Јас не чекав ни една недела. Фатив врски и ми дадоа термин. Без врски многу се чека. Некои што ги познавам закажуваа и година однапред.
Навистина не знам што да носам на регистрацијата, ја закажавме за трети декември, долг или краток фустан, бел или некоја друга боја?
Zdravo mene me interesira dali imate brojce od maticno centar sakam da se javam da prasam dali ima slobonen termin na datumot sto sakame da se potpiseme
Потребни документи за во матично се извод од матична книга на родени(за двајцата)и лични карти! Избравме датум,матичарката,ни го одреди часот. Тоа е се!
Имаме едни пријатели со дечко ми мн се дружиме. Следниот месец ќе прават веридба и регистрација и не одбраа нас да им бидеме сведоци. Тие си имаат одбрано кум. Мене ме интересира нели е се тоа со кум и старосват поврзано и во матичното или може кој сакаш да ти се потпише. Пошто они уствари сакаат само да се потпишеме да бидеме сведоци. И ме интересира имаме ли обврска ние како сведоци да купуваме нешто ( чаши, шампањско, бомбони, цвеќе, некои поклони...) ? Јас се си мислев дека кумот и старосватот треба да се потпишат во матично. Може ли некој да ми објасни
Може кој било да се потпише. Дали се купува нешто....? веројатно... Најдобро младенците да си ги прашате како замислиле да биде и што очекуваат.
Цвеќиња и благо добивме од сите ние, скоро правевме само регистрација, додека на веридбата која ни беше пред тоа имавме поклони од најблиските.. Сведоци можат да бидат кој ќе си одберат младите, се надевам дека помогнав..
Ние бевме во иста ситуација, свесно. Така испадна односно така ни беше кејф, да некој ни потпише, било кој за са утре кога се венчавме во црква си дојдат баш правите кумови. Исто така потпишувавме и ние, тоа ти е есен начин на помош како да кажам да ти се најде некој човек у ситуација. Ние со тие што потпишаа немаме ни веќе контакти никакви. Порано бевме пријатели. Ги замоливме да потпишат само за да ни се најдат во ситуацијата. Јас и купив шампањ и така поскапи штосни бомбони а они на мене постелнина една едно мало украсче и цвеќе. Толку беше, тоа како за почит да не е без ич.
Овде во Тетово па ич не се чека за регистрација . Одиш , си закажуваш . Се потпишуваш на датумот одреден за регистрација и си тераш работа . Јас и маж ми бевме сведоци кај кумојте , носевме бонбоњера и цвеќе . Кумата носеше комплет кралско син . Јас за мојата регистрација имав фустан стато злато со црна чипка одозгора како везени детали , и црн тул беше долниот дел на фустанот . Должина до колена ( јас трудна дека во 8ми , дојде пократок ) и крем штикли .
Денот кога ќе се потпишеш е твојата свадба. А дали биле 15 луѓе или 250 е најмалце битно. Тој ден е твој и ќе се облечеш ти како сакаш. Дарувањето е адет, кој како сака си го исполнува. Јас дарував на веридба. На свадба немаше адети. Напрајте си го денот онака како што сакате со партнерот. Тоа е ваш ден.
Здраво феминки сакав да ве прашам дали изводите мора да се непостари од 6 месеци при закажување за регистрација или може со стари само да се со печат позади од 2000г па невака?фала ви
Искрено незнам, логично е да може било кој извод од денот на раѓање па навака, еднаш се раѓаме, а не на секои 6 месеци, иако нема да ме изненади и да бараат не постар од 6 месеци...