Зарем не се додава она на сопругот? На пример Анѓела Михајловска кога ќе се омажи и го додава тоа на мажот и е Анѓела Михајловска Тралалајковска?
Е нема се предомислив, сега има цела постапка од ново.Поднесува за промена на презиме и го менува,со матичното завршиле.
Имаш право на избор те прашуваат сакаш истото да ти остане,да го додадеш неговото,да го земеш неговото или ако сакаш Трајков си бараш да си Трајков ама се тоа е кога се пополнуваат документите на денот на венчавката веќе се е изготвено.
Да си кажам како биднаа работите. Се породив малце после термин, во болница се чудеа дека различно презиме имам со бебето, па објаснував зошто е тоа така (стара лична карта). Се јавив на бројот за термин и ми кажаа дека нема пак порано термин за сликање и дека немало да е проблем за документите. Маж ми поднесе барање за извод на бебето и после 10 дена требаше да е готов, но го вратиле дека од МВР немале изготвено матичен број за бебето бидејќи не сум била сликана со новото презиме. После сликањето бев да им однесам потврда дека сум сликана (ливчето за л.карта) и ја продолжија процедурата и го земавме изводот од бебето. А никој не не извести дека тоа ќе е проблем, маж ми 3 пати беше да провери за изводот и едвај ги натера да ја дознаат причината. Па и мене ме праќаа да направам копии од ливчето...
Во општина Илинден. Барем до минатата година, ако не најдеш друга опција можеш да се јавиш да прашаш.
Женски за закажување матично таму кај нив да го правиме без да доаѓаат во ресторан како е постапката?
@deteriora гледам дека нема никаков одговор на прашањата, а и мене ме интересира истото, буквално во истата ситуација сум тотално. Дали некој има инфо ве молам?
1. Во барањето за брак се пишува адресата од лична карта. 1.1. Ќе се регистрирате во градот во кој имате адреса на живеење. 2. Не може да се избегне дупло вадење документи. Откако ќе се венчате ќе смените документи. Или... Прво да се извади лична карта со адресата од Скопје, па после менувањето на документи ќе оди полесно. А и така ќе можете да се регистрирате во Скопје.
Нема врска од каде сте, може да се регистрираш каде сакаш во Мк. И ние не бевме со адресата Ск па се регистриравме тука, никој не ни бараше овдешна адреса. Ко ќе поднесуваш барање во матично адреса пополнуваш од тековна лична карта, матично нема врска со мењање адреса подоцна, мењаш лични документи само ако смениш презиме при склучување брак. За адреса потоа ќе си регулираш во Мвр, ќе си однесеш документи дека станот е на твое име и ко ќе вадиш нови лични документи ќе пополниш таму барање за нова адреса, а ќе се одјавиш од старата.
Хеј девојки, имам едно прашање Вака дечко ми е од Струга, јас сум од Охрид, сакаме да закажеме венчавка во општина Охрид а воедно тука и ќе живееме. Е сега дали е тоа возможно пошто он на адреса на живеење се води во Струга, и дали по склучувањено на бракот тој може да ја пише мојата адреса на живеење во Охрид на лична карта, без некои дополнителни правни постапки, обратно од она традиционалното кога жената ја прифаќа адресата на живеење на сопругот? Ви благодарам многу однапред
Devojki zdravo. Me interesira kako odi procedurava za maticno. Dali treba dvajcata da odime da podneseme ili moze bilo koj od nas dvajca. I uste nesto me imteresira kako odi so terminite. Za kolku vreme ima termini,dali se ceka mmogu? Vi blagodaram
Јас сама бев да закажам (мм не беше тука). Треба извод од двајцата не постар од 6 месеци. А за термини сега не знам колку се чека, зависи и во кој град.