На лице место кога закажуваш треба да се уплати и дали де потполнуваат некакви барања и слични ствари?И имам уште едно прашање дали кога ќе го додадам неговото презиме во лична карта ќе ми бидат двете ? Во смисла ќе морам да поднесувам ново барање за вадење на лична,возачка,дебитна картичка и сите тие документи?
Ќе треба да ги промениш сите документи со ново презиме и адреса доколку ја менуваш и адресата. За другото не би знаела да ти одговорам.
Ние имавме изводи не постари од 6 месеци не ни ги задежаа. Кога закажуваш кажуваш кој датум сакаш, чекаш два три дена да ти се јават дали има слободен матичар. Ако има уплакаш 7400 и нешто... ( за викенд) а мислам дека во работен ден беше поефтино ( ова за надвор од просториите на матична служба ) прво менуваш лична карта, возачка, пасош ( мене во еден ден за се ми закажаа) после идеш у банка и менуваш и здравствена книшка. Рокот е еден месец. Јас пред 3 месеци правев свадба, не би требало да е нешто сменето
На нас не ни ги вратија изводите. На лице меато кажуваш каде сакаш да дојдат, се догпварате, за барање не сум сигурна. Во л.к, пасош, возачка ќе бидеш со 2 презимиња и ќе мораш да смениш документи.