Zdravo Ke ve molam da mi kazete sto se nosi za registracija vo maticno? Znaci svadbata ke bidi pokasno a sega samo potpisuvanje. Dali e dovolno cveke i bombonjera ili treba nesto plus?
Како гостин ќе одиш? Ако да, цвеќе и благо е сосема доволно,секако кога ќе се прави веселбата покасно ќе си носиш подарок.
Здраво, Дали некоја има информација дали свечената сала за венчавки во општина Ѓорче Пертов се уште се наоѓа во Центар за Култура или е преместена во општината?
Здраво, дали некој може да ми каже дали мора да има регистрација во матична служба во градот/општината на живеење заведено во личната карта на идниот сопруг, или може во друг град да се направи регистрација. На пример јас и мојот иден сопруг сме од Струга на лк пишува Струга, но моментално работиме и живееме во Скопје, па планираме во Скопје во матично да закажиме термин.
Здраво. Една моја блиска личност пред некој период чула дека доколку сопружниците до 3 години не се регистрират(а живеат заедно) следува казна за тој што не сака да се регистрира. Што мислите за ова, дали е точно? Таа веќе 3години откако живее со маж и, но тој несакал да се регистрира, само одложувал, бидејќи имал многу имот и не сакал да го дели со нејзе. Катастрофа... Тоа веќе не личи на брак, не требало да ја земи ако нејќе да дели се со неа, туку не е мое да се мешам. Ме замоли да се распрашам за дали е тоа точно, па затоа пишав овде.. Заборавив да напоменам, и двајцата се повозрасни(не се работи за млад брачен пар).
Нема таков закон кој со сила ќе те натера да се регистрираш. Има луѓе што цел живот го минуваат во вонбрачна заедница, па не сум чула некој да бил казнет за тоа.
Имотот што го стекнал пред брак е само негов. Идната сопруга нема право да бара дел. Се зборуваше едно време дека ќе има казни, ама ништо од тоа.
Добро, како може некој постар од 15 години да верува во вакви глупости? Не може со закон да те нетерат да се венчаш ниту во црква а уште помалку во матично. Друго, тој не ја зел неа, тие се дечко и девојка, а доколку не сака да дели со неа неговиот предходно стекнат имот, тоа е тотално негово право и нема лутиш, напротив може да размислат за предбрачпен договор.
Имотот што го стекнал пред брак би бил негов и доколку се во брак. Само имотот стекнат во брак се дели.
Истото и јас го кажав, знам дека не може да постои таков закон, ама велам сепак да прашам. Таа не го ни сакала неговиот имот, ама ете сакала да се регистрираат, а и било криво бидејќи тој никако не сакал. Ниту пак со предбрачен договор прифаќал.
ЗАКОН ЗА СЕМЕЈСТВОТО Член 13 Заедница на живот на маж и жена која не е заснована во согласност со одредбите на овој закон (вонбрачна заедница) и која траела најмалку една година, е изедначена со брачната заедница во поглед на правото на меѓусебно издржување и имотот стекнат за време на траењето на таа заедница.
Апсолутно кај сакате може, татко ми беше матичар и венчаваше луѓе еднаш дојдени од Тетово, Тетово-Марвинци (Валандовско) не се воопшто блиску па средија.
Za brak treba izvodi ne postari od 6 meseci I fotokopii od licni karti od dvajcata I naranjeto se plaka kaj niv so karticka jas denes stapuvam vo brak so srekja na site
Многу малку, мислам дека 200-300 ден беше. Дури и реков и на матичарката дека е многу ефтино да се омажиш.