Јас само со извод на венчани извадов. Не ни имам нов извод извадено, последно вадев пред свадбата, бидејќи за поднесување пред матично ми бараа да не е стар изводот.
Мене сепак ми побараа и нов извод од родени со новото презиме, кажаа дека за лична карта потребен е и извод од родени, за пасош само извод од венчани може, јас и презиме и адреса сменив.
Поднесов барање за изводот да ми го испратат на домашна адреса. Знае некоја отприлика за колку време би го добила?
Луѓе помагајте, се регистриравме 01/06 до сопругот, го задржав неговото презиме. Сега треба во понеделник да се сликам за лк, меѓутоа ми е криво за моето и некако идентитетот ми мислам си го губам го сакам и моето. Каква е процедурата?! Мора ли прво да се сликам за лична карта па да чекам барање да ми одобрат 30 дена
Презимето не е мерило за идентитет. Џабе ќе се сликаш ако сакаш да менуваш пак презиме, ако те разбрав сакаш да го додадеш неговото на твоето. Прво тоа ќе го решиш,не знам точно како оди постапката за менување и колку трае, па после тоа ќе извадиш нов извод од венчани со таа забелешка, па нов извод за родени со приложениот извод од венчани, па дури после лична карта и пасош. И нема искачање од државата со пасош со моминско презиме, моја другарка си плати казна. Пва чисто информативно дека сезона е
за менување на лични документи има рок од 30 ден ... прашај си каде даваат изводи од венчани за промена на презиме што и како ке ти треба , јас кога ги менував личната и возачката ми бараа извод од венчани и за мене извод со новото презиме.