Zdravo dali e potrebno nov izvod za da se zakaze za vencavka , gledam na stranata im e trgnato , pisuva licna karta samo , i isto dali vencavaat vo nivni prostorii sabota ili nedela?
Здраво на возачката сум со моминско презиме, а на пасош и лична карта со од сопругот, дали има проблем да возам така надвор од мк поточно во грција?
Мислам дека да ,кога ќе се промени презиме мора да бидат сите документи за лична идентификација да се сменети во рок од два месеци.
Здраво, сакаме да одиме да закажеме матично за да ни биде во ресторан. Дали на закажувањето на терминот се носат документи и што поточно се носи? И колку е разлика помеѓу регистрирање таму и во ресторан? Фалаа
@Dodo1 , ми поминало времето за редактирање. Не знам која е цената ако се регистрирате таму. Ова го видов залепено сабајле таму
Ете членката погоре ти дала ценовник за склучување брак надвор од службени простории а за таму е нешто ситно...зависи од општината, во мојот град матичарот користи просторија од Општината и за нејзино користење во 2018 плативме околу 500 ден плус пари за изводот на венчани, изводите на родени и 150 ден административни такси...значи помалку од 1000ка...сепак јави си се во матичното одделение најубаво
По промена на презиме, законски по 30 дена мора да имам закажано за лична карта, возачка и пасош? Освен овие 3 се менува и здравствена книшка и нешто во банка?
Па, по правило треба за 30 дена. Додуша, казни нема ако не се држиш до рок, ако мислиш на тоа. Јас не менував толку брзо. Л.к сменив прво, по некои 2-3 м, па после 1 год пасош... Во банка треба да пријавиш промена на податоциз јас на шалтер тоа завршував, ми дадоа док.за пополнување. Книшка не менував, ако за осигурање ти значи можеби. Мене ден денес не ми е сменета, никако да дојде на ред од што не ми се чекаат редици.
Здраво како оди процедурата сега за промена на сите документи во мвр? Дали само закажуваш термин за сликање или требс и нешто друго?
Дали во странство, конкретно во некои земји има закон мажот и жената да завршуваат на ски, во однос на презимето.Според тоа сакав наставката да ја променам на неговото презиме што го додадов во женски род, сега сакам на ски да ми завршува.Која е процедурата?Сеуште немам променето на личните документи, освен изводот на родени и венчани.
Здраво феминки поднесов електронски Барање за издавање извод од матична книга на родени, поради регистрација во матично. Сакам да прашам како ве известија од Управа за водење на матични книги кога изводот е готов?
Имаш и опција за 150 ден да ти го донесат дома. Јас и маж ми така направивме кога вадевме за изводи за матично
Здраво девојки На 24ти овој месец ќе се венчаме. Сакам да прашам кога бевме да закажуваме го кажав презимето на сопругот Илиевска, но сега сакам да биде Илиевски. Дали ова може да се корегира или нема шанси дека веќе сме платиле? Инаку ќе се венчаме во главното подрачје. Ви благодарам.