Во матично одиш и се договараш. Во општина не плаќаш, во ресторант да го викнеш во ист град ти е 4.500мкд плус ти бараат 500мкд за под рака на матичарката, а да го викнеш во друг град ти бараат 14.000мкд.
Мене ми побараа 6500 денари. Во Скопје, во Драчево. Онлајн закажав инаку и се онлајн платив. btw.. ова прашање можда е прашано неколку пати ама пак после матичното, откако ќе го сменам презимето, колку е рокот за промена на сите документи? Дали тој рок е строг и за пасош?
Во рок од 30 дена треба да ги смениш по правило. За адреса ако си од различни општини т.е разни градови се чека 1 месец, а ако си од ист град не чекаш ништо само менуваш. Инаку се менуваат исто како за вадење нов пасош, 10 работи дена, само имаш некои плус процедури кога менуваш потписи, ти бараат некои плус потписи. Ќе ти кажат во полиција, во главно се средува за 1 ден.
Пасошот можеш да го смениш кога ќе имаш во план да излегуваш од државата. Не мораш во рок од 30 дена.
Можеби да пробате во илинден или ѓорче тоа матично, ние денеска закажавме во матичното после камени мост што е ни кажаа само четврток и петок закажуваат сега по ново салата им е кај триумфална капија таму венчаваат.
@BellaBibi Да не знаеш во Ѓорче матичното дали склучува брак во понеделник? @sarki тенкс Да затоа прашувам, Маџари на пример беше среда и петок ми се чини...
Девојки, дали нешто им се дава на матичарите во смисла бонбоњера кафе по самото потпишување ? ние ќе се регистрираме во нивни простории па не знам како е практика? Или само бонбоњера се отвора на крај за да се почастат присутните и матичарите?
Здраво на сите. Со денови барам на интернет, chatGPT за кои сѐ документи ми требаат за да го пријавам бракот склучен во странатво. Јас сум со македонско дежавјанство, а жена ми е државјанин на ЕУ. Од секој извор добив различен одговор. Дали некој знае што се треба да имам од документи за да го пријавам сам ( сопругата нема да биде во Македонија ). Ви благодарам однапред
Здраво женски, сакав да прашам јас имам платено и закажано онлајн за скучување брак на терен. Сега венчавката ми е за два дена. Дали треба да направам нешто плус или да чекам да дојде матичарот некако не сум сигурна дека ќе дојде.
Здраво, Која е цената за матично во ресторан? Не сум сигурна ама дали уште важи за поевтино прва сабота од месецот?