И ние во Ѓорче. Јас од Бутел, мм од Ѓорче. Ама тогаш ние кога се регистриравме, нешто не работеа, па врски таму наоѓавме. Хаос беше тој период малце.
Ќе се регистрираме во матично но сеуште не знаеме дали ќе правиме свадба. Па сакам да прашам за во матично дали и што се дарува на кумовите/старосватовите и обратно, дали и што даруваат тие на младоженците?
Во матично имате двајца сведоци и тоа е тоа.За црковна венчавка ви треба кумови и старосвати..Нормално вие може да ги поканите да дојдат, ама немаат улога, и не сум чула за таква пракса дарување на регистрација. Сум видела дека се носи цвеќе/аранжман за невестата.
Јас и сопругот бевме старосватови. Прво беше регистрацијата, па после една недела свадбата. Тогаш бевме дарувани. За регистрацијата однесовме цвеќе за невестата.
Не, не се даруваат кумовите/старосватите. Во глобала, некои ги викаат во матично кумовите, некои не. Ние ги викнавме. Инаку не носат ништо, само на честитање на нас пари ни даваа гостите кои ни беа таму. Инаку јас како што знам кумовите, деверот и старосватовите се даруваат на денот на свадбата.
Малку глупо прашање, ама дали на регистрација цвеќето за невестата треба да е мал бидермаер или може било каков букет?
Не знам викам да не има некоја нова мода, знам дека на свадба се даруваат ама да си прашам за сигурно. Тенкс секако на одговорите.
Како поклон и го даваш или прашуваш што она би си земала? Јас на времето имав мал бидермаер, поклоните цвеќиња ми беа различни, ама повеќето беа обични букети.
Општо прашувам, како е правилно и дали воопшто постои 'правилно' или кој како сака, пошто сум дудук за обичаи. Од други што имам видено сликани со бидермаер во матично (без да прават свадба истиот ден), а имам видено и сликана со поголем букет. Валјда голем букет е како поклон од гостите, а бидермаер претпоставувам која сака сама си купува пошто таква е симболиката, баш вака ти како што си направила.
Е така да, не дека има некое правило, кој како сака си прави. Ако има фотограф за матичното, многу се поубави сликите, не е бидермаерот само за да се "фрла" на девојки подоцна, лично и поубав е на слики како што кажав, мало букетче со околу 10 ружи, пример.
Можеш каков сакаш, јас носев мал бидермаер со 11 црвени ружи. Јас не носев извод ако прашуваш за регистрација, од општина ми рекоа дека општините се споени (ние сме од два разни градови со мм) и сами си снабдуваат документи што им треба, само лична карта однесов.
Еве прочитај си тука, ова е од кај нив сликано: Пријава за пополнување и уплатница, за да си пополните и уплатите пред да поднесете каде сакате да дојдат матичарите: